|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Во која градинка?
18.9.2009 11:21:35   
ivche
Дали вашите деца ги носите во градинка во населбата каде што живеете или во градинка во друга населба? Јас моето девојче го носам во градинката што ми е во близина каде што работам за да можам порано да ја земам, но се мислам дали тоа ќе и влијае некако во однос на социјализацијата, во однос на стекнувањето на другарчиња. Што мислите вие на оваа тема? 

< Поракaта ја уредил Elena -- 18.9.2009 11:25:23 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Во која градинка?
18.9.2009 11:27:36   
Еца
Мислам дека така ќе стекне повеќе другарчиња, едни од градинка и едни од населбата своја. И јас Мартина ја запишав во градинката што е до амбулантата Јане Сандански, бидејќи во градинката која ми е до гаuser posted image нема место за неа. 

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Во која градинка?
18.9.2009 11:36:47   
katence
ИЗВОРНА ПОРАКА: ivche

но се мислам дали тоа ќе и влијае некако во однос на социјализацијата, во однос на стекнувањето на другарчиња. Што мислите вие на оваа тема? 

naprotiv,ke vlijae pozitivno vo odnos na steknuvanje na novi prijatelstva.


(Одговор на членот ivche)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Во која градинка?
18.9.2009 11:39:25   
big_mama817
vo blizina na mestoto kaj sto ziveeme na okolu 10 min.

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Во која градинка?
23.9.2009 0:11:18   
lide78
nema poubavo od posetuvanje na najbliskata gradinka,dokolku toa e vozmozno neli
tuka deteto zapoznava drugarcinja od najbliskata okolina i so niv moze da se druzi i vo ostanatiot del od denot,a toa ponatamu prodolzuva i za vo uciliste



_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Во која градинка?
8.10.2009 12:13:43   
zami
Mi treba pomos??

Vnuk mi ima edna godina i treba da go nosat vo jasli vo gradinka vo Kisela Voda ili centar.

Dali nekoj od vas gi nosi decata vo tie gradinki i kako ste zadovolni.
navedete konkretno za koja gradinka se raboti.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Во која градинка?
8.10.2009 12:19:11   
zami
Jas sin mi go nosam vo Gradinkata ,,Prolet,, vo Kozle do skoloto i sum mnogu zadovolna.
Sega ima 5 god. a vo gradinka odi od jasli i do sega site ucitelki sto mu bea bea mnogu dobri i site od nov sin mi mnogu si gi saka i si gi spomnuva i tie od jaslite i site posle niv.

Organiziraat rabotnilnici kade i nie ucestvuvame vo pravewe razni raboti od ovosje i sl.
Odat na prosetki po oklnite dvorovi koga ucat za ovosje i zelencuk.
Lani bea kaj nas vo dvor da sobiraat cresi.
Odat vo zooloska, a godinava bidejki se golema grupa ke gi nosat i vo nekoj muzej.
lani gi nosea na preedstava vo MNT i decata bea fascinirani.
Vo gradinkata imaa fakultativno angliski, fizickio i balet.


(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Во која градинка?
8.10.2009 12:23:43   
mami
Зами има една граадинка кај старо шампионче, веднаш спроти него, е сега, немам никој близок кој одел таму, но имам слушано дека била добра градинка...
а за во центар онаа кај Малага е супер. Секоја година имаат некој голем проект кој го тераат и се е во знакот на него, пред две години секоја група проучуваше одредена земја од светот- најмалите нормално македонијаuser posted image ги шетаа по претставништва на земјите, по некои карактеристични објекти за нив, и на крај од годината имаа претстава во која секоја група имаше настап на музика од земјата која ја проучувале..навистина интересно...кумчето ми одеше во таа градинка и беа презадоволни

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Во која градинка?
25.11.2009 13:38:57   
topce
малото оди во градинка од не цели 11 месеци и 20 дена јас бев на одмор за да може постепено да се навикне потоа 10 дена беше тато на одмор и некако привикнувањето супер испадна.
Сега за сега задоволни сме од градинката, спроти мајчин дом се наоѓа.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Во која градинка?
27.11.2009 14:31:17   
mother 29
градинката ни е 5 мин .од дома..фина е што знам..погодена му е негователката .стварно ги гледа,брише мрсоли,храни....ниту еднаш не е дојден покапан дома ....оти какви ги има не ги гледаат децата све покапани со мрсни флеки ги земаат родителите!

