RE: Во која градинка? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Luci -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 9:18:18)

Денеска, 14.11.2012 година, почна да се внесува дел од мебелот во новата детска градинка во Реонски центар „Аеродром“, чијашто изградба е во завршна фаза.

Градинката се обезбеди со нови фотелји и столови за воспитувачи, медицински ормари,
гардеробери, сталажи за прибор и нагледни средства, детски садови и прибор за јадење, пијанино, гимнастички душеци, закачалки, топки и други материјали и средства за работа.

Детската градинка забрзано се гради на парцела од 7.500 квадратни метри, од кои 1.400 квадратни метри вкупна градежна површина на приземје (1.100 м2) и кат (300 м2) со капацитет за згрижување на околу 200 деца од предучилишна возраст.
[img]http://sphotos-h.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/21747_498836273483814_1865117117_n.jpg[/img]

Извор: Општина Аеродром




sandriana RR -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 9:34:55)

Ајде, аирлија [sm=smiley1.gif]
Да се надеваме на соодветна распределба на бројот на дечиња сега, во нашата пренатрупана ни општина [sm=smiley1.gif], и да им посакаме успешна работа.




Andriance -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 10:02:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Ајде, аирлија [sm=smiley1.gif]
Да се надеваме на соодветна распределба на бројот на дечиња сега, во нашата пренатрупана ни општина [sm=smiley1.gif], и да им посакаме успешна работа.


Ајдеее лелеле мене колку ме засега оваа тема и баш оваа градинка...го пријавив А уште во септември..и ми рекоа дека сите апликации автоматски се праќаат во оваа градинка..

уф..се надевам само дека нема да имам проблеми..оти мислам ќе ги степам сите [sm=jezicek.gif]




sandriana RR -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 10:07:48)

Проблем за упис не би требало да има....само баш ме интересира по колку дечиња ќе бидат во групите...Ќе чекаме да не известиш детално, кога ќе тргнете[sm=smiley1.gif]
Или ако има некое р-рајче што ќе тргне пред А, да сподели инфо[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 10:26:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana

Проблем за упис не би требало да има....само баш ме интересира по колку дечиња ќе бидат во групите...Ќе чекаме да не известиш детално, кога ќе тргнете[sm=smiley1.gif]
Или ако има некое р-рајче што ќе тргне пред А, да сподели инфо[sm=smiley1.gif]


Хе,хе..па треба да гипрашаме колку занимални има градинкава па ќе видиме. Иако потребите на овој дел од општината се далеку поголеми од градинка со капацитет од 200 деца. Оваа бројка ќе се потполни само ако се растеретат веќе постоечките 3-4 градинки во околината (да се растеретат мислам да сведат на бројката која е пропишана со закон) а каде се дечињата кои ќе се вселат во новоизградените најмалку 20тина згради?




sandriana RR -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 10:36:59)

Растеретување ми звучи како утопија [sm=smiley36.gif]
Сабајле Цаци од градинка ми излезе со стемнета фаца, пошто внатре у занимална плачеа 3-4 деца, капак Тина моја се расплака коа ја зема. На шега и викам на Т- уште ти треба да плачеш, а одговорот на Цаци - она, и уште 20 внатре [sm=smiley13.gif]
Јака душа и на воспитечки и на деца внатре...Ај, да не бидам оф топик..
Што треба да сториме ние како родители, да се доизградат градинки/училишта ?




