Тања РР -> RE: Несакани реакции од вакцина! (7.5.2010 0:18:39)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko 1 ima li nekoj strucen da go potvrdi ili negira ova Што содржат вакцините: Формалдехид Жива Алуминиумски соединенија Фенол Боракс (отров за мравки) Глицерин Антифриз Плус отрови кои се мешаат со човечка крв: Животински органи Ткиво и крв (мајмуни, крава, кокошка, свиња, кучиња, мртов човечки фетус и т.н.) Отровни животински вируси Како SV40 кој предизвикува рак кај луѓето Големи протеини Мутирани (по опасни) човечки вируси во високи дози Бактериски ендотоксини Антибиотици Бактерии Генетски модифицирана мувла Латекс ДНК од животински бактерии и вируси кои кога се инјектирани може да се надоврзат на ДНК на примателот Вака, не дека сум најстручна ама можам да кажам дека скоро сите набројани материи е можно да се наоѓаат во вакцините ама тоа и не е толку страшно како што изгледа и како што некои луѓе сакаат да не убедат. Концентрациите на овие материи во вакцините се толку ниски што и не се детектабилни со стандардните методи. Ги има во толку мали трагови што никој не може да тврди дека можат да ни наштетат. Невозможно е потполно отстранување на резидуите од растворувачите кои се користени при изработката на вакцините па од тука би можело да се детектираат (!!! не да се квантифицираат!!!) траги. Тоа е објаснување за првата група наброени супстанци. За трагите од ткива објаснувањето е дека вакцините се продуцираат во живи клетки. Некои од набројаните „штетни материи“ нема никаква логика да стојат во листата. Со најголем дел од нив се среќаваме секојдневно и секојдневно ги внесуваме во нашиот организам. Ако размислуваме така не би требало да помислуваме да пиеме било какви лекови па дури и да јадеме преработена храна. Се на се, користа од вакцините во огромна мера ги надминува потенцијалните несакани ефекти, како индивидуално така и на глобално ниво.
|
|
|
|