Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


AnnaMolly RR -> Нов проект на Рингераја "Прегратка на дар" (6.10.2011 15:07:19)

Драги рингерајки, сакам да ве информирам дека стартува нов хуманитарен проект на Рингераја којшто сум сигурна дека ќе ви се допадне на сите! Се работи за нешто ново и многу интресно, но воедно и хумано и ќе се реализира од октомври до декември 2011 година.

Подетални информации за овој проект ќе може да слушнете утре сабајле на утринската програма на Канал 5 во 7:20 часот.

Се надевам дека како и секогаш овој проект ќе наиде на поддршка од верните рингерајки! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




topce -> RE: Нов проект на Рингераја (6.10.2011 15:42:19)

ќе може линк или инфо за тие што нема да можат да гледаат, нели?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (6.10.2011 15:49:50)

Ако не ја гледате утринската програма, ќе може во текот на наредните денови да прочитате повеќе за тоа на форумот и на страниците на Рингераја!




Pepelaska * -> RE: Нов проект на Рингераја (6.10.2011 16:25:10)

не се сомневам дека ќе биде нешто супер[sm=smiley1.gif]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 7:38:41)

Јуле, прекрасна беше, како и секогаш и прекрасно го претстави новиот проект, како и нашата Рингераја!!! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
За оние кои не успеаја да гледаат, снимката ќе ја поставиме попладне на Рингераја и нашата фан страница на Facebook [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 8:53:11)

Јас не успеав да гледам, Филип ми повраќаше цела ноќ.
Едвај чекам да ја видам снимката, не се ни сомневам дека Јуле одлично не претставила! 




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 9:24:02)

И јас не гледав..( исто како Филип и Нина повраќаше ноќеска). едвај чекам да видам за што е новиот проект  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 20:53:50)

ПОВЕЛЕТЕ и видете со што ќе се занимаваме сите ние следните неколку месеци. Се надеваме дека ќе се придружите за заедно да го реализираме овој хуманитарен проект. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]

Јуле [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]




Џесика -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 21:48:46)

Навистина многу убав проект е ова, ех да бев наставничка сега.... само не разбрав дали само за во градинки ќе е оваа акција или и по училиштата?
Инаку дајте ми и мене прирачник, сакам и јас да шијам мечиња [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Felly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 23:19:25)

Навистина прекасен проект, ајде кажете како може да се вклучиме и ние.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 23:19:35)

Џесика, го приготвуваме прирачникот и наскоро ќе биде достапен на Рингераја.
И секако дека ќе изработуваме мечиња, јас имам 7-8 фаворити [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (7.10.2011 23:22:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Навистина прекасен проект, ајде кажете како може да се вклучиме и ние.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]


Секој кој сака може да се вклучи со изработка на мече за болните дечиња. На форумот ќе се следи целата акција, па секако ние ќе имаме најсвежи информации, Јуле прво нас ќе не извести [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




nadica -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 0:48:27)

знам дека проектот е за изработка на играчките, но дали ќе може и да се подарат исто така мали неискористени играчки?

п.с инаку јуле е прекрасна како и секогаш ја претставува РР во вистинско светло [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 10:13:09)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]bravo za proektot....vo site gradinki ke bide predlozen ili?




Viktori -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 10:42:25)

Браво за проектот! Браво за Јуле, прекрасна како и секогаш! Јас не гледав на ТВ, ама сега прегледав на ју тјуб и има чиста 5ка :)))




arh_diz -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 12:03:53)

Bravo za proektot[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Sega go gledav na youtube




lukas -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 12:19:01)

sega samo sto vidov i jas .bravo za proektot i bravo za jule,kako i sekogas ubavo pretstavitelna...pozzz




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја (8.10.2011 12:37:48)

Гооооолемо браво за проектов!!!! Прекрасно! Сигурна сум дека со мечињата направени со многу љубов ќе израдуваме многу дечиња во детските болници и за момент ќе престанат да мислат на нивната болка!!! браво Рингераја!!! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Тања РР -> RE: Нов проект на Рингераја (9.10.2011 0:59:37)

Прекрасно! Прекрасно! Прекрасно!  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

И јас сакам да шијам мечиња.





AnnaMolly RR -> RE: Нов проект на Рингераја (9.10.2011 11:03:42)

Јас сум две недели на одмор од работа (принуден[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]), па ќе имам доста време за правење играчки!!!




Pepelaska * -> RE: Нов проект на Рингераја (9.10.2011 11:22:01)

супер проект и јас сакам да правам играчки [sm=smiley1.gif] дури сега видов немам дома интернет[sm=zmeden.gif]




Maca25 -> RE: Нов проект на Рингераја (10.10.2011 18:30:34)

Пред да се роди Нина, јас и мм и шиевме меки играчки. Наоѓавме стари материјали (од кај моите или неговите), ги перевме, и правевме мали чудовишта (слатки, не страшни). Уште си ги чуваме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Кога бев мала многу често бев во Детска Клиника. Па може пола од спратовите ги има поминато. Се сеќавам дека еден Декември го поминав таму, па добив и пакетче и на секое болно детенце му дозволија да си избере еден лампион од новогодишната елка. Си добив едно прекрасно лампионче, кое до ден денес прво го ставам на мојата елка. Доаѓаа други дечиња и родители и ни подаруваа играчки, па за момент заборававме дека нешто не боли [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] бевме пресреќни. Кога ја видов Јуле наша на ТВ и слушнав за проектов на Рингераја, се наежив и заплакав. Се надевам дека ќе имам можност да бидам од другата страна, јас да израдувам некое мало ангелче.
Едвај чекам!!!




Палешка РР -> RE: Нов проект на Рингераја (11.10.2011 9:40:22)

Ова што го напиша Маца има многу силна порака. Колку и да сме болни, несреќни и тажни секогаш е посилно и повеќе се помни чувството на радост кое некој го предизвикал во нас.
Целта на проектот е тоа, децата да заборават дека се во болница, да се намали нивната тага и како што кажа Маца, тој момент ќе го помнат цел живот.
Ние имаме можност да направиме среќно некое дете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




topce -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 10:48:29)

ова беше во нашата градинка и децата многу се израдуваа како и персоналот навистина беше многу убаво.
посебно што разбираат дека тоа ќе биде за некое нивно другарче.
имам само една мала забелешка, а тоа е времето кога беше организирано, 10 часот, малку сите со работни обврски и тешко се организираме, па ако може еден предлог да биде од 15 часот па натаму.
супер идеа и продолжете и понатаму. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Julie1 -> RE: Нов проект на Рингераја (12.10.2011 11:12:18)

Topce градинките штотуку се контактирани и прирачниците за изработка на играчки ке им се достават дури за 2 недели и ќе се работи 1 месец и половина не само 1 ден. Можеби се работи за нешто друго кое го имало во Вашата градинка...




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>