Maca25 -> RE: Во која градинка? (15.11.2012 19:22:16)

раѓајте деца, ама кога ќе дојде време за во градинка мислете му ја [sm=smiley36.gif] ова е моментална состојба во нашава земја.
кај ќерка ми во градинка групите се од кај 25 до 30 деца (може и повеќе), има деца од сите населби, не дека предност имаат тие што живеат во близина на градинката. Се чудев како од Н. лисиче, ченто, железара и волково доаѓаат до нашава градинка да си го остават детето. Иако е голема градинката, пак нема место за толку многу деца. Јас стварно не знам каде спијат и како спијат нашите деца, кога се цела група, во една занимална, креветчиња едно до друго, како сардинчиња.




belabela -> RE: Во која градинка? (23.11.2012 11:08:49)

Dali moze nekoj da kaze kakvi se uslovite i kakov e odnosot na vospitackite vo gradinkata 8 Mart Kisela Voda




zzaa -> RE: Во која градинка? (1.12.2012 15:20:00)

konecno ja najdov temata[sm=jezicek.gif] kerka mi ja zapisav vo sinolicka vo k.voda od 15 januari imale nekoj iskustvo od taa gradinka da mi pisa nesto cisto informativno,taa mi bese naj blizo na 5 minuti od doma i zatoa




slavicav -> RE: Во која градинка? (19.1.2013 15:58:03)

Mi treba info za gradinkata Kalinka klon na Srnichka vo Aerodrom,kako e tamo ima nekoj iskustvo?




Andriance -> RE: Во која градинка? (19.1.2013 17:42:47)

Леле и ја стигнав да се пријавам на темава..син ми од 01.03 треба да иде во новата во ново лисиче..Сонце..има ли тука некој што ќе го носи детет таму а? требаше да биде готова до јануари..ама еве сега рекоа средина на февруари се отвара дефинитивно...




mila28 -> RE: Во која градинка? (23.1.2013 12:06:18)

Novata gradinka mene stvarno ne mi e janso kade ke bide? kaj happy igrotekata tamo nekade, ili nov objekt ke se gradi ,ziveam vo N.lisice i ne sum primetila deka nesto se gardi tamo okolu kam. Inace i jas ke odam utre da podnesam baranje za vo buba mara(pred zgrada ni e) za od septemvri, ke ima 20 meseci i mislam deka vo vtora grupa jasli ke bide ako ne se lazam.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance RR

Леле и ја стигнав да се пријавам на темава..син ми од 01.03 треба да иде во новата во ново лисиче..Сонце..има ли тука некој што ќе го носи детет таму а? требаше да биде готова до јануари..ама еве сега рекоа средина на февруари се отвара дефинитивно...





Andriance -> RE: Во која градинка? (23.1.2013 13:21:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mila28

Novata gradinka mene stvarno ne mi e janso kade ke bide? kaj happy igrotekata tamo nekade, ili nov objekt ke se gradi ,ziveam vo N.lisice i ne sum primetila deka nesto se gardi tamo okolu kam. Inace i jas ke odam utre da podnesam baranje za vo buba mara(pred zgrada ni e) za od septemvri, ke ima 20 meseci i mislam deka vo vtora grupa jasli ke bide ako ne se lazam.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance RR

Леле и ја стигнав да се пријавам на темава..син ми од 01.03 треба да иде во новата во ново лисиче..Сонце..има ли тука некој што ќе го носи детет таму а? требаше да биде готова до јануари..ама еве сега рекоа средина на февруари се отвара дефинитивно...




Не е баш кај хепи..таа е во близина на новото паркче што се изгради..некаде му доаѓа позади палачинкарата [sm=jezicek.gif]
ќе има и школо и гоолем СП пазар...

инаку да, со 20месеци ќе биде во 2-ра група.




temjana -> RE: Во која градинка? (24.1.2013 12:11:27)

Ние од септември тргнуваме во центар кај Работнички што е таа градинка, не знам како се вика. Сакав од мај ама немало место[sm=smiley13.gif] Ќе видиме како ќе биде, она ќе има точно 1 годинка




Ring -> RE: Во која градинка? (24.1.2013 12:16:20)

Ако има некое рингерајче што оди во Н.Н.Борче позади универзална , нека споделат искуства ...
ние планираме да почнеме од март, тогаш ке направи годинка, па ме интересира како е, дали има премногу дечиња во група, затоа што јас добив информација дека било порастеретено ?




dostickage -> RE: Во која градинка? (24.1.2013 12:25:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR

Ние од септември тргнуваме во центар кај Работнички што е таа градинка, не знам како се вика. Сакав од мај ама немало место[sm=smiley13.gif] Ќе видиме како ќе биде, она ќе има точно 1 годинка


Ako zboruvas za Korcagin , objekt Pinokio i ako ja cuvaat Zlatka i Ana begaj si so vreme.
Ako ne , kje ti treba mnogu srekja za tamu . 




