RE: Грчеви кај бебето- колики (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


mis. -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.11.2009 19:45:35)

Многу почести се грчевите кај деца чии мајки додека дојат пијат кравјо млеко.Затоа им се препорачува на сите доилки да не пијат млеко.




Cacko -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.11.2009 19:53:45)

Sto znam toa za kravjoto mleko,jas pijam mnogu mleko(toa go pravam cel zivot,a ne za doenjeto) i nemase nekoi poizrazeni grcevi Elena.Koga podobro ke razmislam od ovaa distanca gledano(na kraj na vtor mesec sme) nie super projdovme so grcevite




Mucka -> RE: Грчеви кај бебето- колики (29.11.2009 21:55:34)

i rjesenje je :caj od komoraca....hippov...220-250d kutija![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




darija -> RE: Грчеви кај бебето- колики (30.11.2009 20:23:14)

jas i davam na kerka mi caj od kim ama ke pobaram od cajot za doilki uste utre i ke probam .ima denovi koga voopsto nema grcevi a koga ima silno place i davam i sirup od nurse hurvi i so nego se smiruva .inaku vnimavam da ne vnesuvam kravjo mleko a mnogu go sakam.koga kerka mi ke dobie grcevi mojot soprug vednas veli deka jas nesto sum zgresila vo ishranata.a tocno i deka podobro e da se izbegnuva zelka i graf grasak  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




topce -> RE: Грчеви кај бебето- колики (30.11.2009 20:27:25)

Нрс Харви или сестра Харви, сирупче, и дете слатко спие и многу пртка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
,а за јадење се си јадев освен чоколадо кое не смее до 6 месеци тоест додека го дои мајката да јаде зашто е алергенс.




Maria -> RE: Грчеви кај бебето- колики (30.11.2009 20:38:33)

Koga se rodi Ilija placese postojano od tie grcevi i nisto,ama bas nisto ne pomagase.Probav se od kapki,do caevi,vnimavav sto jadam i pak nisto.Se dodeka ne napolni 3 meseci i naednas se smiri.Neznam kako ke bideme so vtorovo,no mislam deka e razlicno kaj sekoe dete.




haley -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.12.2009 2:05:14)

Леле јас од тие грчеви сеуште не можам да се опоравам ма полууудев иако веќе месец и пол ги нема ..

Моето искуство сакам да го напишам во колку има некоја намачена мајка која чита и испробува разни работи...

Кај нас почнаа грчевите 4недела, започнуваа накај 5-6 часот и трајеа до некаде 1наутро.. Се работи за плачење, вриштење со еден ист интезитет со саати, со мало намалување од по 5-10мин и повторно врескање па кога јаде е тишина и повторно вресок.
Јас не дојам на формула е од 5ден.
Поради тоа што бев во лудило , каде се не отидов,  се консултирав и со други мајки што го имаат проблемот или го поминале и отпрвин се веруваше дека се тие аеро-колики.. па ајде тие Seb капки .. делуваше дека помага првите 2дена потоа повторно исто.. потоа давав чајче , коморач, па зрна ким , камилица.. ништо, nurse harvey's ништо.  Разни масажи , малку смирува но повторно бебето се мачи и плаче. Потоа си реков ај да земам да го нарачам тој ензимот лакатаза кој е потребен во цревата за да се справува со лактозата (шеќер  нели во кравјото млеко) ..   го ставав имаше изглед дека помага ама ионака нејзината беби формула е со доста ниска лактоза па и понатаму се мачеше. 
Тогаш случајно една пријателка ми кажа за еден производ во нови сад го прават , bebibion а и читајќи по форуми видов дека некои зборуваат за тоа и најдов некоја фирма која тоа го прави овдека каде што сум , во аптека ја немаа таа марка и ми понудија обични тие “добри бактерии“ , мали кесички , една на ден да растворам и да и давам во вода или млеко.  Следниот ден откога и ги дадов, коликите престанаа едноставно бебето ми се врати,  конечно  и го видов ликот зошто сите тие денови само расплакан лик гледав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] многу жално. 
Нејзе коликите и престанаа таман пред да наполни 2 месеци. И фала на Господ ,планетиве и сите галаксии за тоа :))  Јас бев на работ на лудило зошто сум сама преку недела , ненаспана, нервозна,претепана и не знам како да му помогнам на малото...  среќа што немав мотивација за да одам некаде зошто еднаш ми се деси да додека возам ( а малото позади урла ,вреска) јас истоштена сакав да се зачукам намерно во првата голема бандера што ќе ја најдам :))  
Отидов два три пати во тој месец кај педијатри (два-три различни) и често налетував на мајки со иста мака а педијатриве (СКАПАНИЦИ и Идиоти) систематски не’ откачуваа , во смисол, стрпете се , накај 3-4месец тоа проаѓа..  па потоа  “ПА БЕБЕ Е , нормално дека ќе плаче што очекувате вие “ (ова на сите им го кажуваат)??? и што да викажувам , испокарана сум со све што е лекар во радиус од 20км, и отворив yellow pages и сега одам во освојување на другиот дел од градот :))) или и таму ќе се доиспокарам или ќе најдам писмен човек кој завршил медицина. 

