Mila mamicka -> RE: Столче за хранење (17.11.2014 10:33:47)
|
Столчето за хранење е едно од помагалата кои најмногу ги искористив со син ми и воопшто не сметам дека парите дадени за него се џабе фрлени пари. Ние нашето го добивме од кумовите на поклон, не е нешто посебно, нема повеќе позиции, туку само една, ама има каиши за врзување и детето во него е безбедно. Почнавме да го користиме некаде околу седмиот месец, и го користевме се до пред два месеци, кога син ми почна да оди во градинка. Секој оброк му беше во столчето, и никогаш не се бунел, дури ако јас му речев дојди да јадеме на креветот, во некоја ситуација кога имаме гости или сл. тој ми викаше не, ајде во столчето. Е сега, треба веќе да го спакувам, син ми е веќе 2 и пол години, и откако оди во градинка, сака да јаде со нас на маса, голем бил веќе. И јас се согласувам со тоа, ама никогаш не би хранела дете, одејќи по него, или трчајќи низ собата натаму наваму. Се знае, кога е време за јадење, се остава се друго и се јаде.
|
|
|
|