|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Крварење во бременоста
28.4.2009 9:08:03   
Еца
Еве мамички на крај од 6 месец сум а вчера прокрварев.Толку се исплашив,што не знаев што со себе.А уште и не бев во Скопје туку во светиноклско село на гости.Но тоа и веке не е битно..Сабајле отидов на гинеколог и на ехо докторот примети дека има проблеми со постелката,а настанале како резултат на голем напорuser posted image и стресовиuser posted image Ми даде цело кутивче Утрогестан да ставам вагинално 10 дена.
Затоа доколку приметите било какви знаци на крварење ,а бремени сте веднаш информирајте го својот гинеколог.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 9:10:17   
Aleksandra
Elena, treba i da odmaras i lezis kolku sto mozes poveke.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 9:18:43   
mami
само смирено, без нервози, земи ги апчињата и диши длабоко, мисли само на тоа мало суштество во тебе што едвај чека да излезе

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 10:30:55   
mis.
Јас со втората бременост имав болки во стомакот и отидов на гинеколог и не ехо се виде некое внатресно крварење.Бев 8 недела бремена и се гледаше бебето и точка кај што е крварењето.Ми дадоа вагиналети утрогестан еден месец а потоа др. ми кажа да ги пијам до 3 ипол месеци.Лежев,многу одмарав и потоа се средија ја работите и имав супер бременост и доста бев активна до последен ден.Ќе заборавев и сексуална апстиненција задолжително.Кај мене беше од хормонално пореметување кое беше предизвикано од стрес што го доживеав пред да останам бремена.А како сум останала со таков стрес и јас се чудам сега.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 10:38:41   
Еца
И јас мислам дека дека целата работа е од стрес,мислам не дека не сум активна,станувам во 6 преку ден не спијам си легнувам во 23 најкасни,мислам цел ден ова она,ама ајде се надеваме на доброuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 14:54:08   
Nikolina
Elena jas so prvata bremenost prokvarev vo sestiot mesec ama toa mi bese od patuvanje so avtomobil koj sto e star a i patot ne cini pa lezev na bolnica edna nedela prmav infizii a poto pa doma prodolziv so terapijata izvini zaboraviv koi bea apcinjata ama mi pomognaa gi piev eden mesec imav odvojuvanje na postelkata poradi tresenjeto po pat zatoa strogo lezenje i Gospod da e so tebe sto e tvoe ke si bide ne se sekiraj.Veruvaj mnogu raboti mi se slucija vo zivotot ama verbata vo boga me pravi posilna ne bi sakala da ti kazavam sto i kako da ne te voznemiruvam  mozebi vo druga prilika.sega sum povtorno bremena i se nadevam deka ovoj pat se ke bidi vo red me napravija serklaz pred dve nedeli i sega lezam doma.Zatoa SAMO NAPRED GOSPOD E SO NAS.Pozdrav i samo pozitivni misli 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 15:03:00   
Еца
Даниела навистина многу ти благодарам за овој твој пост,мене ми дадоа утрогестан,а инаку истото проблемот е со постелката,мирување,без стрес....а инаку слободно секогаш пишувај за се што ке добиеш желба,верувај некому тоа многу ке му значи,и ако сакаш да те замолам да напишеш нешто повеке за серклажот,зошто веке коментиравме за него,но немаше никој активен за да ни го каже своето искуство

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 15:03:09   
mis.
Jas imav znaci vnatre krvarenje sto se stabilizira pa vo 9 meseci i 15 bev so kola za strumica se vozev po kocka resenje sto da ti kazuvam pa se porodiv 15 dena posle termin.Sekoj e razlicno.Ti samo odmaraj, ne digaj tesko ne se voznemiruvaj i namali vo trcanjeto vamu-tamu.Odmaranje znaci bukvalno lezenje kako vo bolnicaIma vreme za brzanje i trcanje na site stani?

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 15:14:30   
Nikolina
miss da razilicno e za site ama jas imav nisko nosenje mozebi zatoa ama pole se se sredi od lezenjeto.za zal podocna me snajde nesto uste postrasno koe i den denes nikoj neznae da mi go objasni,se porodiv vo triesetata nedela so carski rez i bebeto ziveese samo 11h.zatoa velam sto treba da bide ka bide nesakam nikoj da rasrevozam zatoa ve molam nemoj da me svatite porgesno do sega ne sakav da zboram za toa ama me pogodi temata i nekako se otvoriv sprema vas zatoa iako sum rastrevozena za toa sto go kazav pred malku ako ve interesira kazete ke vi objasnam sto mozam.i sega posle dve godini sum vo devetnaeseta nedela falamu na boga i se nadevam deka ovoj pat ima drug plan za mene.Zivotot me nauci da bidam mnogu jaka i bez ralkia na se pozitivna.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 15:19:19   
Nikolina
a Elena za serklazot jas znaev deka moram da se napravam uste od ko se skuci toa so prviot pat.doktorot mi objasni deka ke go napravime toa i se drugo sto se mozi samo da sprecime sto i da e drugo.i operacijata traese 15min so lokalna anestezija nisto ne osetiv i bidejki ja pravev den pred Veligden me pusti doma i mi rece da pojam po dve nedeli na pregled.uste nema otideno zdravje od drugata nedela ama ne osekav bolki i sto e najvazno miruvam.


