AnnaMolly RR -> RE: Првиот роденден на Вашето дете (14.3.2012 11:25:20)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR Луѓе и јас сум пред истата мака! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Треба веќе да почнам да размислувам, сакаме да правиме и крштевка и роденден и не знам како да ги искомбинирам двете работи. Дечиња за во игротека немаме, и тие што ги има се уште бебушковци. Знае ли некој да ми препорача некое културно ресторанче (без народни и скраја да е турбо фолк музики) во центарскиов регион со нормални цени? Мекици правевме во Фурна ама некако соленко искочи на крај. Хелп! „Јана“ ти е супер ресторанче, културно, тивко, отмено, створено за семејни собири, кај Центар за странски јазици „Јана“ е мнооогу убаво, и ние таму прашувавме за роденденот, ама не да беше солено, туку пресолено. Некоја невидена цена беше од 9-10 евра порција (без разлика дали сакаш даски или како свадба секој посебна порција) и плус тоа без пиење, пиењето не е во цената, се плаќа кој колку испие. Ние правевме во „Бисера“, Аеродром, цената е 8,5 евра сосе пиење. Ордевери со сувомеснато, пирошки, кашкавал и сезонска салата, главното јадење три вида месо и десерт не одбравме зашто нели има торта. Пиењето е вклучено и неограничено (пиво, вино, сокови, к. вода). Супер поминавме.
|
|
|
|