MademoiselleNina
|
Здраво, да се пријавам, :) овој циклус ќе правам на модифициран природен циклус, кај Ивановски во систина. Ќе примам само 3 гонал инекции. Па ќе видиме. Инаку пијам вит е, фолна, вит д, б комплекс, аспирин и пентоксифилин. Се надеван овојпат дека ќе биде... :) ..............Вчера почнав со Гонал, па денес и утре и во петок на ехо, Ивановски е на одмор, па ми закажаа кај Адамовска. Докторката не ја знам , се надеам дека и таа е супер :) ........ вчера примив cetrotide и gonal, и денес ќе примам исто, а утре сабајле треба да ми земат крв за ЛХ и Е2, па ехо и ќе ми кажат што понатаму. ...............Јас утре имам пункција, вчера примив cetritide во 2ипол попладне, и вечерта примив стоп Лх ми беше 2.7 Е2 660. Докторката рече дека еден е доминанатен фоликул и дека тој уште од почетокот бил селектиран и дека не им давал на другите да пораснат доволно. Имав уште 2-3 околу 14-15 мм, но дека ќе морам да примам Choriomon заради тој едмниот кој е поголем. Ми рече дека најверојатно ќе се прави пункција само на тој еден, и дека другите најверојатно нема да пораснат... Незам дали Ивановски ќе се врати од одмор, а ако не се врати пункцијата ќе ми ја прави Адамовска. Така испадна па сеа што биде нека биде ......Бидна мојата пункција, 2 фоликули, една јк. Ја правеше Ивановски. Без анестезија, и не болеше многу, само е нелагодно. Се уште лежам тука .......... ништо не бидна... не дојде до оплодување на јк. Дали некој има повеќе инфо околу ова? Зошто вака се случува? Стварно беше една јк, но рекоа дека е супер, и спермограмот беше супер... и ништо. .................Како и да е, откажување нема, продолжуваме понатаму...[/quote]
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 1.9.2015 13:00:16 >
|