RE: Дали постите? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


vezilka RR -> RE: Дали постите? (11.3.2013 16:09:55)

Јас никогаш не сум постела, атеист сум. Ама мажле веќе неколку години (од пред да останам трудна, хе,хе се зарекол тогаш) пости и автоматски дома сите посен ручек имаме. [sm=jezicek.gif] Така да значи јас посно ручам [sm=smiley36.gif].




Палешка РР -> RE: Дали постите? (11.3.2013 17:54:57)

Само во петок.




niki -> RE: Дали постите? (11.3.2013 17:57:59)

ne sum vernik pa ne postam
no otako smenivme rezim na ishrana jadam mnogu pocesto posni jadenja a se pocesto mi se potrefufa i cel den da bidam na posno




cacisk -> RE: Дали постите? (11.3.2013 18:01:42)

Jas postam samo 2 dena pred Bozik, i dva dena pred Veligden, i toa so sila bas togas se mi se jade.




Џесика -> RE: Дали постите? (11.3.2013 18:21:33)

Јас постам секој петок, и за строг пост. Најчесто кога постам ми е дури и непријатно затоа што сметам дека не „постам“ вистински, со тоа што знам и да опцујам, и да се испокарам и лошо да помислам, и се чувствувам како да ми е цел труд пропаднат во вода, затоа што не е тоа правилен пост за мене, ако постиш само со храна, а духовно си „мрсен“ до гуша [sm=smiley36.gif]




Maca25 -> RE: Дали постите? (11.3.2013 18:39:36)

Не сум се зарекла никогаш дека ќе постам, затоа што знам дека несвесно ќе се омрсам. Мајка ми пости 18 години секој петок за здравје за мене.




Ikana -> RE: Дали постите? (11.3.2013 18:43:43)

И мајка ми знае да пости некогаш и без зејтин, јас до сега само трите дена пред Велигден сум ги постела....




kuklicka26 -> RE: Дали постите? (18.10.2013 11:29:27)

И јас потекнувам од семејство кое никогаш во животот не постело и ми останало замрежено во главата ние не можеме да постиме.Татко ми кога почина почина во најстрог пост и цело време му се пагаше посно за раздавање.Од дома иако немам некој култура за црква јас многу верувам редовно одам се молам си купувам обавезно за здравје од таму по нешто јас носам дарови за здравје но немав никогаш постено.Ми се насобраа многу многу лоши работи и одлучив претходниот петок да го испостам ама баш како што треба без пцуење и лоши зборови,пост и од телесни и духовни задоволства и навистина многу многу поубаво се чувствувам и маж ми ми се прилкучи во постот.И еве денес е пак петок о пак ќе постам и денес.Многу многу ми се смири душата и поубаво се чувствувам.




AneLav RR -> RE: Дали постите? (18.10.2013 11:42:57)

Убаво за тебе штом си решила да постиш баш како што треба да се пости. Јас обично не постам од тие причини или прави го нештото како што треба или ич не го прави. Значи кај мене дома додека бев девојка се постеше обавезно на Бадник, на велики четврток и заради бабата откога почна да живее со нас во петок. Сега со маж ми се трудам само на велики четврток и на Бадник да постам.




bucko mal -> RE: Дали постите? (18.10.2013 11:54:33)

Posleden pat postev za Veligden pred 4,5 godini edna nedela,sega postam na Badnik, na Veliki cetvrtok.
Za drugite praznici ako slusnam deka e posno ke napravam posen rucek ali drugo nesto mrsno si jademe.
Poteknuvam od semejstvo kade mnogu se obrnuvalo vnimanie na tie raboti I sekoj praznik se pocituval so site adeti.
Mene zivotot me odnese vo drug pravec I se pomalku mi se gubi vrednosta na praznicite vo sekoja smisla.




deluxe -> RE: Дали постите? (18.10.2013 12:23:57)

Постам редовно за Велигден = 7 недели,и за Голема Богородица= 2 неделниот пост.Оваа година постев и за Петровденските пости,единствено немам постено за Божиќ,здравје понатаму.Верник сум ,не се сметам себе за голем верник,но се трудам да ја зацврстам верата кон Бога преку пост и молитва[sm=smiley1.gif] Телесниот пост можам без проблем да го испостам,додека духовниот е многу тежок,да пробаш да го контролираш мозокот според правилата на Бог.Додека едноденевните пости во Петок и Среда се трудам да ги постам ете нз зошто,седум недели издржувам да испостам,додека еден ден може да згрешам[sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Дали постите? (28.11.2013 14:09:29)

