RE: секојдневно капење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


tincule -> RE: секојдневно капење (16.8.2014 18:38:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Јас за кога има мочкани пелени ја бришам со влажни, на памперс од оние без парфеми и хемикалии и баш сум задоволна. Јекодерм и мачкам само кога ја банкаме и толку. А онака си ја мачкам со бекутан витамиска маст.

Него мене прашљето ми беше за дундето на женските бебенца, нели од кога ќе се родат имаат нешто како бело внатре, што мн тешко се вади. Дали е ова кај сите бебчиња или? Мене патронажната ми рече дека ќе се исчисти со тек на време, ама само дундето и е црвено, инаку е чиста цела, нема никакви црвенила.. а во тек на бањање не се вади само со вода, а јас пусти страв да фатам да затрлјам.... и сега незнам дали да запнам да го исчистам од еднаш или лека по лека .....[sm=zmeden.gif]

Мојата патронажна ми рече да купам цветови од камилица да свариме како чај нели со стерилна газа ќе и ги поминеш двете страни по еднаш, е сега јас некогаш со камилица некогаш чисто со водичка и стерилна газа и така и ја чистам, само биди мнгу внимателна сепак чуствително место и е тоа. А за бањање јас си ја бањам со некој француски шампон на органска база и имам и такво меко за тело и супер е да ви кажам, и ставм во кадичето и пењам и така си ја бањам накрај со шиста водишка ќе ја поеам и толку пошто има месец дена, а се бањаме секој ден сега за сега одсабајле после цицање зашто топло е ем ја освежувам ем летно време свашта и се лепи и некако не ми иде да ја бањам преку неколку дена бар сега за сега а зимоска ќе видиме.




deluxe -> RE: секојдневно капење (17.8.2014 14:30:17)

Него мене прашљето ми беше за дундето на женските бебенца, нели од кога ќе се родат имаат нешто како бело внатре, што мн тешко се вади. Дали е ова кај сите бебчиња или?


Исто имаше и ќерка ми кога се роди.Нас не советуваа да и капнеме 1-2пати од Нистатинот капките(кои ги ставаме во устето,за белите флекички).Нас тоа ни помогна,и капнав неколку пати после капење,и без никакво триење,само си исчезна.




kate18 -> RE: секојдневно капење (22.8.2014 14:50:42)

Бебушот наш има 2 ипол месеци и го бањаме секој ден,неколку пати сме пропуштиле сега,барам така правиме летово,кога ќе залади ќе изретчиме.Иначе имавме проблем со многу сува кожа на рацете и нозете, после проба на многу од скапите креми,Мустела стелатопиа,Веледа...проблемот го решивме со Еуцерин +20%омега и со Јекодерм, добитна комбинација за нас... [sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: секојдневно капење (18.9.2014 0:57:55)

Не дури ни во лето.Замивање,малку туш се случуваше летово 3-4 пати неделно,но баш бањање 2 пати во неделата и супер кожиче има




Dilina -> RE: секојдневно капење (19.9.2014 19:41:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Не дури ни во лето.Замивање,малку туш се случуваше летово 3-4 пати неделно,но баш бањање 2 пати во неделата и супер кожиче има


И јас сум ЗА за ваквото бањање, но мала ми е а и и створив некоја навика после бањање да ми заспива, но чим залади ќе пробам вака.




Mihaela 2010 -> RE: секојдневно капење (19.9.2014 19:46:11)

Do godinka ja banjavme sekoj den..neznam zosto ama ete ko sto vika dilina banjanje i spienje...zimno vreme dva do tri pati




sandriana RR -> RE: секојдневно капење (19.9.2014 20:08:51)

Еве не веќе 7 дена, и овој пат практикувам бањање преку 1 ден. Ова е и најнова препорака на патронажните сестри [sm=smiley1.gif], а и мене така ми се погоди ситуација дома - и мислам дека е во ред одмивање секојдневно, а класична бања на секој 2-3 ден.




