Mila mamicka -> RE: Што најмногу мразите да работите по дома? (22.5.2014 15:58:51)
|
Јас сега ќе излезам многу домаќинка, ама стварно нема нешто од домашните работи што мразам да ги правам. Со чистењето ја трошам цела негативна енергија, и многу добро ми доаѓа. Си пуштам музика, или тв, и си чистам со песна. Е сега, не сакам да готвам. Не дека мразам, ама не ми е омилена активност. Среќа што сум во заедница, па сеуште готви свекрва ми, која пак обожава да готви по цел ден, и со неа сме добитна комбинација, она готви, јас мијам садови и така.
|
|
|
|