|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 14:36:19   
Pepelaska *
Морам и јас да се замешам овде, затоа што кога бев иста ваква како Икана што кажува како јас да сум пишувала, тогаш само РР ми беше утеха.Уште една недела правиме 2 години од бракот и морам да кажам дека јас сум скроз сменета.Сега дали мм дошол во 3 попладне или во 9 навечер од работа, не ме интересира ама ич.Не знам некој погоре мислам имаше пишано дека кај нас бракот е се само не двајца, значи 3, 4 па и повеќе.Еве на пример денес сабота мм е слободен , М. е мирен и поголем време за нас можевме да имаме ако не се замешаа Х личности и пак цел ден нема да се видиме. Мислите дека се нервирам, ма сеедно ми е.Дете заспа, отварам РР , се лакирам ( за вечер на свадба) па ќе се бањам и отиде денот.ЌЕ си легнеме секој на своја страна капнати од умор и утре пак иста песна.Значи бракот носи промени и тоа какви ама се зависи како ние ќе ги прифатиме и како ќе го живееме животот во брак.Имам другари и другарки кои еден ден во неделата си посветуваат само на себеси, ( секако дека се наоѓа време).Се ми се чини дека си го прифаќаме она од некогаш , жената да биде жртва за домот и децата со товар плус што сега таа оди и на работа за да носи пари.Според мене потписот на хартија не требаи не смее да ја смени љубовта на двајца кои се сакале ама за жал кај нас некако како така да мора.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:03:12   
mamicki
Да не се разбереме погрешно. Зборував за субјективното доживување на самата себе во тој ранлив период. И јас имав грижа на совест да го оставам детето и да побарам време за себе, ми се чинеше дека тоа ме прави лоша мајкаuser posted image , што секако нема врска. Сега воопшто не се однесувам, ниту доживувам така. Си барам и си земам време за себе, на општо задоволство, оти не сум преморена, неуредна и исфрустрирана. Повеќе пати сум напишала, јас и мм живееме сосема сами, немам ни мајка ни свекрва на 5-10 минути со такси, туку на 150 км од мене, значи во приказната сме само ние двајца, и за добро и за лошо. Тоа многу ми го ојакна бракот, поделба на обврски- нема, секој работи и упаѓа онаму каде што другиот не може, без оглед за што станува збор. Времето и заедничите грижи и радости само придонесоа да бидеме уште поблиски. Понекогаш не можам ниту да се сетам каков бил животот во кој мм не бил присутен.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:09:34   
Ikana
Знам дека ќе помислите дека сум лигла невидена ама мамички ме расплака, зашто се до збор е точно, се чувствувам ко странец да има некој кој ги прави сиве овие работи а јас сум некаде длабоко заклучена во ова тело и не можам да излезам. Ме боли кога ќе ми речат луѓето дека не можат да ме препознаат на слика од пред само 1 година!!! Ме боли што мм ќе рече, леле какво маче беше порано....а сега што сум?? Кошмар!!! Ми пречи што сум незадоволна од себе, и така се затрупувам се подлабоко во тој магичен круг. А највеќе ми е жал за сопругот, кој е толку пожртвуван, толку смирен и мудар.
Имав многу различен живот од тој сега, буквално требаше да помислам на нешто и можев да го направам. Сега...трт, мрт, тесно е, не можам да мрднам. Да не зборам што на мм му се плаче каков живот и фирма и плата остави од кај што дојде. Да ен зборам како ми плачеше кога виде кај го раѓам нашето дете, а он мазен, пазен, култури и бон тонови препицан до немај каде. Не ми се верува кај се наоѓам, ко да сум се разбудила од некој сон. Се нервирам што не може да е он горд на мене, туку има само една беспомошна и тажна личност до него, исплашена од животот. Е тоа се смени кај мене. Ах само да ме знаевте претходно...планини рушев!!! Низ се поминував, депресии, операции, се!!! А сега, што остана....тепање пајаци, и гледање по прозори, од што нашиве се стари па сакам да ги смениме.
И не ми се верува дека ова го зборам, не ми се верува.