Felly RR -> RE: секојдневно капење (19.9.2014 22:12:02)

Исто и ние како Михаела, до годинка мислам дека редовно се бањавме секојдневно. Летото дури и по двапати во денот. Здравје, за второ мислам дека би го применувала ова што го пиша сандриана.




caciana -> RE: секојдневно капење (2.12.2014 15:22:07)

Vnuka mi koja ima 1 mesec do sega ja kapevme sekoj den,obicno navecer,no sega vo zima ke proretcime,Samo ke go mieme gazeto,dodeka kapenje 2 pati nedelno e dovolno.[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: секојдневно капење (2.12.2014 15:39:46)

Jas prviot sinko sigurno go kapev sekojdnevno nekade dokaj desetiot mesec a moze i do godinata.Dodeka maloto sekojdnevno go kapev dokaj petiot mesec maksimum i posle pocnav preku den za na kraj da prodolzam so dvapati vo nedelata.Stoznam do godina kako sto pravev so prviot sinko mislam deka e preterano.Sepak sosema e dovolno da se kape po tripati nedelno posle tretiot mesec bebeto.[sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: секојдневно капење (1.3.2015 14:33:19)

И ние го бањаме скоро секој ден, се случуваше да не го исбањаме од разни причини неколку пати. И таоа еден ден само со вода, го мијам само газето, а следен ден со купка и шампонче. Мислам дека не е погрешно и ако не се бања секој ден.




hopeless -> RE: секојдневно капење (30.3.2015 15:29:22)

До 6 месеци ја бањав секој ден. Потоа на секои два дена.
Сега зимава некогаш и на 3 дена.
На лето сигурно ќе се бањаме секој ден.
А и малата ужива да се бања.




lukajana RR -> RE: секојдневно капење (30.3.2015 17:22:12)

Јас деца бањам во лето секој ден а во зима два до три пати во неделата,така практикувам откако се родени двајцата и сеуште така тераме




Malecka23 -> RE: секојдневно капење (22.4.2015 13:05:54)

Prvoto go banjav sekoj den do godinka.A sega ova sama si se cudam zassto go budam duri da go anjam koga sekoj den ke se iskaka ke go izmies sto gaze sto nagore.Ama se ete taka nesto te vodi kako prvoto taka vtoroto iako mislam deka navistina nema potreba




Mihaela 2010 -> RE: секојдневно капење (22.4.2015 14:46:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Prvoto go banjav sekoj den do godinka.A sega ova sama si se cudam zassto go budam duri da go anjam koga sekoj den ke se iskaka ke go izmies sto gaze sto nagore.Ama se ete taka nesto te vodi kako prvoto taka vtoroto iako mislam deka navistina nema potreba

Isto i jas.do godinka den ne promasiv.do dusa leto ne fati i toplo bas ubavo, da bese zima a tolku malo mozebi ke preskoknuvav.so vtorovo isto si zateravme sekoj den ama vo pravo si moze i samo gazeto pa da bide banjanje preku eden den




Snowhite RR -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 10:58:36)

Ете моите двете се во зима па јас секој ден ги капев, плус Јана на секое какање ја одмивав. Кога дојде мај, оган не палевме, со греалка толку не може да се затопли и ми беше повеќе страв да не им достуди и почнав поретко, односно преку еден ден да ги капам. После во лето се разбира пак од жешкото ќе се испотат повторно секој ден ќе ги шлакаш и тоа. Значи јас до кај 3-4 месеци ги капев секој ден, после преку еден, а веќе есента зимата и преку два или еднаш неделно, а газето се разбира секој ден




marchi -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 13:37:29)

pa i letno vreme nie sme zatopluvale vo prostorijata malku.sto znam zimno vreme povekje mi se parvi kejf za sekojdnevno kapene,doma toplo si e




Neurotoxin RR -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 13:44:32)

Завршував факултет и одевме на пракса по клиникиве. Кога бев на педијатрија реков ќе запамтам се што тука ми кажуваат. Во однос на бањањето секој ден и користењето на козметика за новородени и бебе, значи следеше муабетот, дека бебето како што има интензивна делба на клетките затоа што расте, интензивно се лачи и заштитни материи кои го нормализираат хидролипидниот слој за да не дојде до оштетување (ова е исклучок кај бебешката кожа која од одредени причини ја изгубила оваа функција). Бањањето исто така заради купките/шампоните и самата вода ја суши кожата, ја менува пх средината и потоа станува незаштитена и склона, особено на габични инфекции. Исто ни рекоа, мирисот на самата козметика и самата реклама на истата се оние кои ни ја ставаат употребата на истите во секојдневието.
Имам уште да разглабам на темава, но ќе избегам од истата а и може да се изгубам попатно. Јас после 6 недели ја бањав преку еден ден, летото може повеќе зависно од потребата, но пак гледав да биде преку еден ден.




