Bethany -> RE: Психолошки фактор (19.12.2013 14:32:21)
|
Едно нешто што морав да научам и да си повторувам на себеси секогаш кога ќе паднев во очај, додека поминував низ битка добивање бебе, е да жена не е помалку жена ако нема дете, жена не е помалку вредна ако не може или нејќе да се оствари како мајка. Бидејќи тоа Е вистина за секоја жена, а друго е тоа што живееме во такво опшество каде е најбитно што правел комшија или некој друг кроз што поминува, за жал. Еднаш ми се има случено, веќе кога бев во поодмакла бременост, го сретнувам еден познаник, значи не ми е ни пријател, и ми кажува: е баш ми е драго што си бремена, знам дека таа и таа особа (некоја си заедничка ни пријателка) кажуваше дека сакате бебе, а не бивало [sm=smiley22.gif] Ај тоа што останав занемена и посакував земјата да се отвори, туку и се јавив на таа пријателка и ја прашав отворено зошто тоа таа го направила, зошто споделува нешто што е само моја приватна работа која ете уз муабет сум кажала и на неа. Е тогаш останав уште повеќе занемена кога таа не можеше да разбере зошто тоа мене ми смета, тоа ете не било од лоша намера [sm=smiley29.gif] Понатаму муабет со неа што ќе правам, ниту можев ниту сакав да се убедувам со неа, сакав само да и укажам дека тоа не било во ред, ама ете што таа мислила, само таа си знае. Исто кога се обидувавме за бебе, иако лично не сакав да се откажам нормално, од друга страна приметив дека мојот живот застанал, ништо повеќе не ми донесуваше среќа, мислев само дека ќе бидам среќна кога ќе добијам бебе. Тоа не е лошо мислам, тоа е убава голема желба, ама беше лошо по мене во тој период, знаев самата себе да се измачувам. Поминував низ истото, секоја втора на улица беше бремена, а сега не се сеќавам кога и дали видов некоја бремена жена. Еднаш една постара жена ми има кажано едно нешто: А што ако ете никогаш немаш дете? Ме здоболе тоа, бидејќи го негирав, јас не сакав да се откажам, и не треба, ама се соочив со прашањево насамо и си направив еден разговор сама со себе. Што ако? Дали тоа ќе значи дека ќе престане живот за мене? Дали никогаш повеќе нема да се радувам и нешто во животот да ме направи радосна? Не го знаев конкретен одговор, само без скршена бидејќи знаев дека работите само во еден дел зависат од мене, јас немав потполна контрола и тоа ме јадеше одвнатре. И кога сфатив и донесов одлука дека јас и понатаму ќе правам мојот дел, а останатото е на Господ, тоа ми помогна да се "опуштам", да не бидам во грч. Кога јас кажам или помислам дека треба некој да се "опушти", мислам на ова, бидејќи многу често е дека стрес и притисок доаѓа од нашето окружение, кои па понатаму влијаат на нас самите. Друго, ете син ми има веќе две години и некој месец, од кога сум породена, а сега веќе многу позачестено, луѓето ми посакуваат други желби и дават други совети: е ајде сега братче или сестриче, време ви е, таман заедно да ги израснете итн. Не знам што е проблем со луѓето навистина, дали само некогаш нешто да се каже, дали мислат дека така треба или што и да е, престанав да се прашувам, бидејќи научив дека нив не можам да ги променам, ама затоа можам да променам мојот став за мојот живот, и затоа треба многу одлучност и цврстина. Затоа обично кога се каже оно што не те уништи, те ојача, се мисли токму на такви работи. Ти се менуваш, ти стануваш поцврст во ставови, ти самиот се бориш и го заштитуваш својот живот. Она што на секоја една помага во моменти кога е во борба за бебе, тоа нека прави. Ако не сака да споделува, нека не споделува, нека каже на тие што ја прашат дека тоа не е нивна работа, ако полесно се чувствува ако кажува, нека кажува, ама самата да биде спремна дека можат да дојдат поинакви непосакувани коментари. Луѓето зборувале и секогаш ќе зборуваат, денес за бебе, утре за второ бебе, па за нешто друго итн. Јас навистина верувам дека упорноста и борба секогаш се исплати, да е лесно не е, ама се заборават болките кога ќе се извојува победата.
|
|
|
|