Ми се чинеше дека до крај на животот ќе бидам мрсна, запуштена, безволна домаќинка која кришум и со грижа на совеста пафнува по два дима од цигара украдена од сама себе на терасата, а потоа се обидува да ги сокрие алиштата од претходниот живот што подлабоко во плакарот, за да не пресече вени истиот момент!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:13:30   
annabela
Јас сум во брак 2 години и мене бракот како институција не ми смени многу во односите со мм. Мене ми е проблем средината. Имено јас сум од Скопје а се омажив и сега живеам во Охрид. Кога се селев тука сите ми викаа блазе тебе убав град со езеро па плажи па милина, арно ама јас тоа не го доживеав така. Јас си го сакав Скопје со сите маани и доблести како густ сообраќај, изгор топло лето, кочан зима со магли, мирисот на липи по партизанска на пролет, мирис на смог било когаuser posted image user posted image
Си имав работа динамична и помалку напорна која мнооогу си ја сакав и еден куп пријатели без кои некогаш неможев да си го замислам денот.
Иииии дојдов во едно мало гратче мирно , тивко споро каде освен мојот сопруг никого не познавам каде луѓето се некако многу крути диви не толку дружељубиви(нека ми извини некој од форумов кој е од Охрид ама моето искуство е такво)
Живееме сами тоа ми е голам плус никој не ми се меша во ништо....ама многу сум осамена и тешко ми е. Работа каква ѓто сакам неможам да си најдам по цел ден сум сама дома и мислам дека ќе полудам. Еве сега и трудна сум и сите стравови и дилеми сама ги поминувам. Сега некој ке рече ееее па не си преку света ене каде е Скопје ама не е исто верувајте да се отиде на викенд и да се живее таму....врските со луѓето се губат........се одалечуваш некако....не е исто.
Среќа што мм е најдобриот човек и кој ми е подршка за се....иначе не би издржала. Можеби забегав од темата, ама ете мене бракот поточно промената на средината ме промени мене лично, а не односот мој со мм

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:14:48   
Pepelaska *
Икана ќе помине се , верувај ми. Не сакам да филозофирам и да те тешам , ќе видиш дека наеднаш се ќе се среди и ќе се прашуваш дали тоа си била ти?
Мамички не мислев ништо лично за тебе, user posted image а за тоа дека што сте сами ви го ојакнало бракот апсолутно се согласувам и потпишувам.
Најпрост пример, кога нема никој дома, ( што е многу ретко) што и да ми текне ( макар и глупост) мм се согласува да го чува М. а ако има некој одма се потпира на некој друг.А со тоа се ослабува и бракот и врската меѓу нас а богами и татковската.


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:17:01   
mamicki
Икана мила, знам за што зборуваш, сум била таму. Верувај ми, ќе помине тоа, дај си време, но и земи време за себе, ама око да не ти трепнува! И ако можеш- што поскоро најди работа, веднаш по првиот роденден на user posted image , тоа ќе те препороди, ќе излезеш од изолацијата во реалниот живот. И друго- не биди безволна, присили се што повеќе да шеташ секаде каде што можеш. Бебето не е проблем, проблемот е во тебе, тешко ти е да ја прифатиш таа јас која што си сега, можеби не си свесна, но изолацијата по раѓање бебе е најчесто самоизолација.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:19:32   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Не сакам многу да мудрувам,но кога гледате дека се губите себеси посебно по дома со дете,викнете мајка,свекрва... да ви го причува и вие низ врата,на фризер,на прошетка,на кафе,,,извинете но можете и морате барем 1 ден во месецот да бидете свои.



