|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
6.12.2013 15:22:18   
Martins mom
Ама уште повеќе ми се допадна идејата да им ставиш 20 фискални у плик и со среќа да им еuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 76
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
20.5.2014 14:53:35   
Mila mamicka
Воопшто не ми се допаѓа ваквата наредба. Па јас и мм правевме свадба оти сакавме да си го прославиме почетокот на заедничкиот живот со најблиските роднини и пријатели (читај 460 гости), а не за да собереме пари па да си ја плаќаме свадбата или пак да се опремуваме дома. А, иако немав напишано на поканите такво нешто, сепак 95% од подароците ми беа во плик. И ние секаде каде што одиме носиме пари, така ми е полесно и мене, да не мислам и шетам по продавници за да купам нешто. Ама, некои луѓе пак немаат да дадат пари, па ќе купат некој подарок со картица. Доколку мене ми стигне ваква покана, за инат ќе им купам подарок. 

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 77
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
20.5.2014 15:08:17   
LoveableMe RR
Мислам дека тоа се прави од практични причини и кога нагласуваат паровите, сакаат да избегнат добивање на дупли подароци, неможност за замена во продавница и сл. и нема тука ништо лошо во тоа. Свадбата се прави за пријатели/роднини, но замисли ако сите ти носат подароци од кои 15 се потполно исти? Што тогаш?

Тој што нема пари да купи, не мора да носи ништо една бомбониера и толку, нема потреба да купува, но тие што сакаат да ти купат нешто или премногу треба да те знаат за да можат да купат тоа што ти треба за дома или да се предвидувачи добри, што ретко е случај. Јас сум за пари и секаде носиме пари и им кажавме на повеќето да ни донесат пари и ептен добро ни испадна си купивме што сакавме, а тие што знаеме дека немаат им кажавме да не носат ништо и се беше ок.

Мислам дека на денешно време треба да сме практични и да прифатиме што сакаат младите, пари подароци и што и да е, ниван одлука е, ние ја почитуваме.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 78
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
20.5.2014 15:09:48   
MMM27
Воопшто не ми се допаѓа тоа, мизерија. Има најразлични решенија за таквите покани...Сакав да ви купам фрижидер, ама не ми го собираше во плик и не ви донесов ништо user posted image

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 79
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
20.5.2014 15:15:36   
Defne90 RR
Па штознам јас не сум против тоа.На повеќето венчавки што сме биле со мм на поканата пишуваше поклон во плик.Додуше ние и онака си носиме секаде пари без разлика дали пишува на поканата поклон во плик или не.Знам баш пред две години бевме на свадба кај едни пријатели и тие беа напишале така и некои од гостите им донесоа поклони не пари.И баш и се најдоа на невестата.А се согласувам со Loveable me дека денеска младите така пишуваат затоа што едноставно тие си знаат најдобро што си сакаат да си купат.Па на крајот на краиштата нема да ги вратат од врата ако однесат поклон некои кои што немаат пари.Мислам чисти глупости.Тоа си е сепак лично право на младоженците што ќе напишѓаат на поканата.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот MMM27)
Непосредна врска до пораките: 80
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
14.6.2014 21:37:09   
iamamom
Мене лично, особено во денешно време, многу ми е глупаво да пишува нна поканата поклон во плик. И така 90% од луѓето носат пари наместо поклон на свадба. Барем од искуството на моите блиски на нивни свадби е така. Ќе видиме наредна година кај мене. user posted image

< Поракaта ја уредил iamamom -- 14.6.2014 21:40:14 >

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 81
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
14.6.2014 22:29:02   
kapina
Mene mi e glupo toa nesto koj sto saka neka donese na mene oti vencavkata mi bese samo so najbliskite rodnini I se sto donesoa mi se najde

(Одговор на членот iamamom)
Непосредна врска до пораките: 82
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
15.6.2014 12:40:13   
Dilina
Ние на нашата свадба имавме од 120 гости само 5-6 поклона. Што значи се останато беше пари, и тоа 80% беа постари гости. Не сум за на поканата да пишува поклон во плик, затоа што афтоматски го обврзуваш гостинот да ти ја плати порцијата. Ако нема човек пари за да прави свадба нека не прави, а денес најчесто пишуваат поклон у плик за да си ја покријат свадбата, Колкава ни е чергата толку и нозете ќе си ги пуштиме.

Кај мене на пр. на свадба имав луѓе шо дојдоа и со цвеќе и бомбоњера, но сепак донеле нешто. Мене повеќе ми значи што ме испочитувале и што биле весели од што тоа поклон некој да ми донесе. А камоли да обврзам некој дека МОРА да ми донесе поклон у плик.....

