Mila mamicka -> RE: Манџи? (17.11.2014 15:59:43)
|
За син ми готвевме посебно до пред 2-3 месеци. Ама пак му готвевме манџи. Сите ми викаа дека нема да сака да ми јаде од нашето јадење подоцна, ама јас не ги послушав. Причината поради која му готвевме посебно (зборувам во множина оти работните денови му готвеше се разбира свекрва ми), е тоа што, прво не сакав да му давам манџи со запршки, како што ги јадеме ние, а второ, заради тоа што внимавав двапати неделно да јаде телешко, двапати неделно риба, еднаш пилешко, двапати посна манџичка, со варено јајце изрендано во неа. Се разбира дека за нас не внимаваме колку пати неделно внесуваме некое месо или риба, па затоа сакав посебно да си јаде. Еден месец пред да тргне во градинка, значи на 2год и 4 месеци, почнав да му давам од нашите јадења и си ги прифати без проблем. И сега во градинка си јаде се.
|
|
|
|