Од све што консултирав гледам дека дали бебето е на доење или не е , не прави некоја голема разлика, ако има јаки колики ги има и ти преостанува да се молиш на свевишниот.

Треба да се испробаат вака некои капки,чај(не премногу да се дава) , ако е доено - да избегнува мајката кравјо млеко поради лактозата)..    Ова со давање “добри бактерии за цревната флора“ како што јас дадов е една од опциите која може на некого да помогне. Мене мислам дека ме спаси со се бебето.

За крај:
постои и една друга теорија а таа е од оној  популарен Dr Karp дека бебето може да има такви “колики“ кои и не се у ствари стомаче проблем туку е нервниот систем.  Бебето некогаш одеднаш прима премногу информации(стимулации) светлина, гласови, ликови, слики, топло ладно,вода, мириси  и тоа ги надразнува до ненормална граница плус цревата кои се адаптираат, пораснуваат, третираат разни комплексни шеќери , ферментираат истите плус воздух голтнат го даваат тој добитен бинго џекпот кој ќе ве мрдне.
Затоа треба баш како бабите наши што правеле, бебе во ќебе, не многу дигање ролетна преку ден, не гости не шетање (освен малку надвор на воздух). .
Ова се’ се идеи, секако дека не постои некое правило .




Adrijana -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.12.2009 11:38:30)

Eva ima grcevi, pa i posto sme na adaptirano mleko, gi ima mnogu cesto, ama prvo posnavme da pieme cajce Plantex, a sega zemavme od Hipp caj od komoraca. Ovoj prviot cat pat pomaga ama ako ja stega mnogu meseto se e dzabe , a ovoj od Hipp vcera go pocnavme, zasega e ok ama pa i nemavme nekoi problemi, za ponatamu ke vidime dali e efikasen tolku kolku sto go falat.




profesorica -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 10:59:12)

Колики кај бебињата, како да им помогнеме?


Околу 20% од бебињата имаат колики т.е. грчеви во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот (кај недоносените деца и подоцна), а својот максимум го достигнуваат околу шестата недела. 

Што ги предизвикува коликите кај децата?


Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикува коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом. Дел од нив се поврзуваат со недоразвиениот систем за варење кај децата, но и со падот на хормоните (прогестеронот) од мајката, алергија или внесување на прекумерна количина  храна. Теоријата дека бебињата имаат колики само поради тоа што мајката е напната, е една од контраверзите. Иако се смета дека поверојатно е плачењето на детето да ја прави мајката напната и раздразлива, според некои автори и загрижената мајка може несвесно да  делува на детето и да го направи плачливо. Загриженоста на мајката можеби не ја предизвикува коликата, но секако ја отежнува.  

Како се манифестираат коликите?