Ова е НАЈДОБРИОТ совет којшто и јас постојано го следам и го давам на други. Јас и мм имаме договор барем двапати месечно да излегуваме сами и да се посветиме еден на друг. Секој брак си носи промени во животот, тоа е факт. Особено откако ќе дојде и бебе во семејството. Ама тоа не значи дека животот ни завршил, туку дека се сменил! Мене ме мавна постпородилна депресија, седев дома по пижами, плачев што не можев да мрднам до ве-це поради бебето што ми плачеше буквално цеееел ден, немав време косата да си ја измијам, немав време да излезам барем на тераса на свеж воздух...
Ајде поминаа 5-6 месеци и полека полека се стабилизирав, излегував надвор, шетав... Со мм слободно можам да кажам дека сме блиски како и порано, се правиме заедно, мислам и дека сум пишувала да имавме две шољи во ве-це, заедно ќе одевме и таму user posted image user posted image user posted image

Само треба ние самите свесно да се адаптираме на тие промени и да го најдеме најдоброто решение за да се чувствуваме среќно и исполнето.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:24:45   
Annet
eden moj profesor vikase-brak se dva oblaka koi lebdat i eden den ke se sudrat i nastanuva GRMOTEVICA,HEHE sega se setiv ,taka e......
tie sto imame decinja se nervirame od sekojdnevnite obvrski,nemanje vreme,se nabrzina pravime,ama koga ke go zememe vo race ke go bakneme deteto,togas svakame za kolku glupavi rab se nervirame

koga nemav dete,sekoj den se banjav,se sminkav se doteruvav,ama dusata ne mi bese vaka polna;-)))))

poleka, ke se navikneme na promenite,samo ette malku potesko se prezivuvaat i dozivuuvaat tie promeni ne sme site isti......

pominaa 3 god od koga sum vo brak,mislam deka mn se promeniv,pisav predmalku,pojaka sum,poodlucna,sega veke ne samo za mene tuku i za deteto.......
sedam doma ama kovam trista planovi za idninata.e toa e mojata najgolema promena,sto mojot um raboti non-stop,misli za idninata,porano bese od denes za utre,sto ke bide neka bide.ama sega ne e taka...........

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:28:34   
annabela

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Не сакам многу да мудрувам,но кога гледате дека се губите себеси посебно по дома со дете,викнете мајка,свекрва... да ви го причува и вие низ врата,на фризер,на прошетка,на кафе,,,извинете но можете и морате барем 1 ден во месецот да бидете свои.



Ова е НАЈДОБРИОТ совет којшто и јас постојано го следам и го давам на други. Јас и мм имаме договор барем двапати месечно да излегуваме сами и да се посветиме еден на друг. Секој брак си носи промени во животот, тоа е факт. Особено откако ќе дојде и бебе во семејството. Ама тоа не значи дека животот ни завршил, туку дека се сменил! Мене ме мавна постпородилна депресија, седев дома по пижами, плачев што не можев да мрднам до ве-це поради бебето што ми плачеше буквално цеееел ден, немав време косата да си ја измијам, немав време да излезам барем на тераса на свеж воздух...
Ајде поминаа 5-6 месеци и полека полека се стабилизирав, излегував надвор, шетав... Со мм слободно можам да кажам дека сме блиски како и порано, се правиме заедно, мислам и дека сум пишувала да имавме две шољи во ве-це, заедно ќе одевме и таму user posted image user posted image user posted image

Само треба ние самите свесно да се адаптираме на тие промени и да го најдеме најдоброто решение за да се чувствуваме среќно и исполнето.


