Viktori
|
via: vest "Интервју со психологот Лина Ќостарова - УнковскаДецата не се предмети за наддавање Еден од најголемите ризици што ги има новиот правилник за посвојување е што децата посвоеници со ова решение стануваат предмет на висококомпетитивна процедура, за која се прибираат понуди врз база на најмногу освоени поени Лина Ќостарова - Унковска, директор на Центарот за психосоцијална и кризна акција, е еден од ретките професионалци што посветено и практично се занимаваат со детските права во сите сфери од животот. Таа е и еден од ретките интелектуалци што јавно го крена гласот против новиот правилник за посвојување кој неодамна го претстави Министерството за труд и социјала, што беше и поводот за ова интервју. Министерството за труд и социјални работи го промовираше новиот правилник за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат, кој предизвика контроверзии во јавноста. Што е најголемиот проблем на овој правилник? Процедурите на посвојување отсекогаш се соочувале со два основни предизвика: едниот е како да се објективизира постапката во базично квалитативното поле на одлучување, а по повод едно крајно субјективно (лично) животно прашање, како што е посвојувањето дете, а другиот е како да се заштити процесот од коруптивни влијанија и да се донесе најправедна одлука, во најдобриот интерес на детето. Тоа се две поврзани, но различни прашања, и ниту едното од нив не се решава со предложениот правилник, поврзан со електронско (софтверско) решение. Наместо објективноста и непристрасноста да се врзуваат за индивидуалната одговорност, која се потпира, пред сe, на стручноста и професионалниот интегритет во една специфична област на постапување, со правилникот се нуди процедура на проценување на непресметливи поени и рангирања, зад што стојат бројни безимени "стручни" тимови и комисија, и сега софтверот, со што се отвораат уште поголеми можности за манипулации и злоупотреби, со долгорочни негативни последици. Самиот правилник е, всушност, производ на една политика, опседната со електронската технологија, до таа мера што и доделува улога на контролен механизам, без каква било критичност и познавања на полето на примена. Технологијата е само алатка, која може да биде многу опасна во рацете на некомпетентни луѓе, што директно се гледа од правилникот. Во која смисла негативни последици, дали децата се ставени во ризик и со што? Еден од најголемите ризици тука е што децата посвоеници, со ова решение стануваат предмет на високо компетитивна процедура, за која се прибираат понуди врз база на најмногу освоени поени. Тоа е апсолутно недопустливо. Постапката на посвојување мора да биде, пред сe, високостручна, праведна, но и добро водена, што значи дека се работи за процес кој содржи низа субјективни процени и одлучувања, затоа што секогаш се работи за конкретното дете и за конкретните родители, а не за кои било. И одлуките секогаш мора да бидат во согласност со најдобриот интерес на тоа дете. Правилникот не само што не ги почитува правата на детето и на родителите, тој не ја почитува ни еднаквоста меѓу партнерите, меѓу брачната и вонбрачната заедница, а уште помалку правото на самостојно родителство, туку го фаворизира бракот, за сметка на сe друго, па вели: "При изборот на најсоодветен посвоител, приоритет имаат лицата што се во брак, што се државјани на Република Македонија и што се со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија". Веќе во наредниот член (19) се прави отстапка од ова правило, која е уште подискриминирачка: "Ако се констатира дека нема заинтересирани посвоители за тоа дете, Центарот ја започнува постапката за избор на посвоител по електронски пат за лица што не живеат на територијата на Република Македонија или за лица што не се државјани на Република Македонија". Дали сега ова значи дека за децата што никој не ги сака важат други правила, и можеме да ги дадеме кому било? Не е ли тоа етикетирање и дискриминација на овие деца, но и на родителите посвоители, кои затоа што живеат надвор од земјата, ги немаат истите права и смеат да влезат само во вториот "натпреварувачки" круг, и тоа исклучиво за децата кои веќе "испаднале", и нема кој да ги посвои? Дискриминацијата продолжува понатаму со уште една деперсонализација на процесот на посвојување, така што сега, покрај електронскиот пат, се оди и на дисквалификација на сите оние што имаат какви било очекувања во поглед на детето - "при избор на најсоодветен посвоител, системот нема да ги земе предвид посвоителите што: прифаќаат дете од одредена националност, прифаќаат дете од одреден пол, прифаќаат исклучиво здраво дете, прифаќаат дете на определена возраст, прифаќаат исклучиво бебе (дете на возраст до една година)". Секој родител има право на здраво дете, и да го посака додека е бебе, па дури и правото да се посака дете од определен пол или националност е сосема легитимно. Од друга страна, токму државата за децата со посебни потреби, или на поодмината возраст, или етничка припадност, е таа која треба