Palce -> RE: Во која градинка? (27.1.2013 16:55:34)

Mamicki zdravoo...Dali moze nekoja od vas da mi kaze licno iskystvo ili od prijateli za dve gradinki..Me interesira za gradinkata Prolet vo Kozle i za Koco Racin pozadi Zito Luks vo Kapistec..Inaku kerka mi odi vo malata gradinka Majski Cvet vo Taftalidze 1 ama voopsto ne sum zadovolna.Nisto ne rabotat so decata,do sea ni ednas ne napravile nekoja priredba (kerka mi e tamu od oktomvri),ne gi brisat posle odenje vo WC,cela e prljava posle jadenje,odnesovme se zivo i divo od materijalu za rabota,nisto ne im davaat,crtani sekoj den im pustaat i da nw prodolzam so spisokot...Znaci ako e za gledanje crtani ke ja ostavam doma i ke dreme,fintata e nesto da nauci.Ke mi bide od golema pomos dokolku mi kazete iskustvo od ovie dve gradinki ili eventualno i nekoja druga vo pos,Kozle,Kapistec..Vi Blagodaram




rina13 -> RE: Во која градинка? (27.1.2013 17:42:54)

Палче ние идевме во Кочо Рацин кај Жито Лукс и да ти кажам за воспитачките немам зборови мн беа фини и детево ги засака. Но, градинката е стара не е реновирана монтажна барака тесна со стар инвентар а и многу често фаќаат децава бактерии. Нашето идење таму заврши неславно со болница и се отпишавме. Децата претежно се на вработени од државна и ги прќаат верувај болни, ќе им дадат сирупче насабајле и чепче и првец во градинка(ова лично сум го слушнала на неколку наврати од родителите). Многу го фалат клонот горе на водњанска па ако имате можност би ви препорачала таму да се запишете.




Maca25 -> RE: Во која градинка? (27.1.2013 17:48:27)

Внук ми оди во Пролет во Козле, ама е многу мал (18 месеци) и е во јасли и нормално дека таму по цел ден си играат и ништо не работат со нив. Снаа ми и брат ми се задоволни од тоа како се грижат негователките за него, со оглед на тоа што имаа така полоша адаптација со плачки, повраќање, одбивање храна и неспиење.
Палче, не знам колкава беше ќерка ти, ама еве за кај ќерка ми во градинка ќе кажам - јас се чудев како може ништо да не работат во градинка до лани, ќерка ми имаше веќе 3 години и она дома на велико боеше и црташе, а во градинка ништо. Она беше само со 3 години и уште 2 дечиња, сите други имаа по 2 и не можеа да ги координираат со активносите баш убаво. И да ти кажам дека во помалите групи и нема приредби, нема некои поголеми активности, затоа што се навистина мали, посебно во прва мала група или јасли (ама тие вторите јасли). Значи кај Н. почнаа да работат озбилно тек оваа година, со приредби на 3 месеци, повеќе активности, музичко, сликање, физичко.
А и можеш да ги прашаш кои им се активностите и дали може да видиш што твоето дете направило од материјалите кои сте ги донеле на почеток на година.