Да лесно е ако имаш мајка во близина или свекрва или било кој за да ти скокне напомош, ама што ако си сама ама баш сама со мм и со бебето....кој тогаш да ми го причува за јас да одам на фризер пилатес или нешто слично. Јас кај да е треба да се породам и страв ме фаќа дека ќе завршам како мрсна дебела домаќинка со плачливо бебе бидејќи немам ни мајка ни свекрва

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:33:42   
Ikana
user posted image user posted image user posted image
Дефинитивно е самоизолација, од тоа чувство на вина што ако украдам еден ден за себе, ќе се осеќам ко лоша мајка.
Знам дека ќе се подобрат работите, и искрено верувам во тоа, но само страв ми е дека во мојата татковина тоа нема да се случи. И пред мене ќе стои уште еден предизвик, миграција во странство. А колку не сакам, не сте свесни!!! И се тешам и себе, и ммдека можеби ете тука ќе ни се посреќи, ама само повеќе и повеќе тонеме, да не зборам што мм не знае како да функционира во ова општество, бидејќи тука само 7 години од животот живеел. И знам дека е несреќен, го гледам, но истрпува се, и омаловажување и ниски плати и секојдневни тормозења од личности што 2 грама мозок немаат, само поради мене и бебето. И страв ми е ако не емигрираме, ќе се распаднеме. Нејсе, многу, многу ситници што прават една сериозна пречка. Извинете за истурањево, ама ако не сте вие, којзнае каков ќе ми беше животот. Затоа толку и си го сакам ова семејство, тука се пронаоѓам во секоја од вас, мината, идна и сегашна.

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:40:05   
temjana
Иканке ко ќе те подберам со еден стап ќе ти кажам депресии мепресии. Ставај лепотицата во количка и довлечкај го згодното газе до кај мене да ти направи дада нешто вкусно за папкањеuser posted image па и едно пеглање гратис ќе добиеш, може и некое лакче ќе ставиме на ноктињата ќе те вратам дома џоа Анџелина Џолиuser posted image

(Одговор на членот annabela)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:40:43   
Annet
user posted image user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

user posted image user posted image user posted image
Дефинитивно е самоизолација, од тоа чувство на вина што ако украдам еден ден за себе, ќе се осеќам ко лоша мајка.
Знам дека ќе се подобрат работите, и искрено верувам во тоа, но само страв ми е дека во мојата татковина тоа нема да се случи. И пред мене ќе стои уште еден предизвик, миграција во странство. А колку не сакам, не сте свесни!!! И се тешам и себе, и ммдека можеби ете тука ќе ни се посреќи, ама само повеќе и повеќе тонеме, да не зборам што мм не знае како да функционира во ова општество, бидејќи тука само 7 години од животот живеел. И знам дека е несреќен, го гледам, но истрпува се, и омаловажување и ниски плати и секојдневни тормозења од личности што 2 грама мозок немаат, само поради мене и бебето. И страв ми е ако не емигрираме, ќе се распаднеме. Нејсе, многу, многу ситници што прават една сериозна пречка. Извинете за истурањево, ама ако не сте вие, којзнае каков ќе ми беше животот. Затоа толку и си го сакам ова семејство, тука се пронаоѓам во секоја од вас, мината, идна и сегашна.


(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:46:36   
Џесика
За Икана и сите што се осеќаат неубаво, ви препорачувам да ја прочитате ако не сте (да ја имате дома за постојано разлистување) „Дамата, Домаќинката и Курвата“... мене таа книга ме извади од бедната во себе, како да ме акна од ѕид, да ме исплеска и ме подигна да почнам да ДЕЛУВАМ а да престанам да мјаукам... и да размислувам многу поинаку за животот, бракот, свекрвите, лошите тетки околу итн итн итн...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:57:37   
Ikana
user posted image user posted image user posted image
Дефинитивно ќе дојдам и кај тебе и кај Џас, и она ме подбра убаво, да ми е страв да писнам сега, меопколивте хахахаха!!! Ве сакам женички мои, а за книгава Џас, уште утре ја купувам!!!