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 83
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
20.8.2014 11:37:53   
tincule
Мене ми е безвезе тоа, мислам ги ограничуваш гостите тоа ми доаѓа како сами да си ја плаќаме порцијата, ко свекор ми па колку е порција испод таа цена мислам не иде поклон да му земете, ете човек што мери се у пари јас на пример никогаш не сум гледала на тоа така ако најдам нешто што стварно мислам дека ги осликува младенците и што би им се допаднало сум купувала ако не пари во плико, а се случувало и скршен денар да немаш периодот па ќе отидеш со цвеќе и бонбоњера само чест да направиш. А тој што сака да профитира од свадба (верувајте има и такви сум ги слушала на муабет) нека му стои, некогаш сум им викала на моиве поклон во плико дај купи некое убаво плико и ќе го дадеме така, што им земавте на младоженците епа плико и многу желби пропратени до нивuser posted image user posted image user posted image ете ти поклон во плико, тоа не мора да значи пари кој како си го стумачил user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 84
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
29.11.2014 8:58:37   
caciana
Mnogu se nerviram koga ke vidam vakva nredba na pokanata.Togas dobivam zelba DA ne odam na svadba,ili za inaet ke odnesam nekoj mizeren podarok.Pa me potcenuvaat breuser posted image

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 85
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
29.11.2014 12:24:23   
scared RR
Мене ми е сосема ок, едно време се мислев и јас да пишеме така на поканата ама мм ме премисли. И затоа сега имаме сервиси по дома, сетови со прибор за јадење, постелнини кои не ни одговараат никаде. Поголемиот дел беа пари ама сепак ете имаше и безвезни работи. Па подобро да ми ги ставеле тие 1000 денари што ги потрошиле за постелнините ќе ми се најдеа за било што него вака да ми седат во шкаф неупотребени. На последните две свадби каде што бев на двете пишуваше поклон во плик, и младенциве немаа ниту еден поклон, се им беа пари. user posted image

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 86
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
2.12.2014 2:01:04   
caciana

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Мене ми е сосема ок, едно време се мислев и јас да пишеме така на поканата ама мм ме премисли. И затоа сега имаме сервиси по дома, сетови со прибор за јадење, постелнини кои не ни одговараат никаде. Поголемиот дел беа пари ама сепак ете имаше и безвезни работи. Па подобро да ми ги ставеле тие 1000 денари што ги потрошиле за постелнините ќе ми се најдеа за било што него вака да ми седат во шкаф неупотребени. На последните две свадби каде што бев на двете пишуваше поклон во плик, и младенциве немаа ниту еден поклон, се им беа пари. user posted image


Ne mora da znaci deka ako e naglaseno POKLON VO PARI deka site ke nosat pari. Sto ako nekoj nema, a saka i mora da pojde na svadba?? Moze da kupi poklon od 500 den no ne moze 500 den da stavi vo pliko i da pisi CESTIT BRAK TOJ I TOJ ... Barem i minimalna suma neka pisuvaat da znaeme od kolku da pocnime hahhahaha user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 87
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 19:19:50   
Snow Angel
Мене ова ми изгледа многу дрско некако.Ако некој ми напише таква наредба,ќе ја исполнам.Никогаш не би го направила тоа.На мојата свадба немаше таква наредба,ни од моја,ни од негова страна.

< Поракaта ја уредил Snow Angel -- 4.4.2015 19:25:55 >

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 88
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 20:58:07   
kapina
caciana potpolno se soglasuvam so tebe. sto ako nekoj nema pari a saka da dojde na svadba. mene mi e glupava taa naredba

(Одговор на членот Snow Angel)
Непосредна врска до пораките: 89
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 21:17:38   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

caciana potpolno se soglasuvam so tebe. sto ako nekoj nema pari a saka da dojde na svadba. mene mi e glupava taa naredba

A kako, bi dosol bez poklon?? I za poklon trebaat pari samo sto onoj koj nemoze kes da dade ke kupi poklon na kartica..
Mene zelba mi bese da soberam sto povekje pari iako toa ne bese potencirano.poveke sobrav pari pomalku pokloni no k tie pokloni mi bea dobredojdeni .dve umetnicki sliki nekoi tanjiri i dr rab za vo kujna.dobiv vo plik i 500 den samo od eden rodnina pa ne zameriv...bolje toa nego nekoi cashi

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 90
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 21:52:02   
Ilina87
Ужасно ме нервираат таквите покани, а досега сме добиле неколку такви. Премногу дрско и навредливо. На свадбата се канат луѓе за да се почастат и да се прослави и сподели радоста од стапувањето во брак, а не да се даваат наредби. Сите знаеме дека е најдобро како поклон да се донесат пари, но ја немаат сите таа можност и што треба тие луѓе да не дојдат на свадба user posted image .

