miana -> RE: Што ни беше муабетот? (26.10.2011 12:31:25)
|
Малото дете и ангелот чувар [image]http://motika.com.mk/images/stories/08-2011/voda-lami/000.jpg[/image]Си било еднаш едно дете кое се подготвувало да дојде на свет. Еден ден го прашало Господ: -"Господе, ми рекоа дека утре ќе ме испратиш во Светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?" Бог му одговори: "Од сите ангели, еден одбрав само за тебе. Тој ќе те чека и штити. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се насмевнува. Така ти ќе ја почувствуваш неговата Љубов и ќе бидеш среќен." "Добро, како ќе ги разбирам кога ќе ми кажуваат нешто, кога не го знам нивниот јазик?"- запраша детето. "Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатки зборови кои можеш да ги слушнеш во светот и внимателно и со Љубов ќе те научи да зборуваш." "Слушнав дека на Земјата има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити?" – загрижено продолжи детето. Господ се насмевна и му рече: "Твојот ангел секогаш ќе те заштитува, па било тоа и по цена на неговиот живот." Детето го погледна Господ и молчеливо рече: "Но, јас сум многу тажен што не ќе можам повторно да те видам." "Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе ти ги кажува патеките кои те водат до мене." Тогаш во рајот настана тишина и гласовите од Земјата допреа до него. Детето сфати дека треба да оди па го постави последното прашање: "Господине, ако сега морам да одам, Те молам, кажи ми како се вика мојот ангел" Господ одговори со голема насмевка: "Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА".
|
|
|
|