Postam za veligden i toa nekolku dena,i za Bozik
Od denes pocnaa Boziknite posti




elenak -> RE: Дали постите? (29.11.2013 0:00:27)

Јас не постам и не се чувствувам вина заради тоа. Едноставно постот е чистење на организмот, според мене нема врска со тоа дали си верник или не. Верник сум ама едноставно тоа не е за мене. Постам само еден ден, на Велики петок и тоа едвај издржувам, психички се оптеретувам цел ден претходно дека утре треба да се пости и дека морам да внимавам.




mommy_angels RR -> RE: Дали постите? (29.11.2013 8:33:03)

Велики петок и Бадник ги постам,зашто така сакам.Друго не, заборавам дека треба па затоа не се ни зарекувам. Мене ми е поголем грев да се заречам па да не испочитувам,отколку воопшто да не почнувам. Постот не покажува колкав верник е еден човек,верата е во душата и срцето ,а не во мислата на другите за нашето однесување.




Bethany -> RE: Дали постите? (29.11.2013 9:26:36)

Јас повторно почнав да постам - секој четврток. Така одредив некој ден, нема многу смисла, ама за мене и Господ има.
Порано практикувавме заедно со мм, па потоа останав бремена, па после доев и не практикував, ама неодамна почнав повторно.
Јас постам така што ништо не јадам освен вода што пијам, до вечерта.
Во почетокот е предизвик, после веќе го навикнеш организмот.
На тој начин го прочистам организмот, и самата повеќе се преиспитувам до каде сум духовно бидејќи мислите повеќе ги насочам кон тоа.




Defne90 RR -> RE: Дали постите? (19.1.2014 1:52:00)

Ne znam kako toa ama jas ne mozam da izdrzam ni eden den da postam,znaci eve vcera se postese za krst a jas ne uspeav ni dva casa da postam.Maz mi e istiot.Ponekogas moze da se sluci da postime cel den no do vecer ke se omrsime sekako.Velat postenjeto e ubavo te procistuva i duhovno i telesno no ajde posti,bas koga se posti mene dali deka ne smee da se jade mrsno togas najmnogu mi se prijaduva.




caciana -> RE: Дали постите? (25.11.2014 16:32:01)

Jas sum vernik ama ne postam.. postam samo 4-5 dena pred veligden. Ne deka nema da mozam da gi izdrzam postite no ne sum se potrudila i ne sum probala.
No postot ne ne pravi vernici neli? Podobro da ne postis i da si priznajs deka ne mozis da izdrzis , odkolku da se zarecis deka postis a go prekrsis postot [sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Дали постите? (25.11.2014 16:41:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Lani gi postev boziknite posti, godinava ne znam sto da pravam, so ogled na toa deka sum bremena, znam deka e dozvoleno za trudnici i stari lica konzumiranje na mleko i mlecni proizvodi. Mesoto ke go odbegnuvam. Sepak ke go prasam selskiot pop za mislenje.

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Јас никогаш во животов немам држено пости, ниту пак се имам причестено. Можам да постам тоа не ми е проблем но ми е гроза да се причестам. Единствени пости кои ги држам, поради религијата се велики четврток и петок, Бадник.

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Јас имам постено 3 години по ред за Велигден, цели 7 недели, од кои првата и последната без зејтин. Два пати се имам причестено, првата година кога постев незнаев како идат работите и касно отидов ,причесната веќе беше завршена :(
Сега го постам секој петок.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Jas sum od onie luge sto cvrsto veruvaat vo Boga megutoa so postoenjeto i pricestuvanjeto sum skarana.Tesko mi e da postam i zatoa se imam precesteno samo ednas uste dodeka bev mala.I mi imaat kazano deka e podobro da ne ni postam voopsto otkolku da postam vo maki i iskusenie.Inaku i jas postam samo za badnik ama mi se ima slucuvano da zaboravam pa i togas da se omrsam,najcesto okolu decata,zatoa sto tie se uste mali za da postat pa so niv i jas.






Ki4iko -> RE: Дали постите? (25.11.2014 17:22:46)

Јас сум верник исто така,но немам постено воопшто.Штом ми помине бременоста,сакам да си почнам.[sm=smiley1.gif]




Anuska14 -> RE: Дали постите? (26.11.2014 8:37:00)

Јас сум верник и постам секој петок-понекогаш и среда и секогаш за големи празници. Големите пости (велигденски, божиќни, петровденски) ги почитувам кога -како но не мислам дека си верник ако постиш-на тоа гледам само како чистење на телото од нечистотии параллелно со чистење ан духот.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]