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 91
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 22:08:32   
kapina
takvite spored mene svadbata ja pravat za pari da soberat i so toa spored mene oni samite se ponizuvaat nie pravevme mala svadba samo najbliskite i nisto ne se duplirase i bese super

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 92
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
4.4.2015 22:32:03   
vezilka RR
Ма и онака повеќето сега носат пари за поклон, така да не глеам ништо страшно у тоа. Мислам еднаш многу одамна прва брачна ноќ беше возбудлива заради првото сексуално искуство, денес заради пребројувањето на парие. Хихи шала на страна, традицијата сеуште силно влече и свадба „мора да се направи. Јас знам многу парови кои се задужиле и со кредит за да направат свадба, оти морало. А денешницава ни е поприлично обоена со сиромаштија, така да парите во прва брачна ноќ и те како се добредојдени за младенците.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 93
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
5.4.2015 13:55:14   
bucko mal
Jas sum protiv vakava ''''naredba'''' Ako nemash pari ne pravi svadba a ne chatalise pa na kraj so parite od poklonite plati ja svadbata-potochno dolgovite za svadbata.
Ne gledam nishto losho da se odi bes poklon na svadba, da ne treba sluchajno nekoj deteto gladno da go ostavi za poklon da kupi? Svashta....
I toa koga ke se nosi poklon vo plik-kaj poblizok trebalo 200,300 ev. cela mesechna plata.Ako jas na nekogo mu dadam poklon mesecha plata od soprugot sto zarabotuva,nie ke bankrotirame.Neznam,ednostavno ne mozam da razberam nekoi raboti,kako se rasfrlaat lujgevo so pari a od druga strana se zalat deka e siromashtijauser posted image
Nie so mm pravevme registracija vo res.so dve najbliski familii sto ni se potpishaa kako svedoci.Fino lepo im kazav poklon ne sakam nitu jas darovi ke im spremam.Drugarkami si dojde so cvejke,neshto slatka a drugiot par ni donese vaucher so nekoj pristoen iznos.
Ova kartichkive se dosta popularni kaj nas I ubava rabota e.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 94
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
5.4.2015 14:48:01   
Hopeful RR
Мене ова страшно ме навредува, до степен да не сакам ни да се појавам на свадбата. Ко да ме гледаат како подвижен банкомат, а не пријател или роднина со кого сакаат да ја споделат брачната среќа. Со моите еднаш многу одамна сме добиле ваква покана, однесовме пари и бевме многу навредени.
За мојата свадба не ми ни падна на памет да го пишам ова, и претежно добивме пари, затоа што сепак, сите знаеме во какви услови живееме. Имаше и мали суми и воопшто не замеривме, знаевме дека им било мерак да дојдат иако немаат пари, и дотолку повеќе ни значеше, дури ни падна криво за големите суми, дека се премногу. А првата брачна вечер не ги ни броевме парите, стварно не ни беше тоа најбитно user posted image
Плус, сите гости знаеја дека со мм веќе живеевме заедно подолго време и не ни требаше ништо конкретно, освен машина за садови, која ја добивме од кумовите и тоа на нивно инсистирање, ние не ни спомнавме. Еден од подрагите подароци ни беше комплет фенси престилки за готвење и други кујнски додатоци, затоа што пријателите знаеја какви сме, што сакаме и ова се гледаше дека беше баш за нас смислено, стварно се потрудиле. Е сега, добивме и глупости - уметнички слики од луѓе што знаат дека не сакаме уметнички слики, и слично, ама ништо страшно, ги однесовме кај свекрва ми user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 95
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
6.4.2015 0:18:02   
lara36
Jas mislam deka pogolema navreda nema.ima luge sto nemaat dovolno finansii i mora da zimaat na rati i mora de se misli i na toa.nie za nasata imavme samo 4pokloni bez nikakva "naredba".

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 96
   RE: Што мислите во врска со "наредбата&q...
17.12.2015 12:15:58   
Sunshine88
Нај голема глупост ми е да пишам во покана поклон во плик. Пошо така испаѓа дека стварно правиш свадба за пари. А никој не сфаќа дека уствари никогаш 100% нема да ги извадиш парите од свадбата. Тогаш подобро е да не правиш свадба. Јас им пишав да си понесат насмевки и добро расположение. Поклони имавме десетина, се друго во плик...А сите ме послушаа и беа екстра расположени.

(Одговор на членот lara36)
Непосредна врска до пораките: 97
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?