Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 15.3.2012 8:13:37
Snowhite RR
После 2 и пол месеци пауза и ние почнавме да одиме повторно од понеделникот, сега е во друга група кај поголемите и засега е супер, освен што на сабајле малку му е тешко да станува, ама ќе се навикни, еве веќе почна порано да заспива, ако пред тоа заспиваше во 23-23,30 сега во 22 е заспан, а полека, полека планирам и уште порано да го навикнувам
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 15.3.2012 8:51:34
Emanuelapp
ИЗВОРНА ПОРАКА: Emanuelapp
И ние од 1 април почнуваме во градинка веќе му зедов брисеви пред една недела и си обезбедив потврда од матичниот и за вакцините. Душичка на моменти ме фаќа жал дали ќе се навикни додуша не е многу приврзан за мене ама се плашам од бактерии и вируси ама ајде како сите деца така и тој ,исто така се плашам со јаденњето јади само блендирана храна (моја грешка) има да си повраќа таму додека се навикни.
За ова баш не треба да се секираш, таму во јасли како и да е им даваат се блендирано. Со пасирано почнуваат тек после, кога ќе наполнат по 2 години најмалку и кога ќе бидат во друга група.
E баш ме утеши навистина се грижев за тоа ајде со Господ напред и ние убаво ќе се прилагодиме во градинка и ќе бидиме помирни и не толку темпераментини се надевам ќе заборави милост да искажува со корнење коса, штипење и шкаланици е таму ќе си јади ќотек ако не е мирен (барем нема да гледам оти мене ми е жал кога ќе го удрам, по раче се разбира)
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 18.3.2012 20:52:13
Natuska85
Мамички а по колку саати остануваат вашите деца во градинка?Знам дека има еден период на адаптација,прво саат,па два,па без спиење, па со спиење...Ама прашањето ми е тука пошто ние кога веќе ќе почне целодневна да останува,ќе треба да го оставаме кај 8.30-8.45 и да го зимаме во 5 дури .Се мислам дали да бара жена да го зима во 3 да не е многу до 5 . Вашите до колку обично седат во градинка?
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 18.3.2012 21:28:17
blue_blue
Moite gi zema baba okolu 15:00, najkasno do 15:30 se sekogas zemeni. Dve pricini, 1. Vo gradinka nisto ne se slucuva posle spienje, t.e. vo zanimalna se samo so neguvatelkata koja samo gi cuva i evaj ceka da si odi doma.2. Kaj mad vo gradinka ostanuva po edna neguvatelkata posle 16:00 (ustvari veke vo 15:45 se nosat decata na kup) i taa gi cuva decata od site grupi, od najmali do najgolemi. Obicno e taa nekoja najnova po staz i e luta sto mora da sedi posledna, pa obicno decava sedat na stolce ko popcinja i cekaat da gi zemat. Moj sovet, ako mozes da si dozvolis zena, zemi si i nema go pribira vo 15:00
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 18.3.2012 22:43:10
Felly RR
Натушке прашајте си во градинката како е - дали ги собираат сите деца заедно после 16, а и другите дечиња од групата до кога остануваат. И ние ја земаме Матеа околу 15:30. Во 15 имаат ужинка, и веќе после тоа почнуваат сите да ги земаат дечињата.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 19.3.2012 8:58:31
blue_blue
Натушке, тие што немаат баба си седат додека не ги земат родителите, сите на куп со една негователка, некогаш и со чистачката (мада у градинка ќе ти речат - не нема везе обавезно има барем по една негователка). Градинките мораат по закон да обезбедат чување до 18:00 и они вака го обезбедуваат, барем во нашава градинка, а и во многу други. Јас не знам за државна градинка каде сите негователки седат со своите групи до 18:00. Е сега за јасли не сум сигурна, може таму пошто се мали секако останува една да ги чува децата од јасли..Кај нас имаше три групи во јасли, ама моите беа во најголемата кога тргнаа во градинка (имаа 2 години) и важеше ова правило, ако не ги земеш до 15:45 учителката ги носи долу кај поголемите деца (групите од јасли беа на спрат и беа издвоени од поголемите деца) и сите на куп седат со една негователка...Воглавном нема многу деца што остануваат после 16:00 и тие што седат само седат на клупа и чекаат да ги земат...Оваа година ги преместија во бараката која е до главната зграда и пак е исто, ако не ги земеш до 15:45 ги носат сите со јакни и кондури облечени во главната зграда каде сите седат на куп со една негователка.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 19.3.2012 9:07:14
