Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
колку често ги посетуваме нашите роднини од д... 16.9.2009 7:59:26
Bogdancanka
денес треба да идам за Радовиш така да ми текна за темава.многу се радувам што ке се видам со сите роднини и уживам кога сум во Радовиш таму сум опкружена со сите мои мили кои за жал ги гледам само 1 месечно а понекогаш и поретко.унаку како мала таму бев по цело лето пола од децтвото ми помина таму и баш сум
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 16.9.2009 8:08:41
mami
ееееее по ова прашање имам да ти зборам.....имам роднини во св.николе, струмица, охрид, крива паланка и да ти кажам веќе им се имам налутено и никаде не одам...Тие во Паланка ги гледам еднаш годишно па и поретко, струмица исто, охрид- дедо ми е стар за да патува па кога сум во охрид задолжително одам да го посетам а во св.николе каде што израснав веќе не одам од причина што- јас додека бев девојка и после и бремена и со дете од 3 месеци можев да одам да ги видам, да одам на нивни слави, крштевки и што ти ја знам а нив никаде ги нема...братучетми не ми дојде на свадба бидејки малечката имаше 3 месеци и немало каде да ја остават.Лука го видоа кјога им го однесов таму за крштеевката на внука ми, а на повојница дојдоа пред 2 недели и тоа дека требаше да преспијат кај мене инаку немаше ни да дојдат...ЈАс си ги сакам и се, но, ако тие мене не ме почитуваат нема ни јас нив. кога јас можам со мало дете да шетам, можат и тие... се распишував ама ме погоди темава
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 16.9.2009 8:21:39
Bogdancanka
и јас имам насекаде роднини Куманово,Скопје,Охрид и така али тие роднини никогаш ги нема ниту знаат каде сум мажена а овие во Радовиш се друго имам слава доаѓаат се слушаме и мислам дека повеке ме ценат кога можат доаѓаат и така на поминување знаат да застанат кај мене на кафе што ми е чес зашто идат кај мама па и кај мене со нив некако сум приврзана тие ми се роднини од на мајка ми страна и ги обожавам
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 15:19:02
baby mama
Ја имам роднини речиси низ цела Западна Македонија , и најчесто се гледаме за празници или ако отидеме со моите. Почнуваме од Тетово, таму имам мноогу роднини, браќа, сестри на татко ми,први братучеди на мајка ми и др. па потоа Кичево, Охрид.Во Прилеп имам кумови и некои роднини но не сум била таму. И имам во Мк Брод. Таму одам највеќе, а во близина на градчето, во едно село живеат баба и дедо и др.роднини.Таму си имаме викендичка мислам моите и многу ние убаво кога ќе си отидеме, а особено за големите празници.Многу често си го посетуваме Вевчани, таму си имаме многу драги пријатели.
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 15:34:25
Весна
Јас немам роднини низ Македонија. Сите ми се во Скопје и Куманово. И живи срамови сум. Дома, во Куманово немам отидено уште кога бев бремена, таму некаде кога бев 6-ти месец им бев последен пат. А за кај роднините да не зборам. Туку во СК имам три семејства од прво и второ колено и им немам отидено на гости со гоооооднини, а ни во блиска иднина тоа нема да се случи.
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 15:35:42
arh_diz
Koga bev vo Makedonija mnogu retko gi posetuvav rodninitevo drugite gradovi tie mi se nekako podalecni i nikogas ne odev so moite. Dodeka moite redovno gi posetuvaa
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 15:54:52
vezilka RR
оф, јас родниниве во Скопје не сум ги видела асално, а за тие од другите градови ич да не праиме муабет..не дека не сакам да ги видам, ама па и тие толку дошле да ме видат..Дали такво време дојде или ние луѓето се одалечивме, не знам, ама знам дека немам време да се замарам со некој што не се интересира за мене....
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 18:03:47
Enika
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
оф, јас родниниве во Скопје не сум ги видела асално, а за тие од другите градови ич да не праиме муабет..не дека не сакам да ги видам, ама па и тие толку дошле да ме видат..Дали такво време дојде или ние луѓето се одалечивме, не знам, ама знам дека немам време да се замарам со некој што не се интересира за мене....
