Mammy -> RE: Доење (14.7.2009 11:20:46)
|
Инфо текст заа мајчиното млеко... Што влијае врз мајчиното млеко? Факторите кои влијаат врз количината и составот на мајчиното млеко се разновидни. Некои од нив се одразуваат позитивно, а некои негативно. За некои фактори погрешно се верува дека делуваат врз лачењето на млекото. Сепак, се знае дека на лактацијата на млекото не влијаат: -возраста на мајката -бројот на килограми на мајката доилка -менструалниот циклус на мајката - нејзината бременост - исхраната што ја внесува таа - лековите кои ги зема мајката по препорака од лекар Што се однесува до менструалниот циклус, некои научници кои се посветиле на ова прашање, откриле дека таканаречениот менструален хормон во мала количина преминува во млекото, но само кај посебно чувствителните можат да предизвикаат нарушувања. Некои научници тврдат дека доброто млеко се создава само со добра исхрана на мајката. Преку недоволна исхрана на мајката, доаѓа до трошење на телесните ткива кај доилката, а подоцна се намалува и вкупното количество млеко. Други пак, тврдат дека количината и видот на храната што ја консумира мајката не можат да влијаат на количината и видот на излаченото млеко. Но, и едните и другите се сложуваат со тоа дека богатата исхрана не го зголемува вкупното количество млеко, освен ако нема високо ниво на белковини. Тие сметаат дека белковините го предизвикуваат лачењето на млекото и мастите во него, иако тие се помалку значајни. Мастите во исхраната минимално влијаат врз квалитетот и количината на млекото. Во поглед на витамините, се потврдува дека нивното присуство во млекото зависи од храната што ја јаде мајката доилка. Фактори кои поволно влијаат врз лачењето на млеко -Добро развиено ткиво на жлездите -Поголем број доења- ова се користи во случај на намалување на количеството млеко ( хипогалактија ) бидејќи се смета дека цицањето одлично го предизвикува лачењето млеко. -Телесното и духовното здравје на мајката, како и социјалната состојба -Хормонот “пролактин “ -Цицањето како најважен предизвикувач на лачењето млеко Фактори кои неповолно се одразуваат врз лачењето на млекото -Недоволна развиеност на жлездното ткиво на дојката -Застој на млекото. До рефлексен застој на лачењето на млекото може да дојде поради болки кои кај мајката предизвикуваат затегнување на жлездата. Некои научници откриле дека во тој случај доаѓа и до намалување на млечниот шеќер или лактоза. -Староста на лактацијата. Времето поминато од породувањето нема никакво влијание врз количината на млеко и незабележливо влијае на составот на излаченото млеко. ( исклучок во текот на првите денови) -Психички влијанија. Стравот, непријатното чувство, болката, грижите и слично, неповолно се одразуваат врз лачењето на млекото. Голема духовна вознемиреност, особено кај нервозните личности, може да доведе до прекин на лачењето, и тоа, некогаш во тој момент, некогаш после првиот подој, а се случува лачењето да прекине и по неколку дена. -Заморот на мајката. Ова не е правило, но се случува, особено кај жените кои живеат и работат на село, физичкиот замор да доведе до намалување на количината на млекото. -Тешки и исцрпувачки болести и заболувања поврзани со долготрајни диети неповолно влијаат врз лактацијата кај мајката.
|
|
|
|