Манџи? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


profesorica -> Манџи? (4.9.2009 13:07:16)

Дали вашите деца јадат манџи или им готвите посебно?На пример Дамјан јаде секакви - грав, тава ориз, турли тава, компир манџа спанаќ, леќа...
Имам една пријателка со 16 месечно дете, значи еден месец е постаро од Дамјан и сеуште не му дава такви работи него посебно му вари и тоа брокулата ја вари пола саат?!И нормално дека нема да сака да јаде не му е убаво, си сакаат и они посоленко нели?




mother 29 -> RE: Манџи? (4.9.2009 13:10:42)

Marko jade se so jademe i nie.zavrsi toa koga mu pravev posebno.sega sme golemi i se si jade so isklucok na dve-tri raboti koi ne gi saka 




mami -> RE: Манџи? (4.9.2009 13:11:57)

почнувам веќе, се што јадеме ние јаде и тој..ми се смачи да готвам посебно.. е сега ептен ако јадеме ние тостови- атој нема сила да ги прегризе му ставам нешто друго, ианку, што има на маса тоа е за сите, па и тој не сака да јаде ако види дека кај него е различно во чинијата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Манџи? (4.9.2009 13:15:10)

Хаха да мојот е манџар и гравче ептен си сака надробено со лебче.А тостови [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]леле мајко мори тостови почна да јаде сабајле со тако му во 6:30, го гледа јаде и мм по малце му дава да гризне.




big_mama817 -> RE: Манџи? (2.10.2009 15:04:39)

и син ми сака манџи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mother 29 -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:18:30)

омилена му е грашок и компир манџа со малку лукче ммммммммммм!со сласт си ја јаде и тоа по полно чинивче![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:20:59)

ние ако може грашакот директно од конзерва да го јадеме, не во манџа и сите останатаи продукти..се повеќе личи на татко му во јадењето- не сака манџи и не сака многу многу мешана храна- се да му е свежо и исецкано на парчиња за господинот сам да јаде




mis. -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:22:13)

И моево многу сака компир манџа,се научи од градинка таму често му дават.А многу е периодичен.Еднаш сака а друг пат тоа што го сакал не го јаде.Ме става во недоумица што всушност сака а што не.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:23:12)

Мами па давај му свежи секако и со термичката обработка се губат дел од витамините и минералите.




mami -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:26:34)

па тоа и правам..со сестрами бркаат грашок воконзерва..многу се смешни и двајцата, седнале на маса, таа со конзервата пред неа, мојов со чинивче и неколку зрна и со прсти факаат и јадат..абе сум стоела од страна и сум се смеела незнам колку време, ама знаете колку слатко ги јаде...а манџите ќе почекаат. евентуално може мусака некогаш да касне или гравче тавче




profesorica -> RE: Манџи? (29.10.2009 13:32:47)

Дамјан јаде секакви манџи, гулаш, компир манџа, подварок, боранија(обожава)...




HristinAntonio -> RE: Манџи? (30.10.2009 0:23:51)

i antonio saka mandj osobeno grav, grashok i kompir mandja...pica saka(domasno pravena) a isto i burek jade si nema gajle:)))




Maca25 -> RE: Манџи? (7.4.2010 23:54:52)

Нина не сака манџи воопшто. Но јас приметив дека сака да јаде исто што и јас, односно не од нејзиното тањирче туку од моето. така денес направив леќа и и дадов од мојот тањир да јаде. И јадеше. ЌЕ пробам утре со некоја друга манџичка. Сигурно мисли дека јас на неа и давам да јаде нешто друго, а јас си јадам нешто убаво. Не знам, ама битно ми успеа денес.  




topce -> RE: Манџи? (8.4.2010 21:55:52)

од 10 месеци почнавме да ја навикнуваме на се да јаде, бидејќи ја подготвував за градинка.
така да се јаде малку имаме проблем со месото мора да биде мелено или добро исецкано за да не го примети и обавезно бара салатка, патлиџан или краставица или цвекло или зелка нешто киселко.
А тоа дека сака од нашите чинии да јаде точно е.веројатно не распознава, тогаш, дека исто јадеме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ама сега дури знае што е кратавица ,а што цвекло уште на изглед




baby mama -> RE: Манџи? (1.11.2010 23:35:06)

Da si jade mandzicki, i pravam pocesto samo ne gi zacinuvam mnogu. Mnogu saka gravce, ama prvo go pasiram niz cedalka za da nema luspi. A denovive primetiv deka ne saka leka i grasak. Saka i boranija.




Snowhite RR -> RE: Манџи? (5.6.2011 17:55:20)

Од 13 месеци некаде јаде од нашите манџи, не готвам посебно за него, освен кога ние јадеме нешто пржено, тогаш може за него да направам нешто друго




AnnaMolly RR -> RE: Манџи? (5.6.2011 17:56:52)

Филип веќе еден месец јаде од нашите манџи, значи од 11 месеци. Само не ставаме бибер и многу запршки, па јаде од тоа што јадеме и ние.
Некогаш му варам зеленчук и мевце само за него, ама се поретко.




AnnaMolly RR -> RE: Манџи? (5.6.2011 17:58:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Нина не сака манџи воопшто. Но јас приметив дека сака да јаде исто што и јас, односно не од нејзиното тањирче туку од моето. така денес направив леќа и и дадов од мојот тањир да јаде. И јадеше. ЌЕ пробам утре со некоја друга манџичка. Сигурно мисли дека јас на неа и давам да јаде нешто друго, а јас си јадам нешто убаво. Не знам, ама битно ми успеа денес.  



Истото и мене ми се случува. Од неговото чиниче не сака да јаде, туку од нашите. И тоа со мојата лажица или вилушка што јадам јас. Ако донесам друга лажица за него не отвара уста и цело време ме гледа како јадам јас, па и тој да јаде од истиот прибор.




AnnaMolly RR -> RE: Манџи? (15.8.2011 18:44:45)

Јаде манџи, лапа со сласт. Сега најново ни е да јадеме со раце. Ако има манџа, му макам со лепче и така само јаде. Со лажичка не сака да јаде, или со вилушка или со раце. 




Maca25 -> RE: Манџи? (15.8.2011 18:46:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Нина не сака манџи воопшто. Но јас приметив дека сака да јаде исто што и јас, односно не од нејзиното тањирче туку од моето. така денес направив леќа и и дадов од мојот тањир да јаде. И јадеше. ЌЕ пробам утре со некоја друга манџичка. Сигурно мисли дека јас на неа и давам да јаде нешто друго, а јас си јадам нешто убаво. Не знам, ама битно ми успеа денес.  


ова горе веќе не важи. Сега кога ќе ја прашам што сака да јаде вика: Манџа! Денеска во градинка јаделе компир манџа и многу и била убава.




Палешка РР -> RE: Манџи? (15.8.2011 20:55:33)

Миа не може без манџа и супа дневно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ресторантски тип си е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Martins mom -> RE: Манџи? (15.8.2011 21:45:49)

И Мартин мој многу јаде манџи. Срка леле мори мајко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




arh_diz -> RE: Манџи? (16.8.2011 9:18:41)

Marko nejade retki mandzi , i supa nesaka saka da mu e gusto.Taka da mama se prilagodi kon negovoto meni ista hrana jademe dvajcata[sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Манџи? (16.8.2011 11:00:09)

Kerkami si jade se..ne smeam da se zalam-grev ke me fati [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Манџи? (16.8.2011 11:14:42)

И Матеа си јаде манџи, нешто повеќе сака, нешто помалку, ама јас и давам од се што готвиме за нас.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>