Julie1 -> Несакани реакции од вакцина! (17.9.2009 19:12:54)
|
Мамицка3: Е ова ти се вика трагедија. Само недај боже никому да му се случи Седмомесечно машко бебе починало откако примило вакцина во поликлиниката во Драчево. Немилиот настан се случил на трети овој месец. Родителите го однеле малиот Александар да ја прими редовната вакцина, но вечерта, околу 20 часот тој се онесвестил и додека да го однесат во болницата бил мртов. Дали вакцината е причина за смртта на бебето никој не може да каже, бидејќи лекарката што го вакцинирала не го пријавила случајот, а родителите не побарале да се направи обдукција. Скршени од болка за загубеното чедо, кое било трето дете во семејството, родителите не сакаат да комуницираат со медиумите, ниту пак да го бараат виновникот за смртта на нивниот син. - Бебето беше здраво, но дента кога требало да ја прими вакцината докторката со стетоскопот забележала шум на срцето. Дали тоа е причината за смртта, никој не знае. Но, навистина е многу тажно тоа што се случи. Семејството уште е во шок и не сакаат да зборуваат за настанот - вели една сосетка. Докторката што ја дала вакцина по настанот не доаѓа на работа, па немаше кој да објасни зошто овој случај не го пријавила до надлежните во Бирото за лекови, на што е обврзана со законските прописи. Раководителот на поликлиниката во Драчево, Васил Радевски, кој според процедурата би требало да ја ослободи од работа, вчера тврдеше дека не знае за настанот. - Не можам да ви дадам никаква информација зашто не знам дека се случило такво нешто. Денеска сум на терен, утре ќе проверам, па ќе ви кажам - рече Радевски. Нејасно е како тој не разбрал за случката, кога од настанот и по речиси две недели се уште се потресени сите вработени во поликлиниката. Информацијата стасала и до одделенијата за вакцинација што работат во другите поликлиники. Вчера во Бирото за лекови рекоа дека немаат добиено ниту една пријава за несакан ефект од вакцина, ниту пак случај на смрт. - Вакцините што ги имаме кај нас се висококвалитетни и подлежат на строги контроли. Но, мора да сфатиме дека тие може да предизвикаат алергиски реакции наеднаш, ненадејно без најави - вели Илчо Захариев, директор на Бирото. Тој додава дека за да може да се испита случајот и да се открие дали бебето умрело поради вакцината или тоа е само случајност, лекарот требало да го пријави случајот. Лекарите што ги консултираше „Шпиц“ велат дека во овој случај не станува збор за алергиска реакција на компонентите на вакцината, бидејќи таа ќе се јавела многу побрзо. Можеби, додаваат нашите соговорници, детето имало некакви кардиопатија, која не била навреме откриена, па со вакцинирањето таа еруптирала. Од вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б, што ја примило бебето пред да почине, се добиваат полесни несакани реакции, како болка, оток, црвенило, кои се јавуваат локално на местото каде што е инјектирана вакцината
|
|
|
|