ripce -> RE: Козјо млеко (29.12.2009 9:50:33)
|
Здравје во чаша козјо млеко и козјо сирење Се верува дека козата била првото животно кое човекот го користел за производство на млеко. Старите Грци и Римјани пиеле козјо млеко, бидејќи верувале дека е многу здраво. Козјото млеко содржи витамини, минерали, амино-киселини, квалитетни протеини, масти, а е добар извор и на рибофлавини. Козјото млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормалниот крвен притисок. Разлика меѓу козјото и кравјото млеко Козјото млеко се разликува од кравјото по бојата, вкусот и мирисот. Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д, па доенчињата кои се на исхрана само со козјо мелко можат да заболат од еден вид на анемија, т.н. мегалобластна анемија, која се јавува како последица на недостаток на фолати и витамин Б12. Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето. Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини и полесно е за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото. Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко. Здравје во чаша козјо млеко и во козјо сирење Козјото млеко е извор на високо квалитетни протеини, на витамини и на минерали. Еден литар козјо млеко содржи 32 грама протеини, што е доволна дневна потреба за дете од 11 години, односно 70% од дневната потреба на една трудница. Козјото млеко полесно се вари во желудникот, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење. озјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е ивор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам. Од козјото млеко се прави и сирење, кое е многу здраво. Во светот постојат 450 вида козјо сирење. Козјото млеко и сирење се препорачува за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот.
|
|
|
|