Станува збор за здрави деца на возраст до три месеци кои ги манифестираат следните симптоми: · Гласно и долготрајно плачење кое може да трае повеке часови, неколку дена во неделата. Вообичаен период е од 6 часот попладне до полноќ, но некои деца плачат и во текот на денот. · Додека плаче, бебето ги собира нозете кон стомакот, ги стиска рацете во тупаници, ги витка прстите на нозете, а лицето наизменично поцрвенува па пребледува поради напорот што го предизвикува плачењето. Хранењето и спиењето се нарушуваат поради плачењето. Бебето бара да цица, но нагло прекинува откако доењето ке почне, или ќе заспие за момент, а потоа веднаш се буди врескајки. · Нападите на плачење вообичаено завршуваат со празнење на цревата или испушање на гасови.   Би морале да напоменеме дека нема две бебиња кои плачат на ист начин, со иста сила и се однесуваат на ист начин, но нема ниту родители кои на таа ситуација одговориле на ист начин.




profesorica -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 11:00:40)

Кај Дамјан траеја цели 10 недели и секој ден во исто време и со многу плачење.Одвај заспиваше.

Можеби ќе звучи смешно но, понекогаш го смируваше звукот на центрифугата од машината за перење.




profesorica -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 11:05:42)


Како да му помогнете на бебе со колики:

> Ставете го детето со стомакот врз топол термофор поставен на вашите нозе, во скут. Пробајте ја температурата на термофорот со внатрешната страна на рачниот зглоб.


> Држете го детето со стомакот на вашата подлактица, со лицето свртено напред на дланката и нозете префрлени над лактот може да биде од помош. Истовремено тапкање по грбот или благо нишање може да го зголеми ефектот.


> Чаевите подготвени од билки во чиј состав има масла кои ја намалуваат подуеноста и гасовите во цревата, може да помогнат. Се препорачуваат благи, слабо концентрирани чаеви од нане, анасон, камилица, маточина и др или нивна микстура, како што ги произведува фармацевтската индустрија. При тоа треба да се напомене дека нивната честа или прерана употреба (пред 1 месец) може да доведе до почести и потечни столици кај детето.




profesorica -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 11:10:58)

Еве уште некои совети:

· Држете го детето во поисправена положба кога го храните т.е. доите.

· Овозможете му поцесто да подждригнува.

· Кај мајките кои дојат, се препоражува во исхраната да избегнуваат внесување на; кравјо млеко, пијалоци со кофеин, зачини, зеленчуци и овошја кои поттикнуваат создавање на поголема количина гасови (грав, боранија, зелка, карфиол, цвекло, зелена салата и сл., како и сливи, кајсии, цреши, јагоди и други овошја во поголема количина).

· Избегнување на пушење во просториите каде престојуваат децата. Тој фактор може да придонесе за влошување на коликите, иако не е сосем јасно како влијае чадот од цигарите на потенцирање на симптомите

И за крај, да напоменеме дека иако коликите се мачни за детето, а воедно телесно и емоционално исцрпувачки за родителите, самата појава е безопасна и вообичаено исчезнува до четвртиот месец од животот.  




Iva -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 11:14:00)

Михајло немаше грчеви воопшто, додека кај Тео беа доста изразени. И тоа го фаќаа накај 12 на полноќ и траеа едно два - три саати со прекини. Тео го смирување тепкањето по пелената. Го зимав во раце и со едната рака го удирав по пелената одоздола ка газето. Од дрмањето се смируваше и заспиваше. И плус перниче со трици му ставав на стомачето. 




STRUMFETA -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.12.2009 11:36:05)

Profesorice, voopsto ne e smesno.Nie zaspivavme so femot za kosa, a koga go prgorevme, so masinkata za depilacija[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Весна -> RE: Грчеви кај бебето- колики (27.12.2009 23:45:06)

Уф, не знам дали Јана има грчеви или не. Ме интересира дали овие колики се пропратени и со кркорење на цревата или можеби е нешто друго. Јана има само 12 дена, па некогаш откако ќе ја надојам и се’ и’ е стокмено, ќе почне да плаче, те ќе се грчи те нема, но ете си плаче дури до зајдување. Свекрва ми и направи перниче од трици и се потсмирува. Но еве се’ повеќе и повеќе ме загрижува кркорењето на цревата... нормално е оаа?




Еца -> RE: Грчеви кај бебето- колики (28.12.2009 0:59:48)

Нормално е Весна, туку ти да внимавш на исхраната и да пиеш чај од анасон или ако ти е грозен земи пиј од оној специјалниот чај за доилки на HIPP баш пред некој ден и  педијатарот ми велеше да го пијам додека ја дојам, без разлика што нема Мила грчеви.




