Maca25 -> RE: Во која градинка? (11.5.2011 10:17:12)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Maca25, nema steta da probate, ako ne i se dopaga tamu sekogas mozete da se vratite nazad vo nejzinata grupa. Bitno e da zboruvate, da znae deka vo taa grupa e pointeresno, deka tamu i se drugarcinjata, no ako ne i se dopaga samo treba da i kaze na mama i mama odma ke ja prefrli vo nejzinata grupa so nejzinite neguvatelki. Samo vnimavajte bidejki mnogu roditeli pravat greska so toa sto mnogu ocekuvaat od nivnite deca. Ne zaboravajte deka vo pogolemata grupa i poveke ke se ocekuva od nea. Vo taa grupa mozebi nema da napreduva kako vo pomalata, nema da gi postignuva istite rezultati zatoa sto ke ima drugi pogolemi decinja. Isto taka, porano ke treba da trgne vo uciliste (ako odi so taa grupa), sporedbeno so vrsnicite, sekogas ke ima pogolemi obvrski. Da ne se isfrustrira maloto deka ne e veke najdobar umetnik vo grupa? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Искрено во јасли ништо не ни прават. За една година само една песничка учеле. Единствено што прават е да играат со топка или да пуштат музика од Златно Славејче. Јас разбирам дека моето дете е едно од најголемките во таа група, и дека таа сака да бои, да црта, да слуша приказни...и разговарав неколку пати со нејзините негователки и сите истот ми го рекоа: останатите дечиња се многу мали се тоа и затоа не можеме со ништо друго да ги занимаваме. Зошто јас да речеме да го уназадувам моето дете или тоа да цупка во место кога може да оди во друга група со малку поголеми дечиња ( еве на пр. Јована е само 2,5 месеци постара од Нина). Јас забележав дека по дома Нина почна да лази, да бара цуцла, да зборува бла бла бла (ептен бебешки) и кога ќе ја прашаме зошто го прави тоа таа вика дека така прават сите деца. Зарем не е за вас ова уназадување?!?! Не знам уште, не сум одлучила дефинитивно дали ќе оди во друга група или не, треба да разговарам со една пријателка на мајка ми која работеше како психолог во градинка. Сакам таа да ми каже нејзино мислење за префрлувањето, затоа што и таа најдобро знае како функционираат групите а ја познава и Нина.
|
|
|
|