mis. -> RE: Кога последен пат си купивте нешто за себе? (13.11.2009 14:32:10)
|
еве нешто во склоп на купувањето. Живот во плакар Жените ќе добијат речиси една година живот повеќе ако престанат да губат толку време на бирање алишта. Доколку некако успеат да го изведат ова, тие сигурно ќе им го продолжат животниот век и на мажите, кои отприлика толку време минуваат чекајќи во кола. Одбирањето облека за работа, излегување, вечери, одмори, вежбална и слични активности, во текот на животниот век на просечната жена и одзема 287 дена. Најголем дел од ова време се троши на бирање облека за излегување во петок или сабота и за одбирање на вистински алишта за на одмор. Во просек жените на бирање облека трошеле по 16 минути секое утро пред работа а притоа тие најчесто ќе пробаат две различни облеки пред да се решат. Времето потрошено на истата активност, но пред излегување, изнесувало 20 минути (само на бирање облека, тука не вклучувајќи облекување и останати чекори од процедурата).
|
|
|
|