RE: Столче за хранење (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


bucko mal -> RE: Столче за хранење (12.12.2014 11:25:49)

Lele izvini sega vidov deka si me prasala za cena.Jas ne ziveam vo Mk,ama eve ke kazam kolku go kupiv kolku za sporedba.Go zemav $60-2 400 Mkd.
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamita83

bucko mal od kaj ja kupivte masickata i stolceto i kolku? sakam da i kupam na malata nesto slicno





Melanija RR -> RE: Столче за хранење (12.12.2014 12:51:41)

Dilina од Аеродром си па одма ќе ти кажам каде има убави.Во Беби Блу во зградата до Капитол од задната страна.Има од 3-4 илјади кои се ама баш супер се вади и отвара напред тацната ,цврста и лична.Какви 7-8 илјадри па пари на дрво не растат.Туку и во Џамбо има убави 1.800 и 3.000 ден и ништо не им фали[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Столче за хранење (12.12.2014 15:29:12)

Тие од џамбо што се поставуваат на столче од маса се супер, ама се за бебе што веќе стабилно седи, и бидејќи не се многу големи мислам дека може да ги користат бебиња до година и пол. Знам бидејќи одев да го земам за Јаков, и имаше некаде година и пол, па едвај веќе седнуваше во нив, не го купив.

Ние наше столче го земавме од Пластичарска, околу 2000 денари беше, а во бебесупермаркет исто такво беше поскапо.
Многу го користивме, на крај го и скршивме и треба сега друго да зимаме.
Ама бебе не може стабилно да седи кога се почнува со чврста храна, така да релаксатор за тоа е супер.
Е сега хранилки со наслони со повеќе позиции, се обично поскапи, барем од тоа што гледав јас порано.

Дилина, баш пиши што ќе најдеш, каде и со какви цени, да знам и јас кај да барам кога ќе дојде време [sm=smiley1.gif]




Malecka23 -> RE: Столче за хранење (13.12.2014 14:59:39)

Hranilka so naslon imase vo jumbo i bese 3000 za razlika od dr mesto e super eftina.Ama epten treba sreka da imas za da ja nacekas.Nie za M koga baravme mm skoro sekoj mesec idese da proveruva i nemase.Na kraj za povojnica ni donesoa naj najobbicno ama dusata mu ja izvadivme.Go koristevme do godina.Posle zencka sakase sama da sedi na masa i go sklopivme go dadovme na vnuceto.Mnogu isplatliva rab




Dilina -> RE: Столче за хранење (17.12.2014 8:37:22)

еве ние се одлучивме за оваа..

[img]http://www.dexy.co.rs/pictures/proizvod/slika/AL73220large.jpg[/img]

количката ни е исто FreeOn мн сме задоволни од неа, па се одлучивме и хранилка ваква да земеме.. од AlfKids од Прилеп. 3600 ден. Со 6 позиции на висина и 3 поз на грпчето.... има ли некој ваква ? Не сме ја виделе, ќе ни ја пратат по карго, ама се надевам дека е ок....




Ilina87 -> RE: Столче за хранење (17.12.2014 14:08:03)

На почетокот според мене најпрактично е хранењето во релаксатор или транспортер од причина што бебето сеуште не може убаво да седи. Ова нормално како поефтина варијанта. Инаку има поскапи столчиња што уште од почеток се доста практични бидејќи се мести горниот дел да биде доста навален, не во седечка положба.
Ние имаме од Chicoo, го добивме како поклон, поскапо е купено, но сум многу задоволна, цврсто е, не се ниша и мислам смрт нема.




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (30.1.2015 14:41:06)

Кажете ми монтажните за на столче што ги има и во Џамбо ,дали се стабилни и баш на некоја столица одговараат да се монтираат?
Ги гледав и дрвените без За ама нема за врзување а тоа ни еголем проблем [sm=zmeden.gif]




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (5.4.2015 23:21:03)

Столче не купивме ни ваму ни таму со скоро 20 месеци.Знам дека до кај 3 год седат ама М ненаучен е проблем.
Пробав на гости ,се чуствува ограничен ,недоседува.Мрда тој и ви=о малата количка ама јаде не е проблем.Но дечково мој за се нешто му се брза па неколку пати на колено седеше и јадеше со мм и му влегло во глава секој кој ќе седне на маса треба он во скут било јадење било кафе било седење.
И немам памет што да правам.Има ли некој начин за на обично трпезариско столче,тие малите се за мали.Незнам ни дали постои некое такво да се загради и седи на него, или деф да купиме столица и со триста чуда да го убедиме да седи.
Додатно е и тоа што во градинка ги седнувам на мали дрцени столциња со страници, па сега оак кога ќе оди во градинка ќе биде дома едно таму друго.Има ли чаре?[sm=zmeden.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Столче за хранење (5.4.2015 23:41:09)

