pinokio2010 -> ИВФ во природен циклус (26.3.2011 20:33:21)
|
Ако веќе постои темава модераторите слободно нека ја избришат. Ме интересира дали некој од вас има правено инвитро во природен циклус, значи без никаква стимулација,како оди протоколот, колку пари чини такво нешто, дали некој воопшто останал [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] и било што друго поврзано со ова . Како што читав на интернет шансите не се многу големи, а пред неколку дена докторот токму тоа ми го предложи , до наредната стимулирана постапка да не чекаме да пробаме вака. Затоа сакам да ги знам вашите искуства.
|
|
|
|