да изгради дополнителни, стимулативни мерки и континуирана поддршка на потенцијалните родители, во заштити на овие деца од заостанување во постапката на посвојување. Наместо тоа, таа во старт ги дисквалификува родителите. Со правилникот не се дискриминирани само децата туку и родителите посвоители. Во македонски услови, ќе излезе практично невозможно една двојка со релативно скромни приходи да посвои дете? Како воопшто се врши процената? Во процена на подобноста за родителство, правилникот отворено ги фаворизира: материјалниот и брачниот статус на родителите, должината на бракот, младоста на сопружниците и годините на чекање. И покрај тоа што овие категории имаат мала поврзаност со капацитетот за родителство, тие носат дури 75 проценти, од вкупно 100-те поени кои треба да се соберат при рангирање на можните родители. На сe друго, како: подготовка и мотивација за родителство, образование, квалитет на живеење, релации со другите и здравјето отпаѓаат 25 отсто. Но, тоа и не е сe. Потенцијалните посвоители се соочуваат и со негативни поени. На пример: "Заради зачувување на бракот", или доколку родителите очекуваат "детето да ги гледа во староста", тие можат да заработат и 10 казнени поени. Чувството на помала вредност кај родителите се казнува, на пример, со минус 0,40 поени, а за родителите што веќе имаат дете, следуваат минус 0,70. Така, тешко добиената предност, родителите уште полесно можат да ја загубат. Со оваа раситнета математика, може да се отиде и чекор понатаму во карикатуралноста, и да се изработи профилот на оптималниот родителски пар посвоители во Македонија. Тоа би бил млад, здрав брачен пар, на возраст до 30 години, со над 10 години брачен стаж, кој живее сам (без родителите), во сопствен стан или куќа од 60 до 120 квадратни метри, со средства за пристоен живот, без други деца во семејството, со време на чекање над 4,5 години. За овие "квалитети", таквиот родителски пар би собрал дури 61,75 поени од можните 100. Доколку живее во град, на мало растојание од амбуланта, школа, и има сопствено возило, имот или деловен простор, со една, две и повеќе викендички, зависно од тоа како се опремени, може да заработи и до 70 поени. И сето тоа, доколку родителите се државјани на Македонија, со живеалиште во земјата, и доколку немаат никакви очекувања во поглед на детето, неговиот пол, возраст, етничка припадност и здравствена состојба. Најтрагично во целиот овој галиматијас е некоригибилноста на едно вакво дело, верификувано од Министерството за труд и социјална политика, кое не е резултат само на некомпетентноста на неговите креатори туку и на отсуството на елементарна грижа и одговорност кон детето и неговите потреби, и кон потенцијалните родители, како најзначајни ресурси во долгорочното решавање на проблемот на децата без родители во Македонија. Како да се дизајнира систем за посвојување кој, пред сe, ќе ги заштити децата, а нема да ги дискриминира потенцијалните родители по ниедна основа? Пред сe, тој треба да се потпира врз правата на детето, но и на родителите, загарантирани со Уставот и со меѓународните документи за детските права, што значи дека секоја политичка одлука и решение, секој член во правилникот и постапувањето по него, мора да се верификуваат согласно најдобриот интерес на детето и на родителот, како директно засегнати страни во процесот на посвојување. Со последното, т.н. електронско решение на Министерството, тие сосема се маргинализирани. Системот на посвојување треба да биде стимулативен, да поттикнува и да охрабрува на посвојување, со јасни очекувања и достижни критериуми, со радикално намалување на времето на чекање, кое во моментот, според Законот за семејството, трае до две и повеќе години. Во пракса, тој сe повеќе личи на тест на издржливост отколку на легална процедура, со која се решава едно клучно прашање за Македонија, а тоа е навременото згрижување на децата без родителска грижа. Во ниеден момент од оваа процедура, не смее да се заборави алармантната состојба на стотина деца без родители, за кои секој изминат час и ден поминати во институција е данокот кој системот го наплаќа од контото на нивните развојни можности и животни перспективи. Од самото раѓање, психолошките развојни потреби на детето за сигурност, припадност и за допир се критично важни за детскиот развој и преживување, исто колку и задоволувањето на неговите физиолошки потреби за храна и за згрижување. Тие играат пресудна улога во детскиот ментален, социјален и интелектуален развој, и со тоа ги трасираат патот и дострелите на неговиот живот. Во постапката на избирање по електронски пат, детето е сведено на предмет, во референтната рамка на низа предрасуди, стереотипи и незнаење, додека родителот, од надежен и клучен ресурс, се обезвреднува, обесхрабрува и се елиминира, и станува жртва на експериментирање на системот. Системот на посвојување треба да се потпира на контекстот во кој се спроведува, а тоа значи на обичаите, културата и на позитивните вредности на заедницата, кои