Неверство преку интернет (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


Еца -> Неверство преку интернет (20.9.2009 0:25:47)

За да ја отворам темата ме потсети една пријателка која стигна скоро до развод поради интернетот.Поточно подолго време приметила дека нејзиниот маж останува на компјутер до доцна во ноќта, но ниту не сонувала дека тој на скајп со некоја негова познаничка или не знам точно што нашироко разговара за се и сешто па дури и дека неговата сопруга не му значи многу во животот иако имаат две дечиња.Додека случајно не прочитала се.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Сите ние користиме скајп, месинџер, еве ФБ, кои се вашите размислувања и искуства.Може некој и се нашол во ваква или слична ситуација?




niki -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 0:53:54)

Ko sto moze da te izneveri nadvor od doma moze i od doma, ova iako mozebi ne e fizicko izneveruvanje jas mislam deka poveke boli bidejki ti se slucuva pod nos, doma i se raboti za cuvstva, onaka ke si reces podlegnal na strast, sex za edna nok, a ova da zboruva deka nema cuvstva za zena si dodeka uste so nejze zivee pod ist krov so nekoja druga, seriozna rabota, jas ne bi go svatila mnogu naivno.




Еца -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 0:58:21)

Па ни таа не го сватила наивно, дури некој месец и раздвоени беа, ама ете не знаеш животот што ќе ти запржи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]




niki -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 1:00:14)

Bas da neznaes od kaj se da se branis




katence -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 1:08:09)

neverstvo preku internet e najlesnata rabota dokolku toa posakuvas,posebno so fb kade sto mozes sekogo da najdes.sepak zavisi individualno od covekot,ako naumil za takvo nesto togas e mnogu lesno.
posebno ako ima kriza vo brakot/osamenost imas zelba so nekogo da razgovaras i seto toa kulminira vo nesto drugo.




Палешка РР -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 7:32:35)

Веројатно е во мода овој тип на неверство. Многу повеќе би се загрижила ако мм контактира секојдневно со некоја типка преку интернет, отколку ако имал "шема" за една ноќ. Интернетот создава илузија, се развиваат чувства и создаваат многу јаки врски.
Сепак, мислам дека треба нешто во бракот да шкрипи за еден од сопружниците да се впушти и во ваков тип на неверство.




Iva -> RE: Неверство преку интернет (20.9.2009 16:22:47)

И јас се сложувам со фактот дека за да се отпочне некаква врска преку интернет мора да постои нешто што не чини во бракот. Логично, ако се ти во ред, нема ни да ти текне , нема ни да ти биде интересно да разговараш со некој непознат, а не и да отпочнеш некаква врска. Сепак ако контактите станат интензивни, тоа значи дека навистина нешто се случува. Лесно е човек кога има криза во бракот да подлегне на искушение. И мислам дека без разлика дали е жената или мажот во прашање, ќе треба време да се свати што всушност сакаме. Можеби понекогаш е потребно и такво нешто (мислам само за преку интернет), за да човек свати што има покрај себе, што може да изгуби или пак да добие. 




big_mama817 -> RE: Неверство преку интернет (23.9.2009 11:37:32)

i jas se slozuvam so postovite na paleska i iva deka mora nesto vo brakot da skripi za da se napravi takvo neverstvo




Еца -> RE: Неверство преку интернет (27.12.2009 21:28:19)

Адвокатите специјализирани за развод на бракот тврдат дека се поголемата популарност на Фејсбук и другите друштвени профили ги доведува до искушение партнерите да изневеруваат, а од друга страна другиот партнер има Фејсбук за да пронајде доказ за изневерување или флертување.

Адвокатите тврдат дека секој петти случај на развод на бракот е поради Фејсбук.

Марк Кенан извршен директор на страната Divorce online кажал - "Слушнав од вработените дека многу луѓе дознаваат за неверство на партнерите преку профилите на Фејсбук. Тоа ме натера да видам колку ваквите интернет страни се заслужни за распаѓање на бракот и видов дека во 20% од случаите се разведуваат поради Фејбук. Како причина се наведени секси разговорите со личност со која не би смееле да ги имаат тие разговори".

На овој нов тренд добро заработуваат компаниите кои произведуваат софтевер со кој се шпионираат online активностите на партнерот.




profesorica -> RE: Неверство преку интернет (28.12.2009 8:44:02)

оф а јас мислев збориме за женско неверство преку интернет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




brineta88 -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 1:45:13)

Е драги мои мене баш ова ми се случи.
Само што дознав дека мм се допишува со некоја г-ца на фејсбук.
И да не биде малку какви разговори процитав неможам да се соземам и да поверувам дека ова се дешава.
Сигурно и се гледаат. ЛЕЛЕЕ
Јас си ги спакував алиштата и утре си заминувам без да ми кажам ништо, незнам што друго да направам,




miana -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 8:21:43)