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Во која градинка?
31.12.2009 18:56:23   
Еца
Конечно Мартина од понеделник ќе тргне во градинката која не ни 5 минути од нашиот стан, во "Бубамара" во Ново Лисиче. Ќе ви пишам како сме задоволниuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Во која градинка?
31.12.2009 20:05:28   
Iva
user posted image user posted image user posted image user posted image Се надевам дека ќе бидат заедно со Михајло во група. Леле Михајло колку ќе биде среќен.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Во која градинка?
20.1.2010 20:38:55   
Еца
Ете Михајло и Мартина заедно со Лука на Александра се во иста група и сметам дека во нашиот слузчај тоа беше плус побрзо да ја прифати градинката. Инаку сега сме во Бубамара во група на учителките Цеце и Македонка и многу е задоволна од нив. Биле многу умниuser posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Во која градинка?
26.1.2010 14:39:22   
pacuvce
Еве нешто за состојбата во нашите градинки и нивниот капацитет...Страшно...Преземено од денешниот број на Вест...
 
 
ПРЕНАТРУПАНИ ПРЕДШКОЛСКИ УСТАНОВИ ВО СКОПЈЕ
1.000 деца чекаат за градинки
Околу 1.000 деца во Скопје чекаат ред за упис во градинките. За нив нема место во установите ниту пак државата планира во скоро време да изгради нови за да ги смести. За да ги згрижат, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат.
Одбиени деца од градинка има во речиси сите општини. Во некои објекти листите на чекање се двојно подолги од списоците со примени деца. Надежта дека ако нема место во населбата Аеродром детето ќе го запишат во градинка во населбата Карпош, родителите веќе и немаат, бидејќи, како што велат од искуство, ситуацијата насекаде е иста, а во некои места дури и бетер.
"Каде и да одиме добиваме ист одговор, а тоа е запишете се на список, па кога ќе дојдете на ред ќе ви се јавиме да го запишеме вашето дете. Државата буквално ги избриша нашите деца. Срамота! Ако веќе оваа Влада инсистира да се раѓаат деца и води кампањи за зголемување на наталитетот, а од друга страна градинки нема ниту за лек, нека земе премиерот заедно со неговите министри да ни ги чуваат децата", вели скопјанка, која втора година по ред не може да си го запише детето во градинка во населбата Кисела Вода.
Додека едни деца чекаат пред градинките, оние внатре пак се туткаат. Бројот на децата во сите градинки го надминува нивниот капацитет и е над пропишаниот со закон.
Најалармантно е во градинката "Пролет" во населбата Карпош. Таа собира 500, а во неа моментно се запишани 664 деца. Кај е преполна, најмалку уште 30 деца се борат за место во неа. Ништо подобро не е ниту во градинките "Мајски цвет", "Орце Николов" и "Распеана младост" и нивните клонови.
Над 200 деца се извисени и во Кисела Вода. До крајот на минатата година, во објектите на градинката "Весели цветови" беа пополнети сите места, а плус 30-ина чекаа зелено светло. Други 200 дечиња во моментов се борат за влез во градинката "8-ми Март".
Единствена општина во која сега нема листи на чекање е Аеродром, во чии градинки децата се редуцирани поради празниците, вирусот и распустите. Но, тоа не значи, велат од таму одговорните лица, дека за месец-два нема да има нов наплив на деца и дека нема да се чека за место.
Иако ваквите факти се потврдуваат на секоја уписна година, државата ги игнорира. Ако се изостават темелите на градинката што пред неколку месеци Владата ги удри во Аеродром, Скопје единствено може да се пофали со детски градинки изградени како донации по земјотресот во 1963 година.
Проблематичната состојба со недостиг на градинки во Скопје ја потврдија и во Министерство за труд и социјална политика, потенцирајќи дека многу деца се запишани само на хартија и не одат во градинка.
"Во Скопје има 18 градинки и сите заедно имаат капацитет за 9.800 деца. Меѓутоа во нив има над 10.640 деца", велат од Министерството.
И додека државата да се одлучи за да се соочи со проблемот и да го реши како што тоа го прават соседите и другите земји во светот, градот и натаму останува жигосан со стари детски објекти, некои воопшто и нефункционални, каква што е градинката во Ѓорче, која со веселите бои служи само како декор на населбата.


