Bethany -> RE: Првиот ден во градинка (1.9.2014 12:44:24)
|
И јас да се пријавам во темава. Летово не одеше во градинка, денес му е првиот ден. АМА и ние наидовме на некои промени, сега групата му ја раздвоија, тој е во група за повозрасни, сега има и учителка. Тие две воспитувачки, негователки што му беа од почеток, и нив ги разделија, па едната од нив која секогаш ми даваше несигурни и неозбилни одговори на моите прашања, е сега со нив и плус таа учителка. Негователка од секогаш не ми влеваше доверба, ама во комбинација со другата воспитувачка порано во групата, беа баш добар тим, една смирена, друга потемпераментна, па баш беше добар баланс во групата. А сега таа е сама тука и таа учителка не ми нешто остави импресивен впечаток, некако делуваше груба и ладна, ама што знам можеби се варам. Некако имав чувство сабајле дека нема да му е добро сега, ама во секој случај ќе видиме понатаму. Го прашувам дали му се допаѓа, што правиле, тој вика му се допаѓа, ќе видиме. Инаку, немаше проблем со некое привикнување, веднаш влезе во просторија и не обрна веќе внимание на мене, нема проблем со прилагодувањето.
|
|
|
|