pacuvce -> RE: Нова или позајмена облека (19.2.2010 23:36:00)
|
Сестра ми кога се породи пред 17 години,зет ми беше превозник и многу патуваше...И од преголема желба нон стоп и носеше на сестра ми гардероба за внук ми од секаде...Германија,Австрија,Швајцарија,Италија итн,итн,итн...Ако ви кажам дека внук ми сега има 17 години и е трета година средно и ако ви кажам дека во истите тие алишта се пораснати 4 деца досега плус мој Бојан сега,ќе ми верувате ли??? Зошто пак да не??? И јас сега повторно како му се намалуваат на Бојан,ги перам и ги пакувам,за кога внук ми ќе се ожени (оној кој сега има 17 години),ако сака да ги користи...Нормално дека желба секогаш постои да се купи нешто ново,сум купувала и јас,ама сега да купувам комплетно нова гардероба за бебе кое во рок од 6 месеци толку брзо расте,мислам дека е нон сенс...Ама ајде...
|
|
|
|