(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Крварење во бременоста
28.4.2009 15:46:37   
Ivona
јас имав крварење во 38/39 недела.не знаеја да ми објаснат од што - де ниско всадена постелка де сум тргала да се пораѓам де од оштетување на крвен сад на грлото на матката кога ми правеа амниоскопија.наредниот ден пробавме со индукција/провокација но не успеа.во меѓувреме како да се потсмири крварењето и ме пуштија дома со совет да доаѓам секој ден на ЦТГ.Така една недела одев а контракции никако иако веке по циклус бев 40та недела а биометриски детето одговараше за 42 хедела.Видоа не видоа се обидовме уште еднаш со провокаци кои пак не успеаја и завршивме со царски. Поентата ми е дека вака кога ке си размислам крварењето пред се беше предизвикано поради стрес и притисок кој го чувствував во тие денови. Наместо да се олабавам и да се радувам на тие убави моменти јас се преоптоварував со глупости и за малце ке им дозволев да ми ги уништат.Но откако помина се еве сум пак пред компјутер - покрај тоа што си се допишувам со вас-работам (иако син ми има само 3 недели) мислејќи дека ако јас не сработам ќе пропадне фирмата и дека само јас можам да го спасам светот user posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Крварење во бременоста
18.6.2009 22:58:49   
mami
кај мене се појави слабо крварење некаде кон крајот на 2 месец и се исповадив од памет, бидејќи го забележав откако си дојдовме дома, после нашата свадба, и сабајлето во 7 саат му звонев на докторот и ме прати на клиника, таму ме гледаа и ми рекоа дека ми е од стрес и од што цел ден сум играла(а јас не седнав цел ден и цела вечер) и ми предложија мирување, па наредни неколку недели си лешкав и си одмарав, ама затоа после дома не ме видоаuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Ivona)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Крварење во бременоста
15.11.2009 17:18:03   
ananikol
Jas od pocetokot na ovaa bremenost sum  so cesti krvarenja i mnogu sum opteretena so toa,sekoe odenje vo toalet me faka panika.Bevme na doktor ne znaea od so mozi da e predpostavka deka placentata e  mnogu dolu.Proslata nedela  pak se pojavi krvarenjeto i pak na doktor pa mi rekoa deka grloto na matkata e mnogu crveno i osetlivo pa na bilo kakov dopir krvari,neznam na kakov dopir mislese nie nemame sex od samiot poceot na bremenosta poradi krvarenjata.Pa zedoa parce za biopsija,po dva dena ko bev na kontrola pak mi zedoja uste edno parce i krvarenja kolku sakas,ete denes mi se smiri konecno a za rezultatite na 20-ti imame rezultat pa ke vidime so e pricinata.A mi potenciraa deka  so user posted image  e se vo red,toa mi bese bitno da go cujam.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Крварење во бременоста
30.11.2009 13:00:02   
mother 29
јас никако непрокрварев кога бев бремена ,но ете некои корисни инфо

Видови Крварења
Кога треба да се сметета дека менструацијата протекува како матково крварење?
Менструација која трае повеќе од 7 денови се смета како менструално крварeње . Крвта се губи во вид на сосироци или струјно што води до малаксаност, слабост, бледост на кожата и лигавиците и снижување на крвниот притисок.

Постојат циклични и ациклични маткови крварења.
Цикличните крварења се појавуват во деновите на менструација, додека ацикличните крварења можат да се појават во секое време, да бидат доста продолжени и да траат со недели, дури и месеци.
Основни причини за цикличните крварења се: миом на матката, ендометриоза на матката, воспаление на лигавицата ( ендометриум ) на матката, заболувања на крвта при кои е нарушена функцијата на сосирување на крвта.
Основни причини за ацикличните крварења се: хиперплазија и полип на ендометриум, хормонални нарушувања како резултат на намален прогестерон и зголемен естроген, нарушена маточна и вонматочна бременост, карцином на грлото и ендометриумот на матката.

Што треба да се направи при крварење:
Задолжително треба да се консултирате со лекар. Долгортајните крварења, дури и слаби, можат да предизвикат оштетување на животно важни органи како што се срцето и мозокот.

