pacuvce -> RE: Во која градинка? (26.1.2010 14:39:22)
|
Еве нешто за состојбата во нашите градинки и нивниот капацитет...Страшно...Преземено од денешниот број на Вест... ПРЕНАТРУПАНИ ПРЕДШКОЛСКИ УСТАНОВИ ВО СКОПЈЕ 1.000 деца чекаат за градинки Околу 1.000 деца во Скопје чекаат ред за упис во градинките. За нив нема место во установите ниту пак државата планира во скоро време да изгради нови за да ги смести. За да ги згрижат, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат. Одбиени деца од градинка има во речиси сите општини. Во некои објекти листите на чекање се двојно подолги од списоците со примени деца. Надежта дека ако нема место во населбата Аеродром детето ќе го запишат во градинка во населбата Карпош, родителите веќе и немаат, бидејќи, како што велат од искуство, ситуацијата насекаде е иста, а во некои места дури и бетер. "Каде и да одиме добиваме ист одговор, а тоа е запишете се на список, па кога ќе дојдете на ред ќе ви се јавиме да го запишеме вашето дете. Државата буквално ги избриша нашите деца. Срамота! Ако веќе оваа Влада инсистира да се раѓаат деца и води кампањи за зголемување на наталитетот, а од друга страна градинки нема ниту за лек, нека земе премиерот заедно со неговите министри да ни ги чуваат децата", вели скопјанка, која втора година по ред не може да си го запише детето во градинка во населбата Кисела Вода. Додека едни деца чекаат пред градинките, оние внатре пак се туткаат. Бројот на децата во сите градинки го надминува нивниот капацитет и е над пропишаниот со закон. Најалармантно е во градинката "Пролет" во населбата Карпош. Таа собира 500, а во неа моментно се запишани 664 деца. Кај е преполна, најмалку уште 30 деца се борат за место во неа. Ништо подобро не е ниту во градинките "Мајски цвет", "Орце Николов" и "Распеана младост" и нивните клонови. Над 200 деца се извисени и во Кисела Вода. До крајот на минатата година, во објектите на градинката "Весели цветови" беа пополнети сите места, а плус 30-ина чекаа зелено светло. Други 200 дечиња во моментов се борат за влез во градинката "8-ми Март". Единствена општина во која сега нема листи на чекање е Аеродром, во чии градинки децата се редуцирани поради празниците, вирусот и распустите. Но, тоа не значи, велат од таму одговорните лица, дека за месец-два нема да има нов наплив на деца и дека нема да се чека за место. Иако ваквите факти се потврдуваат на секоја уписна година, државата ги игнорира. Ако се изостават темелите на градинката што пред неколку месеци Владата ги удри во Аеродром, Скопје единствено може да се пофали со детски градинки изградени како донации по земјотресот во 1963 година. Проблематичната состојба со недостиг на градинки во Скопје ја потврдија и во Министерство за труд и социјална политика, потенцирајќи дека многу деца се запишани само на хартија и не одат во градинка. "Во Скопје има 18 градинки и сите заедно имаат капацитет за 9.800 деца. Меѓутоа во нив има над 10.640 деца", велат од Министерството. И додека државата да се одлучи за да се соочи со проблемот и да го реши како што тоа го прават соседите и другите земји во светот, градот и натаму останува жигосан со стари детски објекти, некои воопшто и нефункционални, каква што е градинката во Ѓорче, која со веселите бои служи само како декор на населбата.
|
|
|
|