Меланија јас не сум го прочитала оној пост од јануари, али еве едно наше искуство. За такво столче мислам дека сега е касно за него, ние го купивме она што се спушта на три нивоа, зашто почнав да ја седнувам на околу 5 месеци кога почнав и да ја дохранувам (значи по препорака на ортопед, на 5 месеци да биде на најлегнато ниво како во количка) до пред некој месец го користевме, навикната беше, ама да не си ја урочам, машалка тешка е, па го напукна на едната страна и го спакувавме, планираме здравје и друго дете да го поседи [sm=smiley36.gif]
Сега многу работи ни завршува, најобичното пластично столче од џамбо, си го носи до масичка, си седнува и си пишува, или за јадење тука и давам. Е сега мојава е поголема, на трпезариска заедно кога седнуваме може да седи и седи на голем стол, а за твојот случај незнам каква е ситацијата, али мислам тие за монтирање ќе завршат работа. Има и за поголеми, јас ги имам баш во џамбо гледано, ако сега ги нема, види расшетајте се и на пластичарска




AnnaMolly RR -> RE: Столче за хранење (6.4.2015 8:40:29)

Меланија, сакаш да ти го дадам моето монтажно, да пробате? Ако го сака, слободно користете го, мене во следната година гарант нема да ми треба :)




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (6.4.2015 22:31:23)

Neurotoxin М ми е ситен и не баш со висина,кратко седи на трпезариски стол ама му фалат 10см[sm=smiley36.gif] Дефинитивно во Џамбо морам да одам зошто тие монтажните ми се видоа мали па да вдиме на кутија што пишува според килажа:имаше и едни како страниците се потпираа на масата што ми е нелогично и нестабилно.

AnnaMolly RR ти благодарам [sm=smiley1.gif] за разгледуваме твојата понуда за да знаеме на што сме [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Столче за хранење (7.4.2015 13:07:26)

Melanija rr jas imam vakvo stolce za hranenje
[img]http://www.vipmarket5.com/images/images_large/20140506_215047.jpg[/img]
go dobiv na krstevka na L,prakticno e tridelno,se koristi kako nisalka,kako stolce za hranenje so plasticen dodatok napred kako poslyzavnik i se mesti na masiceto za da izgleda kako takvo stolce a moze i vaka kako sto e na slikata za pogolemo detence,stolceto e bas kako tie vo gradinka i realno za bebe ne e tuku bas za taka pogolemko sto ubavo sedi deka stolceto e golemko bebe bi propadnalo vo nego [sm=smiley36.gif]
sum gi videla na plasticna ulica ama cena ne znam




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (7.4.2015 13:14:48)

Маката е што прцулот сака на голема маса [sm=smiley36.gif] инакво вакво е супер,ама малото масиче ни е тргнато од дневна зошто нема место и ова би било таман.
Чекам инфо поладне од мм за монтажните[sm=smiley1.gif]

Фала ти lukajana RR[sm=smiley1.gif]




hopeless -> RE: Столче за хранење (7.4.2015 13:48:04)

И јас касно зедов за малата столче за хранење.
После роденденот.
И да ви кажам се каам што не зедов порано. Спас за се.
Порано незнаев дали неа да ја држам или јадењето, се лом правевме околу нас, а вака раат.
И пуштам цртани и се ручкаме без проблем.
Моето е најобично, кинеско, не сакав да купувам скапо од причина што сме поголемки и од можноста да не сака да седи во него. 1700 денари го зедов.
На него пишува дека може да се користи до 18 месеци.
Ќерка ми е слабичка, 10 кг има, и и е супер комотно во столчето. Верувам дека ќе си го користиме се додека не бере во него.

А ова погоре што го има постирано лукајана е исто така добро и може да се користи и за кога бебушко ќе порасне. Јас би ти препорачала такво да си купиш.