Основни методи за дијагноза на крварењето се:
  1. Ултразвучно испитување
  2. Киретажа на грлото и ендометриумот на матката и испраќање на  материјалот за хистолошко испитување.
  3. Хистероскопија
  4. Испитување на системoт за сосирувaње на крвта
  5. Тест за бременост
  6. Хормонална дијагностика
Како се лекува крварењето?
Лекувањето на крварењето зависи од причините кои го предизвикуваат. Треба да се знае дека лекувањето е строго индивидуално и различно кај секоја жена во зависност од причините кои го предизвикуваат

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Крварење во бременоста
14.12.2009 1:58:58   
gurgica
Здраво!Бремена сум со второ дете и прокрварев усте во 5 недела.Моментално сум 11 недела и примам инекции прогестерон депо и таблети дабростон.Исто ми се случи и со првата user posted image која заврси со спонтан во 12 недела.Со втората user posted image исто крварев,примав инекции,но се заврши супер.Сега иста приказна и за да бидам по комплицирана носам близнаци,од кои едното е ок,но другото е глуво-празно.Па сега ке видиме што ке биде.На последната контрола др. каза дека е скроз долу и секој момент ке се пусти.Ке видиме во вторник што ке биде.Ме интересира дали некој имал ваква дешавка и како се завршила.Поздрав

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Крварење во бременоста
14.12.2009 8:30:31   
mami
Гургица јас прокрварев и примав прогестерон инекции и се помина супер..но ваков како твојот случај прв пат слушам..искрено се надевам дека се ке заврши добро...

(Одговор на членот gurgica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Крварење во бременоста
14.12.2009 9:21:56   
Палешка РР
Сум чула неколку пати за губење на едниот плод. Кај некои жени дури и не се открива, се ресорбира. Сега ќе побарам повеќе информации.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Крварење во бременоста
15.12.2009 0:45:01   
gurgica
Мами се надевам и јас дека се ке биде добро,па времето ке покаже.Ке видиме утре со ке ми кажат.А Палешка ако најдеш некоја информација секако добро ке ми дојде.Поздрав за сите

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Крварење во бременоста
15.12.2009 1:03:29   
Еца
Гургица еве некои убави информации КЛИК ТУКА

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот gurgica)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Крварење во бременоста
15.12.2009 17:23:23   
gurgica
Еца,благодарам за информациите.Инаку денес бев во ГАК и не ме гледаа на ехо,ме пратија на ризична бременост и закажав дури наредната среда.Уф,кој ке чека.Ми дадоа плус некој вагинални Утропестон.поздрав 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Крварење во бременоста
15.12.2009 21:05:20   
mami
како бе не те гледале на ехо? па си прокрварила во брееност и не те прегледале???а да си одиш ти на приватен? нема белки да чекаш до наредната среда?

(Одговор на членот gurgica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Крварење во бременоста
15.12.2009 21:23:13   
Еца
гургица, мила нема потреба од паника, но сепак не чекај среда. Оди на приватен, немој да чекаш толку.Поздрав и пиши ни те молам. user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Крварење во бременоста
16.12.2009 14:01:18   
gurgica
Здраво.Еца ја си крварам од 5 недела и си примам терапија.Ама вчера бев на контрола во ГАК за да ми ги види др резултатите од трансфузија.Ги виде,ми даде само вагинални Утропестон и ми реце да одам на ризична.Кога отидов тамо др ме праша која недела сум и ми закажа за во среда,бидејки тогаш ке бидам во полна 11 недела и тогаш ке ме гледале на ехо.Тогаш рече подобро ке измерела некој димензии на бебето+рече да не се гризам.Инаку еднаш неделно примам инекција Прогестерон депо и секој ден апчиња дабростон.А и рече дека едниот плод сигурно искочил-испаднал.А вагиналните ми ги даде бидејки уште имам некој исцедок со грозно кафена боја.Ви здосадив со објаснувањево.Поздрав  

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Крварење во бременоста
16.12.2009 14:04:54   
mami
исцедокот со кафеава боја ти е стара крв..јас кога прокрварев во Државна тој ме изми со обична вода (дека немале од тој некој си раствор) за да не ме плаши крвта што е заостаната кога ке излегува.
А прогестеронот си ги примав до 12-13 недела отприлика

(Одговор на членот gurgica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Крварење во бременоста
16.12.2009 14:05:50   
arh_diz
Gurgica moras da se obides da se smiris da nemislis na toa znam deka ne e ni najmalku ednostavno .Prasaj go ginekologot da ti dade nesto za smiruvanje . Lezi poveke odmaraj Jas bev vo slicna situacija

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот gurgica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?