profesorica -> RE: Рингераја емисија на ТВ - Да или не? (22.9.2009 15:43:07)
|
Јас сум за!Добро би било да имаме емисија која со нетрпение ќе ја очекуваме, и која на многу идни и сегашнна родители би им била од корист.Емисијата според мене би требало да се емитува во недела на пладне и на некоја фрекфентна телевизија. Содржини треба да има секакви од соодветни за забременување и трудници до соодветни за новороденче, но и за бебе и дете.Во емисијата би можеле да се рекламираат бутици за опрема за бебиња и деца како што е нашиот ново отворен ПРЕМАМ, но и останати продавници за деца, за играчки, исто така едукативни центри за деца, градинки, игротеки... Во овој контекст може да се спроведат и наградни игри на пример ПРЕМАМ или некој друг спонзор секоја емисија на тројца најбрзи гледачи кои ќе се јават по телефон да им додели награди... Во емисијата би можеле да се вклучат и членови на рр кои би гостувале во некои од емисиите и би одговарале на прашања што ќе ги поставуваат други родители телефонски. Исто така треба да гостуваат доктори, гинеколози и педијатри со кои ќе се разговара на одредена тема а во меѓувреме ќе се јавуваат гледачи да поставуваат прашања. Јас сум за и за прилози од типот на :Бевме на гости кај семејството...ќе се гостува кај некои познати личности, или кај членови од рр., семејства кои очекуваат прво/второ/трето дете или кај семества со по 3-4 или 5 деца, за да видиме како тие живеат и како се справуваат со секојдневието. Освен такви прилози би можеле во етер да одат и некои клипови за породување во вода, со епидурал и слично се разбира со превод од англиски. Уште еден предлог:Да се бараат и наоѓаат ретки случаи за верувале или не и да се презентираат во програма.На пр.деца генијалци, петорка и сл. Секоја емисија на крајот може да завршува со неколку слики од бебиња, како за крај и разубавување на денот.
|
|
|
|