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 13:22:54)

Пред 3 недели го купивме во Џамбо за 1.199,00 денари и е супер и супер од одма прифатено[sm=smiley1.gif]
Имаше и на Фишер праис ама од страните беше пониско и потесно, и се врзуваше само околу половина а немаше за меѓу нозе.Што значи е за помали ,и цена немаше ама мислам дека беше исто колку ова што го купивме.

[img]http://www4.slikomat.com/13/0423/26l-CAM012.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 13:48:10)

Меланија рр многу убаво ,ептен ме бендиса и не е гломазно како повеќето од столчињата плус може сите заедно да јадете на маса ,петка.
Со здравје да си го користите,прекрасно е




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 13:54:48)

Фала lukajana RR [sm=smiley1.gif] заборавив да пишам дека е многу лесно и транспортно,до кај свекрвами 15мин пешки го носев без проблем[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 14:01:58)

Со здравје да си седите Меланија, баш е убаво. Сега М нека седи на маса со големите [sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 20:41:40)

Супер е столчето Меланија, сега ќе биде како голем, со вас на маса [sm=smiley36.gif] кажи ми се фискира ли неккао на стол?




Melanija RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 22:06:47)

Сака да седне со секој што седнува на маса[sm=smiley36.gif]Neurotoxin се прицврстува со каиш на наслонот на столицата.Вдлабнатините некако се чудни,слика на кутијата ниту на упатството нема.Ок стои ама тие дупки се и за ниво па нешто како да мањка[sm=smiley1.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Столче за хранење (23.4.2015 22:30:12)

Супер штом се прицврстува, ние сме на роденден сега кај блиски, па сакав нешто да им земам што ќе им треба а баш мислам дека детето им е за вакво нешто. Го седнува со нив стално и тоа кај нејзе во скут, грев ми е неможе да се најаде ко чоек, а гледам си прават традиции по дома и важно и е тоа. А и цената е ок за вакво нешто. А тоа што ти мањка, ќе откриеш по некое време како иде, такви се тие, на принцип нека ти текне сам [sm=smiley36.gif]




Cvekelencule -> RE: Столче за хранење (24.4.2015 11:44:07)

Меланија создравје да си користите столчето преубаво е и да ти кажам ми даде идеја да си купиме и ние мажинава наши ни се скоро на иста возраст само што јас треба посебно да идам во ск да си купиме оти во пп нема такво ама ќе проверам ва алф кидс [sm=smiley27.gif]




Snowhite RR -> RE: Столче за хранење (26.4.2015 15:47:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cvekelencule

Меланија создравје да си користите столчето преубаво е и да ти кажам ми даде идеја да си купиме и ние мажинава наши ни се скоро на иста возраст само што јас треба посебно да идам во ск да си купиме оти во пп нема такво ама ќе проверам ва алф кидс [sm=smiley27.gif]


Меланија супер избор си направила, јас имам исто такво, ама скроз до боја до се, исто од Џамбо ми е купено. Кажи што не ти е јасно јас ќе ти објаснам
Cvekelencule ние не го користиме повеќе, да се договорам со мм, ако не ми смрчи, може да се договориме да ти го продадам моето, ново е скроз. За цена ќе се договориме
Заборавив и јас сум од Прилеп, така не ќе мора до Ск да одиш[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Столче за хранење (28.4.2015 8:11:07)

Столчето за хранење е една од најпрактичните реквизити за едно бебе.Јас не купив за првото дете пред 10 години,така поминавме[sm=smiley36.gif]За второто стварно имав потреба ,ама ај си викав демек што ќе ми е за некој месец и си останавме без ред во јадењето,сеуште се бркаме околу маса.Хранилката е да се воспостави ред и дисциплина во јадењето.да се знае каде е местото за јадење[sm=smiley1.gif]Затоа препорачувам хранење во столче




Felly RR -> RE: Столче за хранење (28.4.2015 11:57:50)

Навистина, и кај нас беше најискоритено нешто. И еве го уште е здраво, само сега бојата не му одговара. [sm=smiley36.gif] Некоја црвено - розева нијанса е платното, а масичката напред розева, и сега се мислам уште од сега, што може да се изведе, да му мениме боја, па да го искористиме и за второво. Ај за платното, си велам може нешто како навлака да му направам во друга боја, ама на масичкава што да правам - дека е пластика. Некоја идеја???




Страница: <<   < Претходна страница  8 9 10 [11] 12   Следна страница >   >>