Palce -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 0:03:46)

Rina ti blagodaram za informacijaa nasata za gradinkata :) Maca,kerka mi ima 3 godini I grupite ne im se ic ubavo namesteni..Nemoze vo ista grupa da ima dete od 3 godini I nesto I dete sto ima 2 I sto ke polni 3 tek ovaa godina vo juli mesec..Znaci ne se namesteni po godina na raganje I posle nekoi deca se dosaduvaat vo gradinka zosto drugite vo grupa se mali I nemoze da se raboti..Znaci upravitelkava na gradinkata nasa vrska nema,kako I teknalo taka go stavila..Bas I zborev so nea za ova,pa mi vika..Gi izmesav site..I vikam e kako moze taka I uporno nekoi gluposti mi objasnuva..Toa sto kaj vas ne rabotele nisto e sepak mislam do vospituvackite..Imam drugarka cie dete e vo jasli pa mi vika deka ucestvuvale decata vo priredbi,ne deka nesto pravat ama se drzat za bluzi eden pozadi drug I si igraat demek kako voz..nema vrska sakam da kazam deka nesto gi animiraat decata...Nemozam da svatam deka po cel den crtani gledaat I deka koga ke stanat od spienje gi stvaat na edna klupa I tuka dremat dodeka ne dojde roditelot da gi zeme,i taka dremat siroti deca bez vrska I toa obleceni vo cizmi...Dodeka vo drugi gradinki posle spienje imale fizicko I slicni aktivnosti..Znaci neznam sto da kazam...Samo znam deka epten se nerviram I neznam kade da ja prefrlam...




Malecka23 -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 11:54:24)

Добро бе луѓе што се дешава со градинкиве?Сабајле се јавувам во Гоце Делчев-Илинден да се распрашам кога уписи како со групите и сл,и сум крајно револтирана.Дотичната што ми се јави на телефон толку дрско и безобразно збореше се запрепастив.Ја прашав три прашања кога се уписи,документи и како се групите и и кажав дека се работи за 13месечно дете.Почна пола саат да ми држи лекции како детето е мало треба дома да седи не треба да иде нигде,и као дојдете пополнете апликација демек ко ке биде 2год да биде на листа за чекање за да влезе-пошо немале јасли,и као ама не се надевај многу дека ќе го примат овде идат многу деца а малку места имам као терај работа на друго место и не ме замарај толку ли беше тешко 2мин разговор да ми кажеше немаме тука јаснли од 2год е градинката и готово[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]не ми се верува а као имаше многу што ја фалеа градинката можеби јас сум налетала на погрешна др се ок ама сепак мислам дека не е добро.И сега ќе идеме во 25мај(Сонце) во ченто-таму јас имам пораснато а воспитачките тогаш беа млади сеа се по 45-6години и таму ќе ја запишам аи плус сите ме познаваат од куварки до директорката.Него би сакала да чујам милење од друг како е задоволен од таа градинка сега




temjana -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 15:24:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR

Ние од септември тргнуваме во центар кај Работнички што е таа градинка, не знам како се вика. Сакав од мај ама немало место[sm=smiley13.gif] Ќе видиме како ќе биде, она ќе има точно 1 годинка


Ako zboruvas za Korcagin , objekt Pinokio i ako ja cuvaat Zlatka i Ana begaj si so vreme.
Ako ne , kje ti treba mnogu srekja za tamu . 



Достичка, Пепелашка се вика објектот. Е сега не знам се надевам дека ќе биде во ред се бидејки на мм од работа сите колеги децата таму си ги носат и демек биле задоволни. Цело време се инвестирало во неа се било ново , воспитувачките биле многу ок... ама се додека не видам не верувам така да од септември ќе кажувам како е [sm=smiley1.gif]




dostickage -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 15:29:38)

Dobra si ,ne se tie,od niv begam ko gjavol od krst[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
More koga pomina vremeto, koga se porodi koga zverka kje ide u gradinka , sonce. Da ja gusnes [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




temjana -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 15:34:51)

А да дојдевте вие со баткото да се запознаат ? [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




dostickage -> RE: Во која градинка? (28.1.2013 15:36:51)

i kje dojdeme, samo posledniot pat bevme krsh bolni pa ne mzev da dojdam [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>