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Во која градинка?
26.1.2010 15:10:00   
mis.
Страшно и многу трагично.Еве кај син ми се 30 деца во гупа што е огромна бројка.Знам дека има листи на чекање но и да го примат едно дете треба да има и услови на работа во градинката.како може учителките да внимаваат и работат со група која брои и до 30 деца.Овие две недели едната е на одмор и за нивсе  грижи само една учителка а и таа не е постојано со нив пошто нејзиното работно време е помалку од работното време на градинката.user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Во која градинка?
26.1.2010 15:36:26   
mami
леле страшно...и ние планираме Лука од септември да го праќаме во градинка, па да го ставам од сега на листа за чекање а? којзнае што ке стане до септември

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Во која градинка?
26.1.2010 16:53:13   
mis.
Мами одлучивте во која градинка ќе го носите?Гледам дека има голема разлика од градинка до градинка.Има некој некоја препорака за добра градинка?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 9:34:41   
Cacko
preporaka moja e koj moze da gi nosi vo centar vo gradinkata kaj beko policiska(neznam kako se vika),sestra mi dvete tamu gi nosi i e prezadovolna,a po priroda e mandzija za sveuser posted image .ja koga ke ja dadamelena vo gradinka ke vidam,dali ako najdam rabota od proletva, a ako ne od septemvri,ama sakam blisku do nas.za od 3 gogini ne i bega francuskata(blisku ni e,plus mozeme da si dozvolime,plus mm tecno zbori francuski pa ke se vezbaat)ama do togas ne znam.ima edna odma do pedagoska so e gradinkla so dvorce i sve,ama ne znasm kako e,znae nekoj nesto za nea??

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 9:37:04   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Мами одлучивте во која градинка ќе го носите?Гледам дека има голема разлика од градинка до градинка.Има некој некоја препорака за добра градинка?


не сме одлучилем, бидејќи тоа ке биде од септември а ние сме во фаза на барање стан нели, па зависно каде ке се селиме таму ке бараме градинка

Цацко таа во центар е топ. кумчето таму одеше, плус ние од факултет одевме нешто да ги спремаме децата и закон се, алал да им е и каква програма имаат и се. Инаку и таа во Автокоманда ми ја фалеа дека била добра

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 15:21:05   
mis.
Мами која во Автокоманда таму има 3 градинки?И јас сакам Стефан да оди во автокоманда но не знам се уште за конечно.Има време до септември но што ако до тогаш нема местоuser posted image

< Поракaта ја уредил mis. -- 27.1.2010 15:28:38 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 15:26:59   
mami
Има две колку што знам. Оваа за која имам слушано е долу, скоро до самата главна улица кај автобусите што поминуваат. еднаш ли два пати ја имам видено само

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 15:31:00   
mis.
Има два веднаш до булеварот до постојаката двојка прва кај стои и се една до друга.А има уште една до сп маркет значи вкупно 3.Е сега тие двете се една до друга и не знам за која всушност се работиuser posted image Едната има влез што гледа на кај трговскиот а другата е со влез на кај зградата каде што е зегин.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Во која градинка?
27.1.2010 15:36:41   
mami
уф..е тоа не би знаела да ти кажам, сакаш да се распрашам вечер? на мм еден колега жена му работи во едната, па ке прашам точно во која

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Во која градинка?
26.2.2010 11:21:21   
Tanjicka
vcera izlegovme so Luka (koj na 06 mart polni 6 meseci ) da se prosetame i resiv da prasame za gradinkata Buba mara sto ni e do zgradata vednas, inaku ziveeme vo Novo Lisice, neli da prasame koja e procedura za zapisuvanje, zasto jas od 1 juni pocnuvam na rabota i Luka da trgne do maj vo gradinka, bidejki nema koj da go cuva. nO MI KAZAA DEKIA NE PRIMAAT.I sega kade da baram vrski za da mi go primat deteto, milsma mi nema logika da baram na drugo mesto koga gradinka imam pred vrata?

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Во која градинка?
1.4.2010 9:32:43   
TRANSTAR
nie odime vo Avtokomanda vo Mimoza, toa e novata gradinka kaj pazarceto.
Prezadovolni sme

(Одговор на членот Tanjicka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?