AnnaMolly RR -> RE: Што ни беше муабетот? (28.12.2011 16:37:23)
|
Девојки, само на кратко да ѕирнам што има. Филип уште е со температура, уште го боли... Овие два дена вкупно изел пола парче леб сув и неколку смоки, а од течности дали 100 мл вкупно вчера и денес. Првпат ми одбива млеко, два дена заспива без да се напие ни голтка... Ма не со лажење, со карање, со молење, никако не сака ништо да стави во уста. Ама сирупот а го види, се утепува од радување и го пие без проблем [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Сега сме кај моите, ќе останеме тука некој ден. Јас вечер сум на прослава од работа, па малку да тргнам мисли од се. Се читаме!
|
|
|
|