Еца -> RE: Кога последен пат си купивте нешто за себе? (27.12.2009 21:36:19)
|
Позната е опседнатоста на секоја жена за шопингот, на бизарноста никогаш и нема крај, па купуваат облека која со месеци стои необлечена со етикетата на себе. Уште полош е податокот што 79% од жените купуваат облека која знаат дека нема да ја облечат. Истражувањето го направиле Mycelebrityfashion.co.uk во кое учевствувале 1623 жени на возраст од 18 д 30 години. Жените постојано имаат пробелеми со телесната тежина па затоа 84% од нив во орманот имаат облека која ја чуваат да ја носат кога ќе ослабнат. Кога станува збор за стара облека, 46% чуваат облека стара и по десет години надевајќи се дека модата повторно ќе им се врати. Жените кои носат само дел од облеката во орманот како причина ја наведуваат навиката и рутината на живеење. Само 8% од нив ја носат цела своја гардероба, три од пет жени кажале дека имаат и по две исти парчиња од некој модел. Секоја трета жена кажала дека не е задоволна со својот стил, а половина од нив кажале дека финаниската ситуација не им доволива да се облечат така како што тие посакуваат.
|
|
|
|