Annabel -> RE: Доење (19.3.2010 14:22:51)
|
И јас Ива ја доев каде што ќе стигнев. Ако седевме во ресторан, греота е ние да јадеме, а таа да биде гладна. Бидејќи беше лето, кафичите беа надвор полни, а внатре празни, па ќе си ја нацицав внатре. Или ако шетавме, си седнував на некое место понастрана. Се разбира, ако немаше ситуација да ја дојам на страна, си го правев тоа пред сите...и баш не приметив некој да зјапа во мене, никој не ме ни приметуваше. Така да мајки, дојте ги децата кога им се јаде, и не си ускратувајте шетање зашто ви е срам да ги доите на јавни места.
|
|
|
|