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR

Иканке ко ќе те подберам со еден стап ќе ти кажам депресии мепресии. Ставај лепотицата во количка и довлечкај го згодното газе до кај мене да ти направи дада нешто вкусно за папкањеuser posted image па и едно пеглање гратис ќе добиеш, може и некое лакче ќе ставиме на ноктињата ќе те вратам дома џоа Анџелина Џолиuser posted image


(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 15:58:52   
mamicka77
ehe za nemanje vreme i ajs sum kako ikana  ne sum farbana 17m t.e otkako ostanav bremena samo vo 9 mesec staviv kna za na svadba i toa mi bese,ne sum sisana od oktomvri mesec ama ajde toa ke go manime resiv da ja cuvam za svadbata na bratuced mi do avgust, ovie 8meseca samo tripati se iamm nalakirano za krstevkata na kumasinkata NELA  za krstevanjeto na MILA nasata princezicka, i za veridba kaj bratuced mi ,a prethodno bev non stop nalakirana pa i toa so sekakvi dekoracii svetcinja i sl  sega jok ne stasuvam samo zacvrstuvac da stavam ne pa lak ne pa dekoracija za sminkanje posledniov mesec si go dozvoliv veke vikam sramota e da odam ne nasminkata kako cuma ama toa sekako samo koga izleguvame,za po gosti si odime si najdeme vreme sekako M so nas  ama celo vreme pesnicki i pee M na site kade i da otideme, za doteruvanje planirav koga ke pukne prolet pak da se varti starata A,vo suknica,hulahopka dekorativna,konduraama nisto od toa  sega bas mi gi vadea noktite na palcite na nozete i sum si pak vo farmerka i patika i zimno paltouser posted image user posted image ,od prstite ne smeam nisto da nosam i toa patiki 40br, za izleguvanje vo kafic samo ednska i toa so M ama aj za toa vremeto ne ni dozvoluva se e smurteno   uste ne e ubava prolet i mnogu drugi raboti na ne nabrojuvam,a sekako vreme za RR   se ima toa obaveznouser posted image user posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 16:13:25   
Melanija RR
annabela потешко е кога си во друг град,но полесно отколку во друга држава.На помош заборавив да спомнам се подразбира и сопругот.Пријателка ,сигурно имаш некој.Ако немаш останува само сопругот ,но сепак има начин,нели?
Меѓутоа промената во бракот не се должи само добивањето на дете,туку и околностите,финансиите,луѓето, карактерите ......темава е прилично длабока

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 16:24:14   
nanamkd
И јас да се приклучам тука... Мајка ми живее во друг град, со свекрва ми живееме во исти град но не можам да се пофалам дека ми е од некоја помош. Уште пред да се породам бев соочена со фактот дека треба да си се грижам сама за предизвиците кои ми следат (капење на бебе, пошто свекрвами не си ги капела своите деца, и ред др работи) индирекно ми беше дадено до знаење дека user posted image е моја обврска и јас треба да се грижам. Имам помош од мм колку толку… За излегување немам ни желба пошто да немаш излезено 6-7 месеци. Ако треба да се купи нешто за малиот и доколку свеки научи сите продавници ќе ги прошета и ќе ме извести што каде има, место да дојде и да каже снашке ке ти го причувам user posted image 1-2 саати излези види си што ти треба, ама за такво нешто само ќе сонувам... Ама како Што расте детето така ми доаѓа сила да и го треснам и да излезам малку и тоа по дуќани. За кафе немам ни помислено, пошто кога ќе се вратам од некаде ако сум излегла старите се изморени... Колку и да пишувам крај нема