Auuuu pu,pu pu bog da cuva..Ne ti e lesno - zimi se!!!
Zatoa jas i mm nemame fb...Ama toa ne mi e nekoja sigurnost - neli?Brineta i jas bi postapila isto kako tebe ,moze gresam ama mislam deka znam kako se osekas vo momentov i znam deka i mene ne bi me soprelo nisto....Sega ke me karaat driugite zosto sum ti napisala vaka ( lesno ee da se ostavi) ama pa tesko i se pominuva niz nekoi raboti...




temjana -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 8:35:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: brineta88

Е драги мои мене баш ова ми се случи.
Само што дознав дека мм се допишува со некоја г-ца на фејсбук.
И да не биде малку какви разговори процитав неможам да се соземам и да поверувам дека ова се дешава.
Сигурно и се гледаат. ЛЕЛЕЕ
Јас си ги спакував алиштата и утре си заминувам без да ми кажам ништо, незнам што друго да направам,


Се надевам дека не е до таму дојдена работата и дека сепак ќе најдете заедничко решение. Ужасно е во секој случај, и верувам дека многу повеќе ќе ме повреди и мене ваков тип на неверство отколку за една вечер. Ти посакувам се најдобро и што и да одлучиш со тебе ќе бидеме ние рингерајки[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




kuklica -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 9:59:32)

brineta88 sedni razgovaraj so mt naterajgo da ti raskazi se sto pravel i so site sto se dopisuval (inaku znam kakvi ragovori ima pisuvano istoto i se sluci na moja drugarka )
Toa go pravat mazite koi se cuvstvuvaat nesigurni vo sebe i nemaat hrabrost da go iskazat na nekoja toa vo zivo a nedaj boze nesto poveke bidi sigurna (90 %) deka nisto ne napravil samo se glupiral po net zaradi negovata neizziveanost i nemanje na hrabrost
Izvini mnogu ali spored mene tie se mnogu lesni mazi i se mnogu nazad od ova vreme vo koe ziveeme pa na nekoj nacin za da "ne stignat" gi pravat tie razgovori i kazuvaat socni zborovi na nekoja sto nitu ja znaat nitu ja poznavaat BLJAK mi se gadi od niv [sm=zmeden.gif]
Ti ja posakuvam set_a sreka vo zivotot i mozam da zamislam kako se osekas vo momentov ali kako sto ti kazav (iako samo ti odlucuvas za sebe) sedni razgovaraj i otvorete gi site karti na masa pa posle ti ke si resis sto treba da pravis i dobro rasmisli ako imate detence ne dozvoluvaj da pati zaradi negoviot nezrel tatko tuku vlozuvaj vo mt i napravi razumen covek pozZ




Sandric -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 10:14:08)

Mislam deka ne mora da izbrzuvas so nekoj odluki. Ako ti e za uteha i jas sum flertuvala preku internet bez nikakvi cuvstva i nameri, cisto onaka i bez nikakvo vlijanie na moite vrski vo meguvreme.
Site tie chat-kanali se edna takva maska kade sekoj pokazuva nekoe svoe
skrieno "jas" i znam deka boli da procitas takvo nesto ama toa ne e sekogas taka kako sto e napisano




Тања РР -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 10:39:25)

Jaс ќе се согласам со двата поста пред мене. Флертувањето на нет со непознати пријателки е одлика на несигурни мажи кои не би се осмелиле во живо да се впуштат во авантура. Многу е веројатно дека тоа што е напишано тој никогаш не би можел да ги изговори тет а тет на некоја жена. Интернетот ни дава некоја привидна моќ, не прави да се чувствуваме попаметни отколку што реално сме, ни дозволува за нас да изградиме пред другите слика за тоа какви сакаме да бидеме а не слика за тоа какви реално сме. Тоа понекогаш може да даде „крила“ но јас искрено не верувам дека некој со такви крила може да полета од семејното гнездо. Грешка ти е тоа што не планираш првин да разговараш со сопругот. НАјдобро е да видиш што тој вистински чувствува за таа виртуелна ситуација. Дали ја пренел во реалноста или не. Можно е целата приказна да завршува тука, пред компјутер, каде и ти се наоѓаш во моментот. Секое добро.




brineta88 -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:08:47)

Проблемот е во тоа што не се работи за непозната жена, се работи за девојче од 19 години од нашето место, јас ја знам.
Маж ми далеку од тоа да е неизживеан, си имал он еден куп девојки и не е срамлив тип. Тој што мисли кажува.
Секој викенд излегува во еден кафич во близина, каде што знам со сигурност дека и таа излегува. Не можам со 100% сигурност да кажам дали нешто се случило, ама преку пораките како да има.
Пораките се незнам како да ви кажам понижувачки за секоја жена би биле верувајте. Не би сакала да навлагам во детали ама верувајте многу сум повредена од зборовите напишани од мм.
Како да е малку ова му се случува втор пат. Првиот пат исто преку фб ама му простив разговаравме. рече дека нема да се повтори.
И сега ова.




brineta88 -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:10:21)

Јас ќе разговарам со него, нема да помине така лесно. Тој моментално не е дома, вечер обавезно ќе разговараме, иако мислам дека е залудно, нему памет не му доаѓа




Sandric -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:14:41)

Toa e veke druga rabota, dokolku maz ti si ima istorija so slicni problemi togas imas gooolem problem[sm=zmeden.gif]
neblagodarno e bilo sto da te sovetuvame nie od strana ama ponizuvacki e nekoj da te izneveruva i za toa site da znaat osven ti, a posebno ako se slucuva vtor pat.




