Hopeful RR -> RE: Психолошки фактор (4.6.2014 15:09:42)
|
Kvisko, ептен те разбирам како се чувствуваш. Џабе што рационално знаеме како стојат работите, кога човекот не е само рационално битие и баш потсвеста е тоа што те јаде и те прогонува. И ние бевме фокусирани на кариери, се уште сме, релативно успешно, и од сегашна перспектива си викаме - ех, да знаевме, ќе почнавме порано... Ама тоа е, no use crying over spilled milk. Ретки се оние примери кај кои се е розово - од одма и голем стан, и дете, и топ работа, и кола, и скапи одмори, и куп кеш. Но, факт е и тоа дека кај повеќето секогаш ќе има нешто што недостига, некаков "неуспех" - за нас е најмачен патот до бебе, но ете, други луѓе не можат да стигнат до сопствен дом, до подобра работа, до здравје... Не треба да ги занемаруваме другите успеси и постигнувања во животот, затоа што не е поентата да се има дете ама баш по секоја цена. Тоа дете треба да биде здраво право, да расте во нормална средина и да не биде соочувано со стресови какви што многу луѓе ги имаат... Кај и да се свртам, барем во моето опкружување, гледам луѓе со проблеми. Е сега, јас како што гледам на работите - за се има конкретно решение, освен за моето, се ми се чини дека полесно се наоѓа работа, полесно се доаѓа до стан, до осамостојување од родители и слично, отколку да се дојде до дете. Но, секој со својата мака - човековата визија е тесна, кко тунел, и секогаш мислиме дека нашето е најлошо. Мора да се фокусираме на рационалното, на здраворазумското, затоа што инаку отидовме [sm=smiley36.gif] Затоа вие тука сте ми од голема важност при чекорењето на овој пат. Секогаш кога мислам дека готово, отидов, забегав, се преслушувам со вас и гледам дека сите чувства, состојби, емоции - се релативно нормални. Повеќе се радувам на вашите успеси отколку на оние на познаниците, колегите или пријателите. Skydiver, Melanija, nataly86, petra27, и уште куп други, вие сте ми и зрак надеж, и сила да продолжам да се борам и понатаму, со надеж и јас да ја прескокнам оградата и да дојдам од другата страна [sm=smiley1.gif] Се надевам дека наскоро сите ќе ги надминеме физичките и психичките бариери, и ќе ја пренасочиме оваа меланхолија на другите, повесели теми од форумот [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|