Ikana -> RE: Што ни беше муабетот? (9.2.2012 13:31:39)
|
Не дека имам нешто против државна, јас таму се породив, и пораѓајот супер помина (со царски рез), сепак поради неонатолошкиот дел би ти препорацала да си одиш приватно ако имаш можност. Ако има не дај боже некоја компликација, ИТНО ДА СИ ГИ ПРЕФРЛИШ бебињата на Детска Клиника кај Др. Софијанова, на ЕИНТ. Врие од инфекции на ГАК, ако е во новата префрлено се. За предвреме родени бебиња услови НЕМА, а близнаци знаеш и сама дека се раѓаат некоја недела порано. Пази се многу, најискрено ти кажувам, мене братуцетка ми ме породи прва, и бев со куп врски па пак низ пекол поминав. И тоа се породив во 36 недела, бебето беше 2600, па каква глупост ми направија, да не испитаат дека има инфекција, ни хемокултура ни крвна слика од старт не му направиле. Три дена млекце не му дале алоооо...а јас со купишта врски...така да драга моја, бегај од ГАК штом се породиш ако веќе одиш таму.
|
|
|
|