Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Чоколадото корисно и во бременоста 17.9.2009 9:53:47
ivanaa
Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за детето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки. Истражувачите побарале од 300 трудници да го бележат нивото на стрес и количеството чоколади што ги јадат, и според тоа забелажале дека консумирањето чоколадо за време на бременоста, позитивно дејствува на однесувањето на детето. Исто така е забележано дека децата на воздраст од 6 месеци, чија што мајка за бременоста секојдневно консумирала чоколадо, почесто се смееле и биле повесели. Истражувачите кои го спровеле истражувањето признаваат дека неможат со сигурност да тврдат дека чоколадото и однесувањето на децата не се поврзани и со некои други фактори. Но исто така претпоставуваат дека забележаните дејства произлегуваат од хемикалиите во чоколадото, што се поврзува со позитивното расположение, кое се пренесува на новороденчето во матката.
RE: Чоколадото корисно и во бременоста 27.6.2012 20:18:11
Regina
Јас пак која инаку сум љубител на чоколадо за чудо сега не сакам ни да мириснам чоколадо. Пред некој ден мм ми купил чоколада, јас се израдував, одма ја отворив изедов едвај еден ред и толку. Инаку да не бев бремена ќе ја лапнев целата без око да ми трепне, а сега не ми ја сака душата и не.
RE: Чоколадото корисно и во бременоста 14.7.2012 19:00:10
busavka
Хммм, јас откако дознав дека сум бремена (пред една недела) мн ретко е да се случи да каснам нешто благо, и пред тоа ретко ми се случуваше ама и сега не чуствувам некаква потреба за благо, вечер ке се потрудам да изедам еден сладолед
RE: Чоколадото корисно и во бременоста 16.7.2012 12:03:24
Hunny
Јас додека бев немав потреба од некоја конкретна храна, ама бидејќи беше многу мирно решив да го размрдам и да каснам неколку лажици еурокрем. Тие неколку лажици се претворија во пола кутија . Истиот ден отидов на преглед и матичниот ме прати да испитам крв и урина. Е тогаш настана проблем, кога ми се појави покачен шеќер. Јас си заборавив на еурокремот и едно пола саат си се тешев и убедував дека многу имале покачен шеќер. Кога ми текна дека е од еурокремот , му кажав на д-р и ми се утепа од смеење. Пак го испитав шеќерот и беше на долна граница Значи пазете колку благо внесувате
RE: Чоколадото корисно и во бременоста 16.7.2012 12:12:03
Annet
аи лелеее јас па се убив од јадење еурокрем и чоколади,значи од се друго повраќав ама од тоа не,немав ни покачен шеќер ,ништо.ете и пред самиот пораѓај јадев чоколадце мњаммммммм,не се поправив многу некои 16кг само,и по пораѓај ги снема,уф уф ме настрвивте сега.....