Calypso -> RE: Во која градинка? (28.5.2013 13:03:13)
|
Прашував мислам на претходните страни искуство со Пони градинката во Хиподром. Џабе сум прашувала, какви врски не потегнавме, нема и нема место. Не знам каде да го запишеме малиов, по можност да почне што поскоро, оти јас имав неколку понуди за работа, а морав да ги одбијам, оти ептен нема кој да ми го чува детето. Да имаше, не ќе се двоумев, ама вака... Дали може детето да оди во градинка која не е во реонот во кој живее? Ни рекоа дека не може, морало по адресата на живеење, освен ако имаме ептен јаки врски. Само една градинка имаме тука во наша близина, преполна. Впрочем, во цела општина Гази Баба има многу малку градинки, а поголем број на деца. Стварно веќе не знам што да правам, сакам да работам, пред се за да излезам од дома, ама детето не можам со мене да го носам, кому да го оставам? ММ не може да земе одмор од работа, сезона им е во фирма, хаос е.
|
|
|
|