Malecka23 -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 14:23:20)

Apsolutno e taka bas kako sto kazuvas.I navistina mene ne mi e jasno od kade ni doslo na nas deka bebe moralo sekoj den da se banja[sm=zmeden.gif].Na zapad konkretno pr vo Germanija e dozvoleno od pedijatri ednas nedelno banjanje i sekako gaze moras da izmies i bas potencirano osobeno vo prvite 2-3 meseci.




marchi -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 16:31:46)

i jas taka znam.kako sto pisa Neurotoxin.jas sumbanjala 2-3 pati nedelno imam komentirano prethodno.ne znam zasto sekoj den gi banjaat bebinjata.promivkata e sosem dovolna za higiena,bebeto ne se poti tolku da se banja sekoj den.kaj nas vo bolnica koga gi banjaa decata eden den go banjaa celo a drugata den go odmivaa.




Hopeful RR -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 16:37:19)

И јас го имам слушнато овој муабет, конкретно од искуство во поразвиените земји (Велика Британија), каде што не се препорачува никаква употреба на козметика, туку само вода.

Neurotoxin, и на тоа мислеше, ако добро те разбрав? Преку еден ден и само со вода, или? Исто така, што е со влажните марамчиња, можеби не треба ни тие да се користат?




Neurotoxin RR -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 16:46:14)

Преку еден ден ја бањав, можеби целосно ќе ја бањав, ама косата не и ја миев со ништо, а на телото само со вода да. Косата не и ја миев преку еден ден, се случуваше еднаш или двапати неделно, зашто се роди со многу коса во ноември и ми беше страв да не ја разболувам. Е во лето и ставав и шампонче зашто многу се поти, се лепеше како возрасен човек, ама пак преку еден ден, во најтоплите денови и полнев базентче во двор и така се разладуваше, само со вода. И тоа чисто ја бањав заради пеленската регија. на изложените делови само ствавав крем, лицето, рачињата... Едно време снемав и ништо не ставва на лицето, ама па си навлеков друг проблем, бела е многу и чувствителна е, па изгледа и се уништи заштитната бариера, сега некако ја средив. Значи дозволени се креми и лосиони, али само на делови кои се изложени на надворешен фактор (тука спаѓа и газето [sm=smiley36.gif] )




Mihaela 2010 -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 16:58:15)

Od kozmetiki pri banjanje i jas osven sapynce za gaze ne koristam nisto.i sum protiv sekojdnevno kapenje.toa ostanalo od starite deka bebe raste u voda dur se banja.primer da i kazam ba majka mi deka nema da ja banjam sekoj den lom ke me napravi[sm=smiley36.gif]
A i kaj stomaceto kozickata i se lupi neznam sto da koristam ili da ostavam pa samo od sebe ke se iscisti




Neurotoxin RR -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 17:05:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

A i kaj stomaceto kozickata i se lupi neznam sto da koristam ili da ostavam pa samo od sebe ke se iscisti


Во однос на ова пробај со јекодерм или маслени капки а + д, ако ти мириса лошо јекодермот. Баш од оваа причина, ако се лупи и е сува и требаат маснотии да се обнови, а водата и средствата за бањање би ја досушиле и иритирале.




marchi -> RE: секојдневно капење (23.4.2015 17:23:15)

jas nisto ne koristev za lupenjeto na kozickata,posle 1viot mesec pocna da se lupi na liceto na gazeto i na ramenicite,ne b risev samo tapkav so krpa koa se banjavme.nisto bukvalno ne koristev od kozmetika




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 7 [8] 9   Следна страница >   >>