Потпис...единствено одам за Штип кај баба ми и вујко ми и вујна ми, а и тоа ми се фака ретко...на др мест јок.Некои не дошле на големи моменти, не се ни јавиле да честитаат, па јас да им правам чест.
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 18:41:31
Katuska
Mami lele i jas celo detstvo go pominav vo sv.nikole, go obozavam tamu porasnav, no od koga se fativ so decko mi ,odam tamu ednas vo dve godini i bas mi e krivo poradi toa , no toa e.sega bev za todorica no veke ne e toa kako koga bevme mali..mozebi imame zaednicki prijateli tamu??
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 10.3.2010 23:47:43
Bitolcanka
Освен во мојот град-Битола, имам роднини во Охрид, Струга и Скопје. Во Охрид и Струга повеќе одам, секое лето, барем еднаш годишно. Во Скопје поретко, а и тие исто. Не се знаеме баш со роднините поради тоа, за срамота И во Битола не се гледаме често со роднините, освен по некој повод ... Дали такво дојде времето (брзо темпо на живот, беспарица, проблеми, комуникација преку нет ...) или до луѓето е
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 11.3.2010 13:27:29
baby mama
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko
ИЗВОРНА ПОРАКА: April
Ние немаме роднини во други градови, сите ни се во Скопје
isto
И мм нема роднини надвор од Ск, Затоа пак му е интересно кога ги посатуваме моите роднини. Секогаш се потсетува на тоа додека бил дете за време на летниот распуст, сите негви другари оделе кај баба и дедо во село или кај некои други роднини,во друг град а тој во Чаир со дедо му и другите пензионери во паркот играле шах
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 13.3.2010 18:57:33
jassmina
jas sum od prilep a sum mazena vo strumica,taka da ne sum bila 3 meseci,samo moite idat da me vidat,mi se odi,no se plasam od patot bideki malata ima samo 6,5 nedeli.....
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 5.4.2010 18:22:17
omorfo89
jas imam rodnini vo tetovo , vinica , kocani inaku gi posetuvam 1 vo godinata..i vo skopje imam mnogu rodnini , pa tie ne sum gi posetila nekolku godini pa kamo li vo drugite gradovi, a tek duri od letoto koga ke zaminam vo stranstvo , togas beter ke bide , toa e..
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 15.9.2010 17:15:15
ananikol
Za zal ne mozam da go upotrebam zborot cesto ami redko,epten redko se gledame i za toa mora da ima nekoj povod. So e bitno do sega,svadba,krstevka,veridba,kaj sme bile kaneti ne sme propustile.A gosti (vo drugi gradovi)za camce muabet,retko koj mozi da si priusti-obvrski...
< Поракaта ја уредил ananikol -- 15.9.2010 17:16:35 >
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 22.2.2011 13:58:47
stojanoskad
imam rodnini, ili seta roda od na majka mi stranata e vo Negotino i zal od koga se omaziv najmnogu zaradi obvrsjkite se poretko se posetuvame.Ostana uste kontaktot po telefon.
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 24.9.2012 22:50:09
Bogdancanka
kako sto doslo vremevo,nikako nikade da se stigne epten mi e tesko sto se poretko se gledam so mojte najbliski rodnini koj ziveat vo drugi gradovi...sekoj den se nekade brzame,obvrski eden kup i nikako slobodno vreme za setanje po rodnini....sreka sto po tel se slusame i od slavi na slavi se gledame...
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: колку често ги посетуваме нашите роднини ... 5.1.2013 0:15:23
Ikana
За жал и јас многу ретко се гледам со роднините, кои повеќето се од други градови и други држави. Навистина би сакала да се видам со сите, сме се заборавиле како изгледаме, но викаат ете, животот излегува во пресрет и работите и средбите се одложуваат. Кога бев помала, мојот чичко од странство организираше семејна средба на сите роднини, буквално до 4-то колено, јас не памтам малечка сум била, но ми прераскажуваат моите се собрале многу луѓе . И голема фамилија сме, нормално е, сепак треба планирање за ваков подвиг, но сметам дека прекрасна е идејата. Обично кога се гледам со поширокиот круг на фамилија, тоа е на свадба нечија, но сепак не се таму сите, сите.