Emi79 -> RE: Вештачко оплодување III дел (1.9.2012 13:08:00)
|
Здраво дечки , да се јавам на рапорт [sm=smiley1.gif] за сега се е во ред , ќе чекаме уште малце , на 11-ти треба да правам тест и така , пробувам да не мислам на тоа оти паники ме фаќаат а помислам ... Ви посакувам од срце на сите позитивни резултати и само среќичка да ве прати и се ќе биде во ред. Имаше прашање во врска со документите од ФЗО, од искуство можам да кажам дека понекогаш прават превиди во документите - и на нас ни се случи да ни бараат документ што веќе сме го доставиле заедно со другите документи , ама едно ќе кажам - мора да си упорен па и досаден , да им ѕвониш ако треба и по 100 пати за да ја истераш работата до крај - на веб стр. имаат објавено тел. од докторите во комисија и на тие броеви ѕвоневме и за 1 месец добивме ваучер, значи само УПОРНО И БЕЗ ОТКАЖУВАЊЕ! За ампулите МЕНОГОН прочитав - и јас ги примав вториот пат , нови биле , д-р рече дека се подобри од фостимонот пошто освен ФСХ содржат и ЛХ значи освен што го стимулираат создавањето на фоликулите исто така и нивното зреење во јајце клетки. Инаку ИВФ двата пати го правевме кај д-р Органџиски и сме презадоволни од целиот третман и сето залагање на целиот тим , значи се гледа дека од срце се залагаат за секој пациент иако имаат бајаги работа. Јас се распишував девојки , доста е [sm=smiley36.gif] ви држам среќа на сите, се пишеме наскоро. Позззззз ве [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|