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 16:39:38   
mamicki
Me inspiriravte so muabetov i otidov na frizer, eve me sega svezo fenirana i sisanauser posted image user posted image user posted image
Inaku, od nikogo nishto ne ocekuvam, no od mm - DA! Jas decava ne gi donesov vo miraz, so nego gi "specalivme", so zdruzen trud user posted image
Toj e na rabota- jas na porodilno. Koga kje se vrati, ima fora da jade, da pie kafe i - prezema dolznost! Umoren bil? Nishto, i jas bev umorna, so noze kako krofni, so mev do zabi, me klistriraa, mi butaa katetar, me operiraa... izdrzav. Sega toj treba da si go odraboti svojot del od roditelstvoto. Ama sega e vaka, a so prvoto bebe... se optovaruvav i se pretovaruvav sama sebe, se dodeka ne dojdov vo situacija za malku da se skrsam, da se urnam kako kula od pesok. Plus, koj idiotizam, imav griza na sovest bidekji ne sum dovolno ubava za nego? Oti jas cela razvlecena, a toj- kako decko, hahahah, Boze dragi, kolku sum bila naivna! Sega imam griza na sovesta ako ne sum dovolno ubava i sredena ZA SEBE, za jas da se cuvstvuvam dobro vo svoja kozza, oti samo ottamu ne mozam da pobegnam user posted image

(Одговор на членот nanamkd)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 16:46:39   
Maca25
мамички фала ти за последниов пост!!! мене ми требаше нешто вакво да прочитам!!user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 16:50:29   
arh_diz
Aman bre zeni izleguvajte od depresija , cuvajte zivci za starsot.Pa jas ako razmisluvav i se sozaluvav kako vas neznam sto ek se slucese so mene .Znaci zivejam vo milionski grad bez nicija pomos .Edna nedela otkako se porodiv pocnav so rabota od doma a od pred nekoe vreme me vikaat na sostanok , normalno sin mi so mene odi.
Brakot me napravi da pidam uste poorganizirana od oa sto bev , sekoja sekunda od vremeto nauciv da ja cenam .MM e toj istiot se nema voopsto promeneto pomagase i porano pomaga i sega niz doma.So dobra organizacija se e mozno veruvajte

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 17:07:47   
Andriance

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Me inspiriravte so muabetov i otidov na frizer, eve me sega svezo fenirana i sisanauser posted image user posted image user posted image
Inaku, od nikogo nishto ne ocekuvam, no od mm - DA! Jas decava ne gi donesov vo miraz, so nego gi "specalivme", so zdruzen trud user posted image
Toj e na rabota- jas na porodilno. Koga kje se vrati, ima fora da jade, da pie kafe i - prezema dolznost! Umoren bil? Nishto, i jas bev umorna, so noze kako krofni, so mev do zabi, me klistriraa, mi butaa katetar, me operiraa... izdrzav. Sega toj treba da si go odraboti svojot del od roditelstvoto. Ama sega e vaka, a so prvoto bebe... se optovaruvav i se pretovaruvav sama sebe, se dodeka ne dojdov vo situacija za malku da se skrsam, da se urnam kako kula od pesok. Plus, koj idiotizam, imav griza na sovest bidekji ne sum dovolno ubava za nego? Oti jas cela razvlecena, a toj- kako decko, hahahah, Boze dragi, kolku sum bila naivna! Sega imam griza na sovesta ako ne sum dovolno ubava i sredena ZA SEBE, za jas da se cuvstvuvam dobro vo svoja kozza, oti samo ottamu ne mozam da pobegnam user posted image


Taka e...potpolno za se..i fala bogu sto imam takov m....jas sum 2 pati nedelno na frizer..obavezno...nema nemozeme ....nokti...duri ukradovme vreme i za masaza...ne sum propustila NI EDEN rodenden,slava,proslava ili bilo kakva druga desavka.. nemam apsolutno nikakov problem da si go odnesam kaj mama...pa on uziva tamu..... e sega sekako toa ne go pravam za sekoja glupost...imam samo 2 problema ama izvorot e eden..mojata kilaza...taa me frustrira najmnogu...prvo voopsto nemozam da se sredam s kjeif zasto nishto ne mi stoi...vtoro..toa vlijae i na mojot sex zivot za zal...ama se trudam da veruvam deka i na toa eden den kje mu napravam SHIFT+DELETE

