Mila mamicka -> RE: Првиот роденден на Вашето дете (21.5.2014 12:53:28)
|
Бев многу возбудена за првиот роденден на син ми и го спремав два месеци однапред. Го чекавме во ресторан. Имавме околу 60 возрасни и 15тина дечиња. За јадење и пиење имаше од пиле млеко. За да не им биде досадно на дечињата ангажирав две маскоти, Мики и Мини кои ги забавуваа дечињата еден час, што на крајот заврши со дување на свеќичките на тортата. Тортата исто беше со Мики и Мини, и цел роденден беше во нивниот знак. Декорирав посебна маса за дечињата, со капи и се друго, и уште една маса на која беше поставена тортата, имаше детски шампањска, лижавчиња, бонбони и сл. Имавме ангажирано и камерман и фотограф, а во позадина одеа детски песнички. Се на се, се беше така како што си замислив. Син ми, иако беше мал, не сакаше да спие од возбуда, дури во 12 и пол си отидовме од ресторанот. Се вкупно, ресторанот, маскотите, декорациите, тортата, камерманите, не чинеше околу 60.000 денари.
|
|
|
|