Весна -> RE: Грчеви кај бебето- колики (28.12.2009 1:12:10)

Веќе од вчера почнав со оној чај за доилки од билна аптека (микс од анасон, грчко семе, мајчина душица, ким, и уште еден беше ама не ми текнува). Инаку, слабо јадав, но сега е ОК, јадам зеленчукова супа и најчесто нешто за мачкање на леб. Навистина не знам што треба, а што не, сите различно кажуваат, па со некаков страв јадам :(




Еца -> RE: Грчеви кај бебето- колики (28.12.2009 1:14:22)

Весна не знам дали си ја прочитала темата, но еве ги нашите искуства што треба, а што не треба да јаде доилката КЛИК ТУКА




Весна -> RE: Грчеви кај бебето- колики (28.12.2009 1:26:13)

О, да да, секако дека ја имам читано и токму на таквата исхрана и се придржувам. Па и претходно така се хранев, особено во врска со млекото, никогаш не сум го сакала и сега изговор плус да не мора да го пијам ;)




mis. -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.1.2010 19:39:49)

Болката во стомачето на доенчињата се карактеризира со повторувачка болка во мешето и напади на плачење. Болките обично почнуваат од 10. ден и траат до крајот на 3. месец. Доколку има болка бебето плаче. При плачењето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Освен присуство на воздух во цревата, причина за болка во стомачето може да биде и растегањето на цревата од прејадување. Причина за болки може да биде и кравјото млеко доколку бебето се храни со такво млеко. Употребата на кравјо млеко е апсолутно непожелна и не е замена за мајчиното млеко или млечната формула. Исто така, може да се забележи почеста појава на болки кај хиперактивните, нервозни и напнати новороденчиња, а присуството на анксиозност и нетрпеливост кај родителите може да ја влошат состојбата. Како да му помогнеме на бебето при болка во стомачето? Пред се, треба да се истисне проголтаниот воздух од стомачето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените. Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување , така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот. Доколку бебето се храни преку шише со цуцла, треба да внимавате на отворот на цуцлите. Отворот не смее да биде премногу мал ниту пак голем. Доколку тече многу млеко, бебето мора брзо да голта, па голта и многу воздух кој потоа прави болки во стомачето. Како можно решение за спречување на болката во стомачето може да се обидете и со промена на положбата при доење. Можно е во одредени положби бебето да голта повеќе воздух, па доколку се промени положбата може да се намалат и болките во стомачето. Може да се обидете и со промена на типот на млекото, ако се храните со млечна формула. Доколку бебето тоа млеко го обработува со појава на грчеви во мешето, обидете се со друго, можеби тоа повеќе ќе му годи и ќе се намалат болките во стомачето.




Матеа -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.1.2010 22:40:54)

Ние правевме масажи на стомачето за кои претходно не обучи бабицата, а понекогаш и ставав термофорче. Подоцна купив Еупептин и тоа навистина беше многу ефикасно. Со масажи и чајчиња исто така се постигнуваше добар резултат.




Biljana Kar -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.1.2010 9:46:03)

Еве една убава идеја за грчевите, сосема природна (традиција од Швајцарија) - јастуче полнето со семки од цреши, се загрева и се става на стомачето - убаво лежи на стомачето и подолго време држи топло од термофор




dragana_vane -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.1.2010 10:13:47)

Jas koga se porodiv go doev moeto bebe samo 1 mesec, zosto nemav mleko. Potoa kupiv Novalac AC is um prezadovolna, toa e za bebe od 0+ meseci sto ima grcevi... pa taka mi pomogna mnogu , zosto ne osetiv Vidan da ima grcevi, meseto ne mi bese nadueno... i super si pominavme, ne plakase, pa taka go davav do 4 mesec. duri potoa smeniv na Novalac 1.
Go preporacuvam na site!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] 




Sasoxp -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.1.2010 10:28:42)

Kaj nas tie kapkite od bugarija sto se poracuvaa t.e. Sub simplex mnogu ni pomognaa. Inace toj sirupot nus harvi voopsto ne reagirase.




mami -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.1.2010 10:32:41)

Саб симплекс и ние користевме и од се само тие му ги смируваа. Никакви други сирупи и чаеви




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>