mama toci -> RE: Што ни беше муабетот? (3.2.2012 9:35:58)
|
Добро утро,ај стајте по едно кафе или блашко несто да се расположам,ептен сум за никаде а и кај ми излезе овој текст пред очи уфффф... "Еден млад брачен пар влегол во најдобрата продавница во градот. Мажот и жената д...олго ги гледале шарените играчки наредени на полиците,и некои на подот. Имало толку многу кукли кои се смеат и плачат ,електронски играчки,мини кујни и разни други. Не можеле да се одлучат. Им се приближила млада и отмена продавачка. “Видете“,објаснувала жената, “ние имаме мало девојче ,но и двајцата сме отсутни по цел ден,а често и навечер.“ “Се работи за девојче кое ретко се смее.“продолжил човекот. “Би сакале да и купиме нешто што ќе ја усреќи,“повтори жената, “И тогаш кога нас ќе не нема....Нешто што ќе ја развеселува кога ќе биде сама.“... “Жал ми е,“се насмеа продавачката. “Ние не продаваме родители!“ Затоа најдете време за вашите деца.... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image],само да не ми наиде некој во канцеларија
|
|
|
|