margaritka -> RE: Сакаме две црти!!! - II дел (1.12.2012 19:42:15)
|
Здраво пријателки :) Имам еден проблем и се надевам дека некој од вас ќе може да ми излезе во пресрет со слично искуство или совет. Имам редовна менструација и овулација, при што редовно мерам базална температура и секој пат откако ќе добијам температурата паѓа, нели како што е редот. Овој месец добив една недела порано, прво мислев да не е имплантациско крварење но беше поинтензивно за да биде тоа, но сепак некако различно од регуларната менструација. Ме буни тоа што денес е веќе седми ден одкако крварам, сега е многу слабо крварењето но базалната температура не ми е воопшто спупштена. Вчера (13ти ден од овулација) правев тест на бременост и излезе негативен. Отидов и на гинеколог, докторката ме погледна на ехо и рече дека нема бременост. Но денес си размислувам дека доколку би имало бременост не би била ни во 4та недела влезена и не би можело воопшто да се види било што на ехо толку рано. Мокрача за ХЦГ не ми зема. За крварењето ми рече дека се работи за некој забеган шуплив циклус. Но не ми е јасно, благото крварење не престанува, базалната температура ми е сеуште висока, градите ми се огромни а од симптоми чувствувам само интензивен замор. Ве молам за ваше мислење! Однапред сум ви многу благодарна :)
|
|
|
|