се важни за одгледување на децата. Најголемо влијание во градењето на тие вредности кај нас сe уште има социјалниот капитал, а тоа се: семејството, пријателите, училиштето. Тие се најсилните упоришта на социјализацијата и воспитувањето на детето, особено во услови кога материјалните добра се тешко достапни, нестабилни и нерамномерно распределени во општеството. Имаме безброј примери за тоа, во одржливоста на повеќегенерациските семејства, или во функционалните социјални мрежи - вредности на кои им се придава минорно значење во споменатиот правилник, и политики на посвојување. Каде е излезот од ваквата ситуација? За една традиционална и осиромашена заедница, каква што е Македонија, најважно е да се дефинираат и определат минимум стандарди за задомување и подигнување на едно дете, и тоа треба да биде појдовната точка при поставувањето критериуми за материјалните, социјалните и за сите други услови, за кои треба да се погрижат идните родители. Притоа, специфичните развојни потреби на детето кое се посвојува, како и условите за нивно задоволување, мора да бидат клучниот фактор при одлучувањето за тоа кое дете ќе се поврзе со кои родители. Тоа е крајно персонализиран процес, кој не може и не смее да му се препушти на безличното одлучување по електронски пат. Дефинирањето на родителската улога и подобноста за родителство, никаде во светот не се потпираат врз психолошки мерења на личноста туку врз процена на родителските капацитети и стратегии за успешно справување со сопствените слабости (на личен план) или со надворешните ограничувања на семејството во моментот и во минатото. Тоа е капиталот со кој се појавува родителот во улогата на посвоител. Притоа, исто така, важна е и процената на неговите капацитети за учење и за промени. Со години се зборува дека целиот систем за посвојување во земјава е корумпиран и оти, де факто, постои нелегална берза на која за пари може да се посвои дете надвор од процедурата. Сепак, никогаш немало ниту истрага ниту државна акција која ќе ги потврди или демантира ваквите сомнежи. Зошто? Тоа што во јавноста само се говори, а нема и пријави и спектакуларни акции, зборува за незаинтересираноста на системот за оваа сфера, но и за стравот (кај родителите) да не се загуби тешко добиената предност. Во сферата на чувствителните прашања, како што е посвојувањето, луѓето се плашат да пријават неправилности, а распределбата на моќта, наметната од системот, ја прифаќаат како непроменлива константа. Корумпираноста е генерален проблем на системот во сите сфери на неговото функционирање, и наивно е да се очекува таа да се решава со воведување нови технологии кои, всушност, само служат како параван за оправдување на одлуките. За надминување на корупцијата, потребно е да се воведе концептот на индивидуална одговорност, кој кај нас речиси и не постои, како и вреднувањето на професионалниот интегритет, кој систематски се нарушува со партиските, и по сите други нелегитимни основи, вработувања и напредувања. Секаде каде што има долги, нејасни и нетранспарентни процедури, водени од некомпетентни луѓе во процесите на одлучување, корупцијата цвета." Марина Костова ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 тражи се нови директор „Врз основа на чл. 101. став 7, од Законот за социјалната заштита- Пречистен текст (Сл.весник на РМ бр.79/09 од 24.6.2009 ) и чл. 24 од Статутот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола, Управниот одбор на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца” - Битола распишува JАВЕН КОНКУРС за избор на Директор на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца” - Битола Кандидатите за Директор на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола, покрај општите услови предвидени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: - да имаат високо образование, 7/1 степен на стручна подготовка од општествено-хуманитарни науки; - да има четири години работно искуство по дипломирањето; - да има подготвена програма за раководење со Установата; - да не се осудувани за кривични дела на безусловна казна затвор, во траење од најмалку 6 (шест) месеци и за казниво дело, кое го чини неподобен за функцијата. Кандидатите, апликанти, на овој Јавен конкурс покрај пријавата за учество на истиот потребно е да ги достават и следните документи: - доказ за бараната школска подготовка (диплома, уверение во оригинал или копија заверена на нотар); - уверение за државјанство; - извод од матична книга на родени; - фотокопија од личната карта и - уверение за неосудуваност издадено од надлежен орган - програма за раководење со Установата. Јавниот конкурс ќе трае 8 (осум) работни дена од последното објавување во еден од двата дневни весници. Избор од пријавените кандидати ќе изврши Министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ. Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Документите по овој Јавен конкурс да се доставуваат на адреса: ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца”- Битола, ул. „Васко Каранѓелевски” б.