blue_blue
моите кога тргнаа во градинка имаа 2 години. беа во некоја си втора група јасли, односно најголема во јасли, сите деца со нив беа на сита возраст. Учеа многу работи - цртаа, пееа песнички, боеа со водени боици. Од градинка научија една песна зајко шепи грее, па таа со скокање ја покажуваа.Тргнаа во септември, а веќе после нова година знаеа сами да јадат. Јас многу сум задоволна од едукативниот дел, таа што им е воспитувачка ептен ги учи и ептен е трпелива со нив. Оваа година си продолжија истите деца со истите учителки и сега не знаете што се учат - прават тори од тесто, од пластелин овошја прават, цртаат, сечат, лепат колажи, песни, стихотворби еден куп имаат научено, сами се облекуваат/соблекуваат, диплат алишта и ставаат во шкафче, скоро никогаш не се потурени со храна. За 8 март правеле честитки, навистина многу учат. Учителкава им чита приказни. Не знам дал е различно во други градинки - најдобро е да си прашаш.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
M vo april ke polni 2 godini ,i planiram povtorno da ja zapisam vo gradinka (neli ja otpisav),pa sakav da ve prasam vo koja grupa bi bila,citav negde deka gi stavaat vo vtora grupa od 2 do 3 godinki,i ako znaete da mi kazete so sto gi zaimavaat decinjata na ovaa vozrast?Bidejki imav loso iskustvo prviot pat,sega dobro ke se rasprasam koi ke i bidat ucitelki,prethodnite bea zanikade,totalno nezainteresirani,so kafence i cigarce postojano nadvor..
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 19.3.2012 10:43:56
Luci
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR
А тие што работат до 5 и што нема кој да им ги зима . Ајде мамички пишете ми тука во Скопје како е?Има дечиња што остануваат до 5?
Работното време на нашата градинка (Буба Мара во Ново Лисиче)а и на сите други мислам дека е од 06 до 18 часот. Мм М. го зима во 15ч ама има многу мал број на дечиња што остануваат и до кај 17ч зашто родителите тоа време се враќаат од работа. Е сега проблемот е храната, да не биде гладен К. зашто ручекот им е во 12ч а втората ужинка е во 14.30ч
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 24.3.2012 19:05:38
mila mama
Бррр страв ме фаќа, треба да почнеме во градинка за 1 месец, појма неам како ќе биде, со станување рано пред се, зашто мојава принцеза до 10-11 спие...
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 11:02:23
Natuska85
Денес втор ден сме во градинка и воспитачката го пофалила дека бил многуу подобар од вчера.Мм го зема, бил малку уплакан ама ептен малку.Му кажала дека ако вака продолжи брзо ќе се привикне .Може и гладно ми беше вчера детето .Затоа сабајле пиевме и млеко и се накркавме па го однесовме.
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 11:19:33
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR
А тие што работат до 5 и што нема кој да им ги зима . Ајде мамички пишете ми тука во Скопје како е?Има дечиња што остануваат до 5?
И јас се чудам дали некое дете останува после 5?!?! До сега работев до 4 па некаде околу 4:30 ја земав Нина, но што би било да работа до 5, па уште пола саат до градинка...Во градинка кај Нина ми имаат кажано дека повеќето деца си одат најдоцна до 4:30. Гледам дека после 16:00 сите групи ги префрлаат во една просторија со една негователка. Значи и деца од големите групи и бебиња од јасли.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 11:46:54
Viktori
Ама прашањето ми е тука пошто ние кога веќе ќе почне целодневна да останува,ќе треба да го оставаме кај 8.30-8.45 и да го зимаме во 5 дури .Се мислам дали да бара жена да го зима во 3 да не е многу до 5 . Вашите до колку обично седат во градинка?
Натушка, градинките имаат работно време од 6 со 18. Пишува и во договорот за упис. Инаку моите деца седеа до 5 или 5 и 20. И тука има деца што остануваат подоцна во градинка или во училиште. Дали е многу или не, искрено мислам дека не е многу.
