Mila mamicka -> RE: Нова или позајмена облека (30.10.2014 11:38:13)
|
Немам апсолутно ништо против позајмена облека или позајмена детска опрема. Се знае колку време се користи бебешката облека, и воопшто не го сфаќам како навреда доколку некој ми понуди облека од своето дете. Секако, тој некој би бил некој многу близок, како на пр, сестра, снаа, золва, јатрва, кума и сл. Меѓутоа, син ми е прво внуче во пошироката фамилија, ни брат ми, ни девер ми не се женети, ниту пак некој од првите братучеди, мои и на мм. Затоа, иако немам ништо против, сепак немаше кој да ми даде. Се од син ми чувам, здравје ќе си ги користам и за второто, а потоа ќе ги спакувам и ќе чекам дали мојата снаа или јатрва ќе сака нешто да земе. Ако не, сите ќе ги однесам во Домот за деца без родители.
|
|
|
|