Марко -> RE: Грчеви кај бебето- колики (19.4.2010 22:55:14)
|
Правило број 1 при грчеви: После цицање, задолжително држете го бебушот во исправена положба и потапнувајте го лесно по грпчето за да ждригне. И не само 2-3 минути, туку и до 20 минути, за да излезе целиот воздух кој е насобран во желудникот за време на цицањето. Тој е една од причините за појава на грчевите. Имајте трпение со држењето во исправена положба, за да имате мир ноќе [sm=smiley1.gif]. 2. Ако веќе се појават, правете гимнастика со ножињата (виткајте ги кон стомачето едно 10-15 пати и на крајот задржете 5-10 секунди) и дополнително лесни масажи на стомачето во правец на стрелките на часовникот (во тој правец се движи храната т.е каките во дебелото црево) и на тој начин ќе помогнете во исфрлање на гасовите и каките. 3. Не е препорачливо да се дава чај, онаков каков што користат возрасните, затоа што има стимуланси (нешто како во кафето, само во послаба форма). Ако можете да најдете специјален „чај“ за бебиња, тогаш од нив. Од обичниот чај бебето може да стане понервозно, раздразливо, плачливо и да не може да заспие. 4. Топло на стомачето помага. 5. Не претерувајте со клизми (топломер или било што друго во газето) користете ги во екстремни случаи ако не помогне ништо друго. 6. Ако доите, внимавајте на вашата исхрана. Не јадете премногу зачинета храна. Не пијте многу млеко. Пијте други течности (вода, сокови). 7. Ако е на адаптирано млеко, прво пробајте да му давате помали количества на повеќе пати, и посекако да се ждрига. Ако не помага и тоа, сменете го млекото. 8. Не ми текнува ништо друго сега. Поздрав.
|
|
|
|