Maca25 -> RE: Во која градинка? (22.2.2011 15:46:56)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25 ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly Вчера бевме во 13 ноември и го запишавме Филип. Ептен ни се бендиса, чисто е, убаво, љубезен персонал. Само се мислиме дали од април или мај да почне. Ми рекоа дека било поубаво во април за да има време да се привикне на персоналот пред да дошле годишни одмори, зашто тогаш ќе се менувале и ќе имало различни негувателки. Ќе видиме. Важно таму ќе оди. Нина оди во оваа градинка. По многу деца во група се. Нас ни рекоа дека се до 20 деца во јасли. И на 20 деца 3 негувателки. Јас не очекував дека се 3, мислев 2 дека се. И точно вика Виктори. Особено тие во поголемите населби. Ама тоа е тоа, оваа ни е најблиску. А каква им е храната, Мацо? Во групата каде што ќе биде ФИлип се две негователки. Исто и на мене ми рекоа дека ќе бидат 3, кога ја запишав Нина ама никогаш не беа 3. Кога има помалце деца, за време на распуст или кога има повеќе болни, ги спојуваат 2 во 1, односно јасли и прва јасли (каде што е Нина), само за спиење си оди секој во своја занимална.
|
|
|
|