mila mama -> RE: Првиот ден во градинка /училиште (8.5.2012 23:13:44)
|
Ете дојде и тој ден, минатата среда почнавме и ние во градинка. Мм ја носи околу 09:00 и останува со неа неколку часа, тука има период на адаптација околу 10 дена, прво родителот седи со детето во иста соба, додека не се запознае детето со средината, после неколку дена оди во друга соба ако евентуално затреба да биде блиску да се појави, на крај мавтаат на родителот за чао и детето си продолжува само [sm=smiley1.gif] Искрено многу сум задоволна од овој пристап, прво не е стресно за детето а богами и за родителите, второ родителот им помага на учителките да го запознаат наравот на детето на полесен начин и трето и родителот има некој поглед на тоа како се работи во градинката, на кое ниво е хигиената, како им менуваат пелени, како ги хранат и сл. Така што за сите страни стресот е сведен на нула, па дури и не се осеќа кога ќе дојде моментот детето целосно да се остави само во градинка. Сеа вакам зборам дур не сме ја оставиле сами[sm=smiley1.gif] За неколку дена ако цмиздри ќерка ми ќе пишам пак.[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|