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 18:08:06   
Lalence
Морам и јас да пишам на оваа тема...Бракот и тоа како носи големи промени.Првата година од бракот мислам дека буквално си плачев ама баш секој ден никако не можев да се привикнам на новата средина.Потоа дојде и user posted image ...откако се породив мислам дека се променив 100 %,воопшто не бев таа што бев некогаш личев буквално на страшило несредена,нефарбана со ненаправени нокти УЖАС !!! Ова ми е веќе 5та година од бракот и почна полека се да си иде во свој ред.Малото има 4 год и 1 неделно обавезно испаѓам со другарките на кафе и воопшто не ме интересира што ке речел народот.Ха морам да ви кажам и дека редовно ми е сега средена косата и ноктите ми се направени.Заборавив да напоменам дека откако направи user posted image 1 год тргнав на работа и тоа многу добро ми дојде.Поздрав мамички и не се нервирајте се ке биде user posted image

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Промените што ги носи бракот!
21.4.2012 21:41:31   
blond
Цел ден ве читам и се мислам дали да пишам...
Потполно се чувствувам како Пепелашка и Икана.

Можеби мислењето ми беше за во друга тема, но очајно ми треба помош, а мм не го сфаќа тоа.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Се обидувам на секој начин да го привлечам неговото внимание.Ми фали претходниот живот. user posted image user posted image user posted image
Често си велам зошто не почекав уште неколку години за бебе, а од друга страна малиов не би го дала за ништо на светов.

Страв ми е плус тоа паѓам често во депресии. Мајка ми ми вели дека многу сум променета, не сум истата како порано, што е точно. Борбеност, упорност, креативност...ништо од тоа веќе нема кај мене...

< Поракaта ја уредил blond -- 21.4.2012 21:51:56 >

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Промените што ги носи бракот!
22.4.2012 1:49:02   
Lalence
Stapuvanjeto vo brak znachi prepolovuvanje na sopstvenite prava i udvostruchivanje na obvrskite i odgovornostite. Za lugeto bez moralna odgovornost ova e golem teret!

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Промените што ги носи бракот!
22.4.2012 9:34:02   
mamicki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lalence

Stapuvanjeto vo brak znachi prepolovuvanje na sopstvenite prava i udvostruchivanje na obvrskite i odgovornostite. Za lugeto bez moralna odgovornost ova e golem teret!

Многу цинична и неточна е дефиницијава user posted image
Ако на бракот гледате само како на челично ѓуле околу нозете, или пак ако така се чувствувате во бракот, тогаш ниту не стапувајте во брак, или излезете од него.
Бракот е една сериозна општествена заедница. Значи во брак не се влегува само поради тоа што ви се чини дека без некого не можете да живеете! Секако, љубовта е неопходна подлога, но темелот не е цела куќа!
Ниту од едно свое право не сум се откажала поради бракот, ниту пак би го сторила тоа! Тоа е најлошиот можен компромис што една жена може да го направи! Не сакам и не преземам ниту повеќе обврски и одговорност од идеалната половина што ми следува! Немам амбиции да глумам Атлас, за ништо на светот!
Во брак сум не поради тоа што морам, туку затоа што сакам да бидам, тоа е мој избор. Сеуште ми е животот поубав, попријатен и полесен покрај мм, но ако престане да биде така- секунда не би размислувала.
Бракот носи обврски, но и задоволства. Обврска се децата, но и бескрајно задоволство. Обврска е и брачниот завет, но големо е задоволството од редовен, сигурен секс неоптоварен со грижа на совеста. Обврска е домот, но незаменливо е задоволството на семејната топлина и сигурност.
Значи, ако не сте подготвени да трампите дел од мирниот сон, од личната слобода да одите и да правите што сакате, каде сакате и кога сакате за топла прегратка, мила детска насмевка и чувство на топлина и сигурност, ниту не влегувајте во брак, оти не ви е време.

(Одговор на членот Lalence)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Капење на бебето.
пеперутка16

Дали го капевте вашето бебе пред да ви падне папочната врвца?