б. Битола, во препорачани пратки или непосредно во архивата на Установата, на спомнатата адреса, во работно време од 8.30 - 16.30 часот, секој работен ден. За резултатите од извршениот избор кандидатите од овој Јавен конкурс ќе бидат писмено известени на домашната адреса на живеење. УПРАВЕН ОДБОР Претседател, Николче Тасески Валиден: 11.03.2011 виа добра работа ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 део од интервју - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D8D4854CE99D82429162D908B9AE98E7 „Која е причината што не функционира електронскиот систем за посвојување деца? Очекувањата беа дека со тоа ќе се скрати и времето за да се добие дете, за што сами изјавивте дека се чека по три-четири години? Се чека и повеќе. Замислете, во услови кога имаш 500-600, па и повеќе родители што аплицираат за посвојување, а на располагање имаш 50-60 деца и кога одлучува човечкиот фактор, тогаш мислам дека е можно да дојде до одредени злоупотреби на службеници во центрите и затоа одлучивме целосно да го менуваме концептот на посвојување. Интересот за посвојување е преголем во однос на децата што можат да бидат посвоени. Затоа обезбедивме електронско посвојување. Во моментот кога го менувавме законот, софтверот беше готов и тестиран, но компанијата што требаше да ни го донира софтверот, одлучи да не ни го даде на користење и се доведовме во незавидна ситуација. По објавувањето на измените и дополнувањата на Законот за семејство со компанијата имавме некои сериозни недоразбирања, па затоа моравме да ја забрзаме постапка за развивање на таков софтвер. За среќа, сега се'''''''' е надминато. Софтверот е тестиран, податоците се внесени од сите центри за социјални работи, правилникот го изготвивме, го усогласивме и сега чекаме да се објави. По објавување на правилникот ќе биде свикана Комисијата за електронско посвојување, која ќе одлучува за најдобрите кандидати од првите пет најдобро рангирани посвоители. Зошто искрсна проблем со компанијата? Имавме и друг договор со истата компанија што требаше да развие софтвер во Министерството, кој беше финансиран од Светска банка. Имаше одредени задоцнувања. По препорака на Светска банка бевме обврзани да го раскинеме договорот и на некој начин ни се одмаздија за раскинување на договорот. Затоа одлучија да не ни го дадат софтверот. Но, нека им служи на чест. Нашите експерти деноноќно работеа со вработените и сега софтверот е поставен. Единствено чекаме да се објави правилникот и од тогаш ќе може да стартуваме со електронско посвојување. Дали сте сигурни дека компјутерот нема да направи грешка при изборот на најдобрите родители? Сепак, тоа е машина што знаете дека може да погреши. Не се согласувам дека греши. Сепак, таму се внесени податоците и секогаш таа машина ќе ни ги одреди петте најдобро рангирани. Тоа ќе биде многу добро и за мене и за службите во Министерството бидејќи, конечно, еднаш во државава ќе се стави ред во овој дел, кој беше најмногу озборуван за корупција. Очекувам да нема злоупотреби. Се чини дека странските посвоители полесно доаѓаат до дете? Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. За мене беше чудно како е можно за тие деца да има интерес токму од странците. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактеристики на дете со посебни потреби. А кога ќе заврши посвојувањето, за нас тоа е затворен случај.„ ...................................................................................... Лута сум и тажна ... Мм и јас немамо предрасуда, све што желимо е да станемо родители ... и пуно луге који чекаат немат предрасуда ... Ова мени значи, ако си нормалан, онда имаш предрасуда и ни у сновима не сакаш да посвојиш дете со пп или од друге етничке групе ... па ово е навистина дискриминација драге моје пријателке толико сум тажна, не знам колиоко времена чу све то издржати ... ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1 Strasno Agnes, kako si igraat so coveckite zivoti. Kako tie deca da se kukli pa mozat da cekaat. Ne mi e jasno neli ednas ve odbrale za posvoiteli, sega ponovo li ke biraat. Moze sum dosadna, no moe mislenje e deka treba da dignes glama vo mediumi. Inace ke cekas uste 5-6 god. sigurno. Vaka barem javno ke moraat da objasnat koja e pricinata sto tolku cekas vo tvojot slucaj. Ti posakuva sto pobrzo da gi gusnes tvoite angelcinja. ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77 Весна сега чекамо на одговор од народен правобранител, кој че нас известити што се случива и чекаме на одговор од сло. министертво које исто тако чека одговоре од мк министертво. Али не разбирам г. минситер Бајрами ... прво што су нам објаснили во центар за социална работа е да странци могу да посвоје само хендикепирана деца и ромска деца. Пошто домашни посвојители не сакат да посвоје тие деца. А сега министер вели „Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница„
< Поракaта ја уредил виктори -- 1.4.2011 22:40:11 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
|