Не знам дали ти се исплаќа воопшто да земаш жена за 2 саати и дали некоја би се нафатила да работи 2 саати.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 11:49:05
AnnaMolly RR
Јас кога работев до 17 се договорив со шефот да си одам порано еден час, па после си одработував од дома преводи. Сега сум до 16, во градинка сум во 16:40 и тогаш има бајаги деца кај Филип во градинка. Сите се во една група префрлени после 16 часот. Кај нив во градинка на табла има огласено дека до 17:30 најдоцна треба да се земат децата. Еднаш мм задоцни на работа и беше во градинка во 17:20, а Филип бил сам со учителката. Значи најкасно до 17 часот сите си одат. Некако ако можеш договори се на работа порано да излегуваш, Натушке.
Сега го носам Филип од 7:30 до 16:40 седи таму. Многу е, ама па немам друг избор.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 5.4.2012 11:50:27 >
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 12:59:19
Emanuelapp
Еве ние одиме в градинка 4 дена, само првиот ден го зедов во 12цасот и од тогаш го оставам до 4и15 часот . Супер си се адаптира се си јадел , спиел си играл додуша многу бил хиперактивен ама тој си е син ми (за то го пратив в градинка мала шала) Многу сум задоволна и од градинката најаден, наспан ,свеж супер ми е сега си имаме еден ред
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 5.4.2012 17:49:25
Elce
Ние одиме во градинка од 13 март Сара имаше 8 месеци и 25 дена,првиот ден остана само 1 саат секој нареден ден го зголемувавме времето за половина час,тогаш плачеше и на оставање и на земање,црвени и беа очињата и ми беше лута кога ке ја земев.После фати стомачен вирус и недела дена седеше дома.После тоа мм ја носеше и пак првиот ден остана само 1 саат како одново да почнуваме.Бидејки јас почнав на работа мм си ја земаше и ме чекаше мене да се вратам од работа јас кај 14:00 часот си доагам се договорив да одам скратено овие два месеци,па потоа тој се вракаше на работа до 21:00 часот,многу напорно му беше ама немавме друг избор.Денес еве јас си ја зедов во 14:00 часот и не плачеше беше наспана,најадена,единствено имаме проблем со течности не им пие ништо.Е сега кога ке одам на работа со цело раб.време до 18:00 или 19:00 часот а мм е до 17:00 часот незнам како ке успеваме да си ја земаме порано,кај нас во градинка ни рекоа дека во 17:00 ставале клуч на врата.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 6.4.2012 9:02:55
Viktori
кај нас во градинка ни рекоа дека во 17:00 ставале клуч на врата.
и на нас така ни викаа. Ама во договорот фино си е напишано дека градинката работи од 6-18. Тоа што на нив не им се седи до крај, па кажуваат до 17, тоа е друг муабет.
Провери си го договорот. Мора да е напишано работното време.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 6.4.2012 12:19:58
Elce
Да така е,пишува до 18:00 часот но дека сме нови сигурно намерно така ни рекоа,инаку Виктори Сара оди во градинката каде што одат или оделе твоите деца,извини не знам точно на која воздраст се твоите дечиња.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 6.4.2012 14:28:13
blue_blue
не е муабетот што пишува во договорот. Сите знаеме дека мора да работат од 6 до 18:00. Поентата е што се случува во градинка од 14:30 кога ќе станат од спиење па до 18:00. Трагично е што не се случува ам абаш ништо и ти како родител немаш механизам тоа да го промениш пошто таква им била програмата. Да, детето ќе ти седи во градинка до 18:00 нема да го остаат на улица, ама кутрото баш тоа ќе прави - ќе седи...После 15:45 ќе седи и со други деца и со друга учителка (една за сите деца од цела градинка) и таа ќе пизди дека е она мора последна да седи. Сега Виктори ќе рече - нејзин проблем и така е, ама станува мој кога тоа што она е исфрустрирана што седи последна се рефлектира на моето дете - читај иде надвор да пие и да пуши и ги остава сами децата (ќерка ми имаше еднаш вакви трауми од таа дежурната пошто останале децата сами и мојава мислела дека ги заборавиле и никој нема да дојде да ги земе), им вика дека ако не седат мирно на клупа нема да ги земат од градинка и ред други работи. И сега знам Виктори ќе рече - кажи или кажи и на директорката...