Melanija RR -> RE: Дали сте задоволни од услугите на нашето здравство? (23.6.2015 16:59:01)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30 Здраво женски, незнаев каде да го ставам постов па си реков ај тука,но можеби ке треба и нова тема да отвориме под наслов ЖАЛБИ И ПОФАЛБИ НА НАШИОВ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ. А и, уште од одма да ви Се извинам за постов бидејќи ќе биде долг. Еве вечера ми прекипе ми идеше да мавам некој со стап, ама хормониве што вријата во мене само ме тераа на [sm=smiley19.gif]. Значи пред некоја недела (бидејки тогаш влегов во 28-ма), а сум Рх- добив приоритетен упат од мат гинек за 8-ми септември на трансфузиологија да направам Cooms - тест и да примам Иммуно ро инекција (Рогам или како и да се вика во зависност од производителот). Одам таму околу 9 ч гузва невидена еден куп старци во едно тесно чекалниче, без вентилација, времето жешко пекол, значи не се дише. Сетрата на шалтер ми вика дека сум со приоритетен упат, да почекам ако не дојде некој на закажан термин јас да влезам. И така јас си чекам едно 2 часа, брзина на преглед 1 пациент на 30 мин, и сите дошле на закажан преглед. Си викам ови стариве кој со мака, ама кој си дошол да си направи муабет со докторов. Мислам таму внатре нема никаква апаратура, освен анамнеза ништо друго не прави докторов, а прегледов по 30 мин, и така јас си чекам, па и ми се слоши бидејки како што кажав ние трудниците осетливи на миризба, а вентилација нема. Докторов само си излегува и си чита од списочево и си влегува, на крај ми прекипе и му викам дали може да ме прими бидејки веке два часа чекам, а он ми вика оди во следнава ординација кај колегата. Одам јас таму исто гужва пред врата, и пробувам да влезам кога една старка ми се испречи пред врата и почна да ми вика, дека неможело да влезам, дека она чекала имала закажано и на друго место ке пропуштела термин итн итн. И на крај останав да чекам уште едно пола час за на крај да се испостави дека докторов од вторава ординација преку сестринската соба си здувнал и никој нема таму, за џабе си чекаме. И после уште едно пола саат ме прими овој докторов од првава ординација, и после се останато по шалтери за плаќање, зимање крв заврши за 20 мин. Во 14 часот одам по резултати и право кај матичнава да ми аплицираат Иммуно Рхо инекцијата која приватно си ја купив од аптека околу 2900 ден. Е ама сега за заебанцијата да биде поголема, за да рефундирам пари од ФЗО, освен фискалната и сметкопотврда од аптеката кај што сум ја купила инекцијата и потврда од кај матич гинек дека ми е аплицирана(вака беше пред 4 години со мојата прва бременост), требало да одам на клиника за гинекологија и таму да ми издадела некаква потврда-извештај. И така јас закажана таму во 17 часот одам и сетрата ми вика дека докторката без резултати од трансфузиологија нема да ме прими (a резултатите ми останаа во досие кај матичната), од тука пак се вратив кај матичната по резултатите и пак на клиника. Таму 18 часот живо пиле нема, почекав едно пола саат за да ме примат, а мислев само ке ми издадат потврда, ама не морало и на ехо пак да ме прегледаат (читај меѓу редови да ти земат 150 ден партиципација), а кај матичната пред неколку дена бев на редовен преглед. Ај бидна и тоа ми издадоа извештај дека сум Рх- и дека треба во 28-ма недела да примам РХ- профилакса (што всушност јас и ја примив веќе). Така значи цел ден од 09,00 до 19,00 јас си се акав по болници. На крај ги спремив документите и ги поднесов Во ФЗО-Скопје , за вчера да ми кажат дека извештајот од гинекологија не бил добар бидејки докторката пишала дека треба да примам “ РХ- профилакса“ а требало да стои дека треба да примам “Рх (Д) имун глобулин“. И сега треба да ја барам пак на докторката на гинекологија и нејзина добра воља со пенкало да го допише ова што го бара ФЗО, да се потпише и да удри печат. Па мајку му што може да биде Рх- профилакса освен да примам Рх (Д) имун глобулин инекција , нема што друго да ми дадат. Мислам неписмени, како ги искомплицирале и избиократизирале процедуриве што да ви кажам, само за да не ти рефундираат пари. Па прашањето ми е зошто бе секој месец да ми одбиваат од плата за здравствено осигурување кое евидентно е дека не функционира. Незнам што е следно, мислат јас на моја рака си се боцкам со инекции, можеби треба и снимка од г*зот да направам како ми ја аплицираат инекцијава, случајно да не лажам вака најубаво ке им докажам дека сум ја примила инекцијава.[sm=smiley36.gif] А и ова чекање по болнициве со секаква раја, па мајкуму како трудници треба да имаме некаков приоритет при прегледиве, не да се мешаме по чекалните со разни луге, вируси, бактерии.... Ама не стрикно они си се држат до е-здравство, треба малку флексибилност, а на овие старциве ако не им напишеш дека трудници имаат предимство, ќе те заколат по чекалниве ако им влезеш преку ред. Поздрав и ви препрачувам на сите идни трудници да си се набилдате со трпение и челични нерви.
|
|
|
|