Maca25 -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:19:58)

Уф тешка работа е ова. Бринета не попуштај, ако ова веќе еднаш се случило, покажи му дека ако продолжи вака (а продолжил) дека може тебе лесно да те изгуби. Седни го пред PCи покажи му што се си прочитала. Ако треба соочи го и со девојчето.




temjana -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:24:54)

Освен подршка да ти дадеме, неможеме а немаме ниту право да те советуваме за било што. Биди силна и верувај во себе, колку и да звучи сега во овој момент сето тоа небитно верувај дека ќе го пребродиш ова. Впрочем ние жените што се не пребродуваме во текот на нашите животи и повторно застануваме на нозе, такви сме создадени од бога навидум кревки а всушност премногу јаки. Со тебе сме сите и те молам немој само да ја изгубиш самодовербата, никој не е вреден за тоа




brineta88 -> RE: Неверство преку интернет (13.9.2011 11:47:46)

Фала ви за поддршката.
Јас веќе испланирав што да направам па ќе видиме што ќе се случи.




Pepelaska * -> RE: Неверство преку интернет (7.11.2011 13:14:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Интернетот создава илузија, се развиваат чувства и создаваат многу јаки врски.
Сепак, мислам дека треба нешто во бракот да шкрипи за еден од сопружниците да се впушти и во ваков тип на неверство.


Се согласувам треба да чкрипи нешто.Не сакав ова со никој да го споделам ама многу многу ми е тешко, во мојов брак нешто ептен чкрипи.Изгубив надеж за се апсолутно.И читам дека сте пишувале само ако мажите изневерат преку нет.А што ако на нас жените ни се јави некој одамна заборавен пријател со кој сте немале ништо а сепак постоела некоја хемија? Тој слободен а вие мажена и несреќна? Убав муабет, виртуелни насмевки и прашања Што ако беше нешто?




miana -> RE: Неверство преку интернет (7.11.2011 13:21:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Интернетот создава илузија, се развиваат чувства и создаваат многу јаки врски.
Сепак, мислам дека треба нешто во бракот да шкрипи за еден од сопружниците да се впушти и во ваков тип на неверство.


Се согласувам треба да чкрипи нешто.Не сакав ова со никој да го споделам ама многу многу ми е тешко, во мојов брак нешто ептен чкрипи.Изгубив надеж за се апсолутно.И читам дека сте пишувале само ако мажите изневерат преку нет.А што ако на нас жените ни се јави некој одамна заборавен пријател со кој сте немале ништо а сепак постоела некоја хемија? Тој слободен а вие мажена и несреќна? Убав муабет, виртуелни насмевки и прашања Што ако беше нешто?

Pepelaska ti si za na onaa tema - duhovi od minatoto....
Losooo,ne sakam ni da pomislam kako ti e ili vo kakvo iskusenie se naogas...Obidi se da go ispravis brakot pa ako ne vredi baraj drugo resenie...Ne si pravi problemcinja poveke




kikicka -> RE: Неверство преку интернет (7.11.2011 14:31:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Интернетот создава илузија, се развиваат чувства и создаваат многу јаки врски.
Сепак, мислам дека треба нешто во бракот да шкрипи за еден од сопружниците да се впушти и во ваков тип на неверство.


Се согласувам треба да чкрипи нешто.Не сакав ова со никој да го споделам ама многу многу ми е тешко, во мојов брак нешто ептен чкрипи.Изгубив надеж за се апсолутно.И читам дека сте пишувале само ако мажите изневерат преку нет.А што ако на нас жените ни се јави некој одамна заборавен пријател со кој сте немале ништо а сепак постоела некоја хемија? Тој слободен а вие мажена и несреќна? Убав муабет, виртуелни насмевки и прашања Што ако беше нешто?


Минатото зад себе ,никогаш не се прашувај што ако беше....ако било немало да имаш тоа што го имаш покрај себе ....можеби уште полошо ќе било.....можее па подобро ...така да остави не размислувај тоа е некоја заборавена искричка што ти дозволуваш уште да гори ,не ја разгорувај ....заборави и размислувај што ако се потрудиш да откриеш што се случува твојот брак и што ќе биде ако не интервенираш на време и да ги поправиш нештата....Dont worry be happy И се ќе биде во ред.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>