да и? Ќе ти речат не правиме така овде има ред...абе ај!!! така да како родител не гледам што избор имам - очигледно не можам јас да ги опраам пошто не постои механизам, пошто на таа учителка ништо нема да и се деси ако јас и вие се жалиме и она го знае тоа. Најмогу што може да и се случи е да и намалат од плата, ама само ако ептен некој таму ја фатил на пик..И толку...Верувајте се сум пробала за вакви работи во градинка, и со нив да зборам и со директорката повеќе пати, не бре ништо не се менува. Така да гледам што можам кога можам и каде можам да ги заштитам децата, па ако не мора да идат на дежурна не идат...Ги зема баба им во 15:30.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 14.4.2012 20:47:31
*Bucka*
Nie odime vo gradinka 11 Oktomvri vo Butel. Na Jakov mu e odlicno, saka da odi, brzo se privikna, odi od 8 meseci (sega ima 15 meseci). Zimava super ja pominavme, bez nastinki, virusi (iako 4-5 deca od negovata grupa lezea vo bolnica so majkite zaradi bronhopnevmonija). No, poslednive nekolku dena negovatelkite gi iznesuvaat nadvor, obleceni po tenki bluzicki kako sto sedat vnatre, ne im gi oblekuvaat duksercinjata, a vremevo iako e na periodi soncevo sepak e se uste ladno. Mislam deka namerno sakaat da gi razbolat za da cuvaat pomalku deca vo jasli - dali ke cuvaat 1 dete ili 15, na kraj istata plata ke si ja zemat. Sakav da im ukazam, no treba sami da imaat oset za tie raboti, valjda znaat deka rabotat za da se grizat za decata.
RE: Прилагодување кон новата средина (градинк... 14.4.2012 22:55:00
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
не е муабетот што пишува во договорот. Сите знаеме дека мора да работат од 6 до 18:00. Поентата е што се случува во градинка од 14:30 кога ќе станат од спиење па до 18:00. Трагично е што не се случува ам абаш ништо и ти како родител немаш механизам тоа да го промениш пошто таква им била програмата. Да, детето ќе ти седи во градинка до 18:00 нема да го остаат на улица, ама кутрото баш тоа ќе прави - ќе седи...После 15:45 ќе седи и со други деца и со друга учителка (една за сите деца од цела градинка) и таа ќе пизди дека е она мора последна да седи. Сега Виктори ќе рече - нејзин проблем и така е, ама станува мој кога тоа што она е исфрустрирана што седи последна се рефлектира на моето дете - читај иде надвор да пие и да пуши и ги остава сами децата (ќерка ми имаше еднаш вакви трауми од таа дежурната пошто останале децата сами и мојава мислела дека ги заборавиле и никој нема да дојде да ги земе), им вика дека ако не седат мирно на клупа нема да ги земат од градинка и ред други работи. И сега знам Виктори ќе рече - кажи или кажи и на директорката...да и? Ќе ти речат не правиме така овде има ред...абе ај!!! така да како родител не гледам што избор имам - очигледно не можам јас да ги опраам пошто не постои механизам, пошто на таа учителка ништо нема да и се деси ако јас и вие се жалиме и она го знае тоа. Најмогу што може да и се случи е да и намалат од плата, ама само ако ептен некој таму ја фатил на пик..И толку...Верувајте се сум пробала за вакви работи во градинка, и со нив да зборам и со директорката повеќе пати, не бре ништо не се менува. Така да гледам што можам кога можам и каде можам да ги заштитам децата, па ако не мора да идат на дежурна не идат...Ги зема баба им во 15:30.
ха ха лол ова сега го видов. Не знам ни како да го сфатам. Да не одам офтопик, ама блу блу едно книгиче пиши за пред огледало. Монолозите на блу блу може да се вика. И морав пак офтопик да пишам, пошо џабе ќе ставам мислење. Ти ќе си реплицираш и у твое и у мое име и на крај ти пак у право ќе си бидеш. Форумски тип си, нема што.
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 15.4.2012 0:54:53 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.