Octavia
|
Јас секогаш, ама секогаш имам алишта за перење... и не знам како изгледаат празни корпите, сериозно . Многу алишта се собираат, ама и јас комплицирам малку. Не мешам наши алишта со облека на децата, никако не перам заедно долна облека со постелнина, пешкири и кујнски крпи (Имаше истражување на оваа тема го најдов на интернет и не можам да замислам да ги мешам), значи една машина за вриење наши неделно, една од поголемото (за него доаѓа на 10 дена), една за вриење на помалото дете облека, една со постелнина, пешкири и кујнски крпи бели, една машина со шарена постелнина, пешкири во боја, бањарки (по потреба), една со шарена облека на децата, една наша со шарена облека, една машина наша темна облека (ова на 10 дена приближно), една со темна облека од поголемото... И сега кога читам ми личи премногу, ама многу облека ни се собира, што од валкање, што од потење за децава, облека за на школо, на пр. па за на тренинг, па за дома, за во градинка... А еве сега ме чекаат крпите за прашина закиснати да ги исперам на рака, порано и за нив пуштав посебно машина, ама за да не чекам да се собираат, еве некое време пробувам на рака... А да не зборам после толку перење дека треба и да се испегла. Не ми пречи да пеглам, ама многу време одзема. И да, збеснувам со струјава сега зашто скоро секогаш чекам евтина струја навечер за да пуштам машина и уште